Забава
Чудо на Божик, оживеале мајка и син

Мајката и детето умреле при породување, но за среќа оживеале, објави во вторникот американската телевизија KKTV
Ова чудо и среќен крај на една бременост се случило во Меморијалната болница во Колорадо Спрингс, во сојузната американска држава Колорадо. Според лекарите кои ги анимирале мајката и штотуку роденото бебе, овој случај претставува реткост која може да се спореди со вистинско чудо. Имено, претходно изгледало дека лекарите безуспешно вршат реанимација врз родилката Трејси Хермансторфер која починала пред да се породи, па се обиделе со царски рез без анестезија да го извршат породувањето. „Има само едно објаснување. Се надевав дека барем еден од нив двајцата ќе остане со мене, а не двајцата. Тоа е вистинско чудо“, рекол сопругот и татко Мајк Хермансторфер. Како што рекол за телевизијата, на Бадник на Трејси и’ пукнал водењакот, па отишле во болницата мислејќи дека ќе биде рутинско породување како што било претходно со нивните два сина.Трејси во болницата добила застој на срцето и како што вели нејзиниот сопруг била студена и помодрена. Директорката на болницата др. Стефани Мартин за телевизијата потврдила дека жената била мртва, без отчукувања на срцето и не дишела. Потоа се решиле додека вршат анимација да извршат и спасување на бебето во операционата сала, а според Мартин откако го извадиле детето на Трејси почнал да и’ се враќа пулсот. Меѓутоа, бебето не дишело и тие додека се подготвувале за негова реанимација го дале во рацете на таткото кој цело време бил до сопругата. Мајк вели дека бебето родено со 3,3 килограми и 48 центиметри должина кое го крстиле Колтин, било повратено во живот додека било во неговите раце. Бебето и мајката се чувствуваат добро и по неколку дена, а лекарите се’ уште не ги знаат причините за застојот нa работата на срцето на Трејси, но за KKTV рекле дека се сигурни дека и двајцата нема да имаат сериозни последици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Шарлиз Терон призна: „Имав секс со 26-годишник, беше неверојатно“

Актерката Шарлиз Терон отворено проговори за својот сексуален живот и за врската од една вечер, што ја имала со помлад маж.
Терон се појави во подкастот „Call Her Daddy“ каде што и кажа на водителката дека таа ноќ ќе ја памети долго време.
„Имав можеби три авантури за една ноќ во целиот мој живот, но неодамна имав секс со 26-годишник. Беше неверојатно. Никогаш порано не сум го направила тоа. Си реков: О, ова е одлично“, рече таа.
Шарлиз исто така рече дека стекнала новооткриена самодоверба кога станува збор за секс во последната деценија, но дека сè уште верува дека е „последната личност“ на која може да се обрати за совет за сексуални врски.
Забава
Пејачката Данијела Мартиновиќ среќно вљубена во новиот партнер

Данијела Мартиновиќ објави фотографии со својот партнер Јосип Плавиќ на Инстаграм.
Таа стави емотикон во облик на срце во описот на објавата. Многумина напишаа во коментарите дека Данијела и Јосип се прекрасен пар и дека им посакуваат многу среќа.
Врската на Данијела и Јосип стана позната на почетокот на 2023 година. Данијела тогаш изјави дека го запознала Плавиќ кога нејзиниот адвокат поднел пријава за кражба на идентитет преку интернет во 2022 година. Полицијата брзо го решила случајот, а Данијела и Јосип продолжиле да се дружат. Сега градат куќа заедно.
Ова е првата јавна врска на Данијела Мартиновиќ откако ја заврши 24-годишната врска со Петар Грашo во 2021 година.
Јосип, патем, се врати на музиката на почетокот на минатата година. Тој ја напушти полицијата и повторно го обедини својот стар бенд Izvan zakona.
Забава
Шест клучни совети што да преземете ако изгорите на сонце

Колку и да сме внимателни, можно е да изгориме на сонце за време на престој на отворено, бидејќи многумина често забораваат да нанесат крема за сончање или прескокнуваат одредени делови од телото.
Затоа, доколку добиете изгореници од сонце, важно е да знаете како правилно да постапите во таа ситуација.
Основачот и директор на „Dr Medispa“, Мунир Сомџи, наведува дека, доколку дојдете до ваква состојба, најверојатно не сте ги следеле советите на дерматолозите. Во таа насока, тој споделува шест совети што мора да ги почитувате:
1. Користете ладна памучна крпа
Ставајте ладни памучни ткаенини или крпи врз изгорените делови од кожата за да ја смирите. Треба да биде чиста памучна крпа со пријатна, ладна температура, за да се намали површинската температура на кожата. Доктор Сомџи истакнува дека оваа метода помага кожата да се смири.
2. Избегнувајте активни состојки
Сомџи објаснува зошто не треба да се нанесуваат активни состојки на кожата по сериозни изгореници од сонце.
„Многу луѓе сакаат да користат производи со алое вера, дури и свежа алое вера, но тоа може да ја зголеми веројатноста за инфекција“, вели тој. Наместо тоа, препорачува производи базирани на церамиди кои содржат емолиенси, бидејќи помагаат кожата да омекне и да се смири.
Изберете состојки како глицерин, кои помагаат во хидратација и зајакнување на кожната бариера. Креми и лосиони со церамиди се одлични бидејќи создаваат заштитен слој што го спречува губењето на влага и видливи оштетувања.
3. Земете антихистаминици
Изгорениците од сонце често предизвикуваат оток, па земањето антихистаминици може да помогне да се смири воспалението и отокот на кожата.
4. Избегнувајте пилинг и лупење
Ако се обидувате да ги отстраните изгорениците со пилинг, тоа нема да помогне – напротив, може да ја иритира веќе оштетената кожа и да доведе до лузни или инфекции. Не ја допирајте ниту лупете кожата, бидејќи тоа само ќе ја влоши состојбата.
5. Држете се подалеку од сонце
Откако ќе добиете изгореници, важно е да му дадете време на телото да се опорави. Доктор Сомџи нагласува дека треба да го избегнувате сонцето во тој период.
„Дозволете ѝ на кожата да се опорави. Ѝ треба време за повторно да се врати во нормална состојба“, вели тој.
6. Користете крема со SPF
Во иднина, обидете се да се заштитите подобро. Националната здравствена служба (NHS) препорачува употреба на крема за сончање со заштитен фактор од најмалку SPF 30.
За најдобри резултати, кремата се нанесува на секои два часа, особено поради сушењето што го предизвикува сонцето. Изберете формула што е отпорна на вода ако се потите или влегувате во вода.