Забава
Како треба да се хранат брeмените жени?
Бременоста е деликатна фаза од животот на секоја жена. Телото трпи промени, умот трпи промени, логично е и исхраната да трпи промени
Мит е дека треба да јадете како за двајца, но факт е дека менито мора да изобилува со здрава храна.
За да не мора да лутате и да се прашувате што смеете, а што не смеете да ставите во уста, направивме водич за вашата 9-месечна исхрана.
Храна што треба да ја консумирате!
Во текот на бременоста, одредени хранливи состојки се трошат премногу брзо. Едноставно се исцрпуваат за градење на новото суштество. Тука мислиме на:
Фолната киселина се препишува на самиот почеток на бременоста. На природен начин можете да ја земете преку темните зеленчуци, а по вештачки пат преку готовите таблети кои ги има во секоја аптека.
Зеленчукот и месото се извор на железо кое не смее да варира во бременоста. Месото е поголем извор за разлика од зеленчукот, но недостатокот е многу подобро да се надомести преку готов суплемент, отколку да изедете дупла доза месо. Сепак мора да се внимава и на мастите, а особено на холестеролот.
Калциумот и витаминот Д се неопходни и за мајката и за детето. Детето за да се развие, ќе ги црпи сите резерви од мајката. Но, ако мајката остане без калциум може да има проблеми со забите и да заболи од остеопороза. Затоа освен млеко, добро е да пиете и калциум преку таблети.
Преку овошјето и зеленчукот ќе ги задоволите потребите од останатите витамини и минерали, како витаминот А и Ц. Значи не постои зеленчук и овошје од кој треба да се откажете.
Храна што треба да ја избегнувате!
Нормално дека на прво место е алкохолот. И минималните количества алкохол може да предизвикаат предвремено породување или деформации на плодот.
Ограничете го количеството на кофеин. Дневната доза не смее да биде повеќе од 300 милиграми. Истото правило важи и за теинот. Што значи дека не смеете да претерувате и со пиењето чај. Една шолја чај во денот е сосема доволно.
Ограничете го холестеролот на 300 милиграми дневно. Од вкупно внесените калории во текот на денот, само 30 % треба да бидат масти. На пример, ако дневното внесување на калориите изнесува 2000, 65 грама треба да бидат масти.
Не секоја риба се препорачува на трудниците. Ајкулата, сабјарката и рибите од овој тип содржат висок процент на амалгам кој може да биде штетен.
Избегнувајте меки сирења и фета. Тие не се високо пастеризирани и може да предизвикаат инфекција. Тврдото сирење, кашкавалот и јогуртот се добредојдени.
Храна што треба да ја консумирате кога не се чувствувате добро!
Утринските мачнини, дијарејата, тврдата столица се вообичаени симптоми на бременоста. Под дејство на хормоните секоја жена различно реагира. Некои не можат да сопрат со јадење, додека други немаат никаков апетит.
За утринските мачнини јадете: солени бисквити, житарици или переци. Во текот на денот консумирајте послаби, но почести оброци. Избегнувајте мрсна и пржена храна.
За тврдата столица јадете: поголеми количества зеленчук и овошје. Пијте повеќе вода и јогурт.
За дијареа јадете: повеќе производи кои содржат пектин, како банани, ориз, варен компир, овес и двопек.
За срцебиењето јадете: чести, но слаби оброци. Пред секој оброк пијте чаша млеко, и исклучете го кофеинот дури и оној кој го има во кока колата.
Храна што треба да ја консумирате ако сте вегетаријанец!
Вегетаријанскиот начин на исхрана може да продолжи и за време на бременоста. Но, морате двојно да ги зголемите хранливите состојки. Што значи повеќе протеини и калории, дупли дози на овошје и зеленчук. Недостатокот од месо може да се надополни преку витаминот Б12 и фолната киселина. Но, ако сакате детето правилно да се развие не смеете да ја избегнувате секоја храна од животинско потекло. Млекото и јајцата се неопходни во бременоста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

