Забава
Почина младата актерка Бритaни Марфи

Американската aктерка Британи Марфи, која глумеше во познатите филмови како „Clueless“ и „Girl Interrupted“, почина во Лос Анџелес во неделата од срцев арест во нејзината бања, објавија официјалните власти. Таа имаше 32 години
Марфи е прогласена за мртва во Седарс – Синаи Медицинскиот Центар во 10 часот наутро (18.00 GMT), два часа откако нејзината мајка ја пронашла без свет во бањата во холивудскиот дом на актерката. Сега-засега официјалниот став на властите е дека смртта не е настаната во сомнителни околности, но сепак аутопсијата ќе биде извршена во следните неколку дена, објави Ројтерс.Американскиот таблоиден портал TMZ, кој прв ја соопшти веста, наведе дека во неделата имало „големо количество повраќаница“ во бањата на актерката. Наведено е дека Марфи во последните неколку дена земала медикаменти за „симптоми на грип“ и дека имало многу лекови низ куќата. Се’ уште нема реакција од публицистот на Марфи, но беше дадена официјална изјава од нејзината фамилија: „Ненадејното губење на нашата сакана Британи е оргомна трагедија. Таа беше наша ќерка, сопруга, наша љубов и наша ѕвезда. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност во ова тешко време“.Марфи глумеше во филмови наспроти Мајкл Даглас, Ештон Качер, Еминем и Анџелина Џоли, но не успеа да го достигне нивното ниво на успех. Во последните години, таа работеше претежно во нискобуџетни филмови и нејзиниот изглед предизвикуваше многу озборувања во јавноста за нејзиното здравје.„Денес, светот изгуби мало парче од сонцето. Се гледаме на другата страна, малечка“, напиша на својата Твитер страна, Ештон Качер, поранешно момче на познатата ѕвезда.Марфи беше родена во Атланта на 10 ноември 1977 г., а израсната во Њу Џерси. Придружувана од нејзината мајка, таа се пресели во Лос Анџелес во раните деведесетти во потрага во успех и слава. Таа својот деби-успех го постигна играјќи во познатата комедија „Clueless“ заедно со Алиша Силверстон. „Отсекогаш се чувствував поврзана со неа бидејќи делевме едно специјално искуство во нашите животи. Чувствувам љубов за неа и се надевам дека е на подобро место. Ова е навистина тажно“, изјави Силверстон за магазинот Пипл.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Сè на неа е широко, а сепак е неверојатно секси

Многумина велат дека пејачката Никол Шерцингер е најжешката и најубавата жена на светот, а мажите се согласуваат дека таа е сигурно една од најпосакуваните дами на јавната сцена денес.
Годините навистина не ѝ можат ништо, а тоа го покажа и на овогодинешната Мет Гала, кога се појави во црно-бела комбинација, а за оваа пригода реши да ги истакне своите адути со длабоко деколте.
Никол изгледаше беспрекорно таа вечер, а неколку дена подоцна се појави во сосема поинаква, но не помалку интересна облека.
Ова е настанот „Meet the Nominees“ како дел од 78-то доделување на наградите „Тони“, кои се доделуваат за достигнувања во американскиот театар.
За овој настан, Никол избра лабав миди фустан од Каролина Херера, и иако беше облечена лежерно, не успеа да ја скрие својата одлична фигура.
Со фустан со широки ракави и лабав крој, украсен со големо копче, таа носеше беж чевли со високи потпетици, а својот заводлив изглед го запечати со модерна висока пунџа и малку поизразена шминка.
Забава
(Фото) Без разлика што носи, таа секогаш ќе ја истакне својата витка фигура: „џебната Венера“ повторно доминира

Актерката Ева Лонгорија, која неодамна организираше забава по повод 50-тиот роденден, беше фотографирана во сосема обично излегување во Париз.
Фотографите веднаш ја забележаа омилената џебна Венера и брзо го фотографираа нејзиниот необичен изглед во јавноста.
Наместо шик комбинација што познатите личности генерално избираат за очите на јавноста, Ева се одлучи за малку полежерна опција. Некои дури би рекле дека се облекла „за низ дома“.
Актерката носеше беж облека – плетено макси здолниште и џемпер во ист стил. Стајлингот го комплетираше со шминка во „нуд“ тонови, како и со брановидна фризура.
Ева уште еднаш докажа дека модните правила не важат за неа, и дека дури и најобичната комбинација на облека може да биде вистинскиот избор за јавноста… А како би можела да не биде кога има ваква фигура?
Забава
Доктор Оз измисли чудотворен пијалок: изгубете 7 килограми за само 3 дена

Докторот Мехмет Оз, по потекло од Турција, стана познат по својот план за детоксикација, според кој можете да изгубите до седум килограми за само три дена.
Неговиот пијалок за слабеење се состои од мешавина од вода, зелен чај, сок од лимон, краставица, нане и кајенски пипер, и тој тврди дека е „испробан и тестиран за да му помогне на телото да се врати на вистинскиот пат со процесот на слабеење“.
Планот вклучува пиење четири или повеќе чаши детоксикациска вода за да се забрзаат резултатите додека се јаде здрава храна, а докторот тврди дека нема да чувствувате глад. Една од главните цели на детоксикацијата со вода е чистење на цревата на здрав начин.
Детоксикацијата е особено важна бидејќи многу луѓе се преоптоварени со токсини апсорбирани од остатоци од пестициди во храната, загадениот воздух и други извори.
Црниот дроб честопати не може доволно брзо да ги филтрира овие токсини, што доведува до нивно складирање во масните клетки. Како што токсините се елиминираат од телото, мастите се согоруваат побрзо. Антиоксидансите присутни во зелениот чај, исто така, можат да го забрзаат метаболизмот за 35 проценти.
Рецептот за овој моќен пијалок вклучува пет чаши ладна филтрирана вода, три чаши силен зелен чај (сварен и изладен), една средна краставица со кора исечена на парчиња, сок од половина лимон, четвртина чаша свежи листови од нане и половина лажичка кајенски пипер во прав. Сите состојки се мешаат и се оставаат во фрижидер, а се препорачува да се пие еден час пред оброците.
Покрај детоксикацијата, д-р Оз советува и придржување кон исхрана што вклучува непреработена храна, здрави масти, висококвалитетни протеини и овошје и зеленчук богати со растителни влакна и антиоксиданси за да се постигнат најдобри резултати во процесот на слабеење.
Мехмет Оз е роден на 11 јуни 1960 година во Кливленд, Охајо, САД. Иако по потекло е од Турција, тој дипломирал на Универзитетот Харвард во 1982 година и станал познат како кардиохирург.