Забава
Се очекуваат резултатите од аутопсијата на Британи Марфи
Аутопсијата на телото на актерката Британи Марфи беше комплетирана во понеделникот, но властите велат дека точната причина за смртта нема да се дознае се додека не се завршат токсиколошките тестови односно за четири до шест недели, објави Ројтерс
Веднаш после смртта на познатата холивудска актерка, се раширија гласините дека таа починала од анорексија или предозирање со одредени лекови. Нејзиниот маж, британскиот сценарист Симон Монџак, изјави за Access Hollywood дека актерката имала ларингитис и недела наутро бил еден „обичен ден“ во нивниот дом пред да ја пронајдат несвесната Марфи во бањата.„Нејзината мајка Шерон влезе во бањата бидејќи Британи беше внатре долго време. Мајка и почна да вреска по мене а јас почнав да трчам. Потоа се јавив на 911. Мојот свет беше уништен вчера,“ изјави Монџак.Американскиот таблоиден портал TMZ, кој прв ја соопшти веста, наведе дека во неделата имало „големо количество повраќаница“ во бањата на актерката и дека биле забележани многу лекови низ куќата. Медиумите се потсетуваат на исцрпената појава на Марфи во последните неколку недели. US Weekly објави фотографија на нивниот веб сајт од нејзиното последно појавување на црвениот тепих во Лос Анџелес на 3 декември, каде актерката носеше фустан без ракави кој ги покажа нејзините слаби раце и нозе.Во 2005, Марфи ги негираше гласините дека има нарушување на исхраната или дека нејзиниот губиток на тежина има врска со користење на кокаин. Марфи глумеше во познатите филмови како „Clueless“, „Girl Interrupted“ и „8 Mile“ наспроти Мајкл Даглас, Ештон Качер, Еминем и Анџелина Џоли, но не успеа да го достигне нивното ниво на успех. Во последните години, таа работеше претежно во нискобуџетни филмови и нејзиниот изглед предизвикуваше многу озборувања во јавноста за нејзиното здравје.Марфи беше родена во Атланта на 10 ноември 1977 г., а израсната во Њу Џерси. Придружувана од нејзината мајка, таа се пресели во Лос Анџелес во раните деведесетти во потрага во успех и слава. Својот деби-успех го постигна играјќи во познатата комедија „Clueless“ заедно со Алиша Силверстон. Почина на само 32 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Вратата ја удри Ријана, нејзината реакција стана хит
Поп-ѕвездата Ријана доживеа мала незгода при излегување од хотел во Њујорк, кога вратата ја удри бидејќи телохранителот не ја придржал. Ситуацијата е снимена и видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.
Ријана реагираше во свој стил – се насмеа и му дофрли на телохранителот: „Баш сте џентлмен“. На интернет се отвори дебата – некои сметаат дека тој требало да ѝ помогне, други дека тоа не е негова работа. Сепак, повеќето се согласија дека пејачката само се пошегувала.
Rihanna reacts to being hit by a door after her bodyguard fails to hold it:
“Such a gentleman you are.”
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) January 17, 2026
Забава
(Видео) Хурем и Сулејман повторно заедно – по 12 години од серијата, блеснаа на црвениот тепих
По 12 години од крајот на снимањето на популарната серија Сулејман Величествениот, актерите Мерјем Узерли (Хурем) и Халит Ергенч (Сулејман) се појавија на ист настан — доделувањето на наградите Joy Awards во Ријад, Саудиска Арабија.
Мерјем блескаше во долга, богато украсена креација на Khaled & Marwan, наликувајќи на вистинска султана. Со изборот на облека таа ги испочитува културните норми на земјата-домаќин.
View this post on Instagram
На настанот присуствуваа и светски ѕвезди како Мили Боби Браун (која доби признание за личност на годината) и пејачката Кејти Пери, која ја отвори церемонијата.
Мерјем и Халит се најдоа во исти кадри и на видеото кое актерката го објави на стори на „Инстаграм“, што дополнително ги разгоре шпекулациите за нивната блискост.

Халит Ергенч се појави на настанот со својата сопруга, актерката Бергузар Корел, со која денес имаат три деца и заедно ја надминале брачната криза од минатото.
Фото насловна: „Сулејман величествениот“ – промотивен материјал
Забава
Директорот на „Рајанер“ и Илон Маск си разменија навреди: „Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“
Јавна расправија со навреди изби меѓу Илон Маск и извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, откако О’Лири во интервју за ирското радио „Њусток“ го нарече Маск идиот и ја нарече неговата социјална мрежа „Икс“ – септичка јама. Причина за конфликтот е одлуката на „Рајанер“ да не ја користи ви-фи услугата „Старлинк“ во своите авиони.
„Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“, рече О’Лири.
Маск реагираше на „Икс“, нарекувајќи го О’Лири целосен идиот и побара да биде отпуштен. Во друга објава додаде: „Отпуштете го овој имбецил“, обвинувајќи го дека погрешно ги проценил ефектите на „Старлинк“ врз потрошувачката на гориво.
Во расправијата се вклучи и официјалниот профил на „Рајанер“ на „Икс“, кој го исмеа Маск поради прекин на платформата: „Можеби вам ви треба ви-фи, @elonmusk?“
perhaps you need Wi-Fi @elonmusk? https://t.co/eq82qcLqKv
— Ryanair (@Ryanair) January 16, 2026
О’Лири изјави дека „Старлинк“ не е практичен за нискобуџетните летови на кратки релации, бидејќи надворешните антени ја зголемуваат аеродинамичната отпорност и трошат повеќе гориво – до 2 проценти повеќе, што би чинело стотици милиони долари годишно.
Маск ги оспорува овие податоци, тврдејќи дека веќе постојат авиокомпании кои летаат со авиони опремени со „Старлинк“ и дека високобрзинскиот интернет ќе стане пресуден за изборот на патниците.

