Забава
Новогодишни патувања

Доколку претстојните новогодишни празници одлучите да ги поминете надвор од Македонија, постојат неколку навистина привлечни и блескави светски метрополи или пак, некои егзотични дестинации, каде цените се значително пониски за разлики од претходните години
Сафари низ СахараВистинска пустинска авантура на прагот на Сахара. Неколкудневниот престој во туристичкиот град Хамамет во Тунис можете да го збогатите со тродневно сафари со џипови низ пустината. Сафарито нуди посета на оазите Чебик и Тамерз, посета на берберската населба во Матмати и превоз на кочии во Тозеур.За љубителите на пустината и егзотичниот арапски свет секогаш е привлечно Мароко, потоа Јордан, земјата на бедиуни, планини и плажи, храмови и културни богатства.
За вечните романтичари и ноќни талкачиЗа мегаломаните најпривлечни секогаш се Барселона, Рим, Париз и Лисабон кои во празничните денови изобилуват со секаков вид на забава, концерти, преполни клубови и дискотеки, па пред вечерното излегување за Нова Година треба добро да размислите каде ќе ја поминете вечерта и што се‘ би пропуштиле ако не го направите вистинскиот избор.
Блиску до домаЗабавата е одлична и во источниот дел на Европа и можност да се посетат Прага, Краков и Будимпешта кои секојдневно отвораат нови места за новогодишниот помин или, пак, кај нашиот северен сосед, во Белград, кој неодамна беше прогласен за град со најдобар ноќен живот од страна на светскиот туристички водич „Lonely Planet“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) „Убиствен“ фустан на нејзиното голо тело – спектакл

Дуа Липа денеска полни 30 години, а својот роденден го слави, поминувајќи речиси секоја вечер на Ибица, каде што ужива со својот вереник, актерот Калум Тарнер.
За уште една посебна вечер и луда забава, таа носеше сребрен фустан кој ги воодушеви нејзините следбеници, и кој открива повеќе од сè друго што го крие – без претерување.
Станува збор за металик сребрен фустан кој толку многу светка што „болат очите“, но е исто така толку смел и провокативен што нејзините следбеници ѝ простија сè.
Фустанот е од GCDS и е направен специјално за пејачката, а таа носи сребрени сандали од Pifer и златен и сребрен накит од Schiaparelli, Shay и Tiffany & Co.
Жените се воодушевени од ова парче за вечерно излегување, а следеа низа комплименти за изгледот на пејачката.
Дуа Липа исто така воодушевува со своите модни избори во последните денови, особено во белата тоалета, а обожаваше и да позира во бикини со точки, јасно ставајќи до знаење дека навистина ги следи модните трендови.
Забава
(Видео) Најубавата статуа на Исус Христос е под вода: снимките се нереални

Меѓу приказните што ги поврзуваат морето, верата и уметноста, малкумина се попознати од онаа на Христос од Бездната.
Тоа е бронзена статуа што стои седум децении на дното на морето, во близина на Џенова, со раширени раце и лице свртено кон површината.
Статуата е поставена во 1954 година во заливот Сан Фрутуозо, помеѓу Џенова и Портофино, и е висока 2,5 метри.
Идејата ја дал нуркачот Дулио Марканте, во чест на неговиот пријател Дарио Гонзати, пионер во нуркањето кој починал, пренесува Индекс.
Проектот го реализираше скулпторот Џудо Галети, а уникатноста лежи во материјалот – бронзата е добиена со топење стари бродски ѕвона, делови од подморници и други донирани метали.
Исус Христос стои на пиедестал, со раширени раце и поглед кон површината, што симболизира помирување, надеж и врска помеѓу човекот и морето.
За нуркачите, тоа стана еден вид заштитник, а за аџиите потсетник дека дури и во тишината на морските длабочини има место за духовност.
Христос од бездната се наоѓа на длабочина од 17 метри, што го прави достапен за рекреативни нуркачи. Местото сега е едно од најпосетуваните места за нуркање во Италија, а со текот на времето стана симбол на целиот регион.
Забава
(Фото) Обожавателите и се потсмеваа на прекрасната бринета: „Изгледа како алуминиумска фолија“

Актерката Дакота Џонсон е позната како дама која обожава да се облекува секси, а да не зборуваме за ризични модни комбинации.
Сепак, таа неодамна го шокираше светот избирајќи фустан кој е многу сличен на еден предмет што често го користиме во нашите домови.
Имено, Дакота присуствуваше на премиерата на филмот Splitsville, а фустанот привлече внимание, секако. Познатата убавица одлучи да носи сребрена креација од модната марка „Гучи“.
Макси фустанот има отворени рамена и специфична металик нијанса. Фустанот предизвика поплава од коментари, а многу корисници дури го споредија и со алуминиумска фолија.
Коментари како: „Изгледа како тортиља завиткана во фолија“, „Каква е ова фолија од фустан?“, „Изгледа убаво дури и во фолија“, „Изгледа како алуминиумска фолија“, беа забележливи на социјалните мрежи.
Што се однесува до остатокот од нејзиниот стајлинг, таа се одлучи за природни нијанси на шминка, дискретни додатоци и брановидна фризура што ѝ паѓаше по грбот.
фото: принтскрин