Забава
Што може да ги согори мастите?
Некои од прехрамбените производи помагаат при согорување на масните наслаги и полесно оформување на витка става. Еве листа на на производите кои помагаат при растопување на масните наслаги
ЦвеклоЦвеклото го поттикнува метаболизмот и е особено важно за согорување на мастите. Железото и фолната киселина го снижуваат нивото на маснотиите во крвта, така што се избегнува нивното таложење. Најдобар начин да се искористат хранливите состојки од цвеклото е неговиот сок да се измеша со сок од портокал или морков, зашто витаминот Ц го поттикнува дејството на железото во организмот.ЖитоЛешниците и житото содржат огромно количество магнезиум, кој ја поттикнува размената на материите во организмот. Со тоа се зголемува потрошувачката на енергијата, а на тој начин се трошат и мастите и не доаѓа до нивно таложење. Друг извор на магнезиум е и квалитетна минерална вода, која треба да се пие секојдневно.АнанасАнанасот има исклучително дејство на организмот. Тој содржи огромно количество биосостојки, а го има и важниот ензим бромелин, кој ја поттикнува размената на материите, како и разградувањето на мастите. Тој тропски плод го поттикнува лачењето на течностите од организмот, со што се затегнуваат врзивните ткива. Бромелинот е активен само во свежото овошје, па затоа се препорачува да се јаде зрел ананас, кој содржи и многу витамини.ПапајаТоа егзотично овошје е богато со здрави активни состојки. Папајата е најбогата со витамин Ц, кој го забрзува разградувањето на мастите и ослободувањето од штетните состојки, така што се препорачува за поефикасно отстранување на масните слоеви.Црн пиперСигурно сте забележале дека кога ќе изедете нешто луто, ви станува жешко и нагло се препотувате. Топлината е многу корисна зашто ја подобрува циркулацијата, ги отвора порите и ја поттикнува размената на материите, нешта што се многу корисни во процесот на разградување на мастите. Покрај црниот пипер, слично вакво дејство имаат и зачините кари, чили и црвен пипер, кои се многу поздрави од солта и треба редовно да се консумираат.ЦелерЦелерот има специфичен вкус и содржи многу етерични масла и калиум, кои го забрзуваат варењето на храната и размената на материите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Генијален трик со кибрити ќе ја спаси секоја билка што вене
Ставањето кибрити во саксија можеби ви звучи како суеверие, но зад овој трик стои и наука. Со негова помош можете да одгледувате поздрави растенија кои побрзо ќе цветаат и ќе даваат плодови.
Доколку вашите билки и собни растенија не напредуваат, иако имаат доволно светлина и топлина, причината може да биде недостиг на есенцијални минерали во почвата или присуство на штетници.
Поставувањето кибрити во земјата околу растенијата во саксии создава средина што ги одбива штетниците, а истовремено ги „храни“ растенијата со неопходни минерали.
Кибритите содржат фосфорен сесквисулфид, калиум-хлорид и мали количини магнезиум и железни оксиди. Некои видови содржат и црвен фосфор.
Сулфурот во кибритите помага во борбата против штетници без употреба на хемикалии штетни за луѓето, додека калиум-хлоридот и црвениот фосфор делуваат како дезинфициенс и природен пестицид и се сметаат за безбедни за употреба, наведува „Ask Prepper“.
Често е тешко да се одреди точната количина ѓубриво за растенијата. Тие најдобро напредуваат со почести и помали дози, што бара редовна рутина.
Растенија како бамја, модар патлиџан и пиперки се особено зависни од хранливите материи во почвата, но и чувствителни на нивната рамнотежа. Прекумерна количина азот од хемиски ѓубрива може да доведе до буен раст на листови, но без цветови и плодови.
Користењето кибрити како природно ѓубриво ги елиминира овие проблеми. Со редовно наводнување, влагата постепено ги раствора главите на кибритите, ослободувајќи сулфур, фосфор и магнезиум, кои ги хранат растенијата.
Фосфорот и фосфорниот сесквисулфид го поттикнуваат развојот на пупки. Доволно е да забодете 10 до 20 кибрити во земјата, така што главите да бидат добро закопани. Најдобро е тие да се постават на половина растојание меѓу работ на саксијата и стеблото. Не ги ставајте премногу блиску до стеблото за да не го оштетите коренот.
pexels
Забава
Застани и погледни каде си: хороскоп за последните денови од 2025
Последните денови од 2025 година не носат големи ветувања, туку тивка, но силна порака – застанете и погледнете каде сте. Ова е период на затворање циклуси, внатрешни пресметки и свесно отпуштање на сè што ве исцрпува. Малите одлуки сега имаат долгорочно влијание.
Ова не е време за пасивно чекање, туку за активна лична одговорност, јасност и искреност кон себе.
Овен – Успорување и поставување граници. Помалку обврски значат повеќе енергија.
Бик – Вредности и пари. Крај на трошоци и односи што не ве почитуваат.
Близнаци – Комуникација. Искрен разговор носи олеснување.
Рак – Емоционален баланс. Учите да не ги носите туѓите грижи.
Лав – Идентитет. Престанувате да се докажувате – суштината останува.
Девица – Здравје и рутина. Мали промени носат брзи резултати.
Вага – Односи. Бирате мир и стабилност, не компромис по секоја цена.
Шкорпија – Контрола. Ослободувањето носи вистинска сила.
Стрелец – Насока. Ги преиспитувате целите и правите искрен избор.
Јарец – Одговорност кон себе. Балансот станува подеднакво важен како и обврските.
Водолија – Иднина и планови. Идеите сега стануваат темел за 2026.
Риби – Внатрешен глас. Интуицијата води – тишината носи одговори.
Забава
„Зooтопија 2“ стана најпрофитабилен холивудски филм за 2025 година
Вториот дел од приказната на неочекуваното дуо, „Зоотопија 2“, е официјално најпрофитабилниот холивудски филм за оваа година.
Анимираното продолжение на Дизни , преполно со животински ликови, веќе достигна импресивни 1,13 милијарди долари светски приходи само 20 дена по премиерата, победувајќи го римејкот на „Лило и бод“, кој заврши со 1,03 милијарди долари.
Сепак, надвор од Асоцијацијата на филмски уметници, кинескиот анимиран блокбастер „Не Жа 2“ останува најголемата заработка во 2025 година со огромни 1,9 милијарди долари.
depositphotos

