Контакт

Забава

Досега повеќе од 12 илјади жртви од свинскиот грип

Објавено пред

Најмалку 12.220 смртни случаи се потврдени во светот како последица од заразување со вирусот на свинскиот грип од типот А(H1N1), информираше во среда попладне Светската здравствена организација (СЗО), во соопштението во кое се нагласува дека има знаци дека пандемијата е во опаѓање

dobivaj vesti na viber

Ваквата прогноза се темели на податокот дека во последната седмица до 27-ми декември биле пријавени 700 смртни случаи, за разлика од претходната седмица во декември, кога беа регистрирани околу 1.500 што беше најголема бројка годинава кога станува збор за седмичен период. Во зивештајот натаму се додава дека вирусот е најактивен во централна и источна Европа, со посебно нагласување на извештаите од последните седмици од Грузија, Црна Гора и Украина.Во други делови на источниот и во јужниот дел на Европа,  кои се движат од Грција, Бугарија, Македонија, Србија, Украина и Русија во регионот на Урал, сите респираторни инфекции, вклучувајќи сезонски грип, се широко распространети забележуваат од СЗО. Според стручњаците на организацијата, грипот кој се појави во април и заради кој беше прогласена пандемијата на светско ниво, се чини дека нема да предизвика такви послeдици какви што се претпоставуваа, бидејќи  од респираторни инфекции при сезонски грип во светот секоја година умираат меѓу 250 i 300 илјади луѓе.Говорејќи во Женева, во вторникот, генералниот директор на СЗО, Маргарет Чан, изјави дека пандемијата иако се преземаат големи и опсежни мерки за вакцинирање на населението, нема да може да се сузбие до 2011 г. и повика на постојано претпазливост кога станува збор за овој нови тип вирус.Во најновито извештај на СЗО се наведува дека во западна Европа инфекцијата со свинскиот грип останува широко распространета, но болесата го достигнала макимумот. Во Северна Америка, САД, Канада и Мексико и натаму се државите со најголем број заразени и починати, но и таму се забележува значително опаѓање на овие бројки, како и во државите на Јужна и Централна Америка и на Карибите. Исто така, и во источна Азија, во Кина, Јапонија и Тајван, почнало да се намалува ширењето нa болеста.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Кејт Мидлтон зборуваше за борбата со ракот: Создавате еден вид храброст за време на третманот

Објавено пред

Од

Не сте во можност нормално да функционирате дома како што можеби сте биле навикнати, рече принцезата Кејт Мидлотон говорејќи за борбата со ракот.

dobivaj vesti na viber

Принцезата Кејт Мидлтон (43) ја посети болницата „Колчестер“ во Есекс и откри некои непознати детали за својата борба страшната болест.

Кејт објави во март минатата година дека ќе мора да се подложи на хемотерапија кога тестовите извршени по големата операција на абдоменот покажаа дека е присутна неодредена форма на рак.

Таа ја заврши терапијата во септември минатата година и сега е во ремисија.

„Создавате еден вид храброст, стоицизам за време на третманот, третманот е завршен, потоа мислите: Можам да продолжам, да се вратам во нормала, но всушност фазата по тоа е навистина… тешка“, рече Мидлтон, како што објави „Ројтерс“.

Обраќајќи се пред персоналот, пациентите и волонтерите во болницата, британската принцеза ја нагласи важноста на поддршката по третманот истакнувајќи дека иако пациентите можеби повеќе не се под клиничка нега, тие честопати сè уште се борат да функционираат нормално.

Кејт ги опиша дијагнозата и третманот на ракот како огромна животна промена и за пациентите и за нивните најблиски.

„Ова е ролеркостер, не е млазен авион“.

Принцезата постепено им се враќаше на своите кралски должности, но минатиот месец ја пропушти коњската трка Ројал Аскот, а кралски извор ја наведе нејзината потреба за одмор по третманот за рак.

„Понекогаш не го препознавате тоа, не мора нужно, особено кога е првпат, да сфатите колку големо влијание ќе има. Мора да ја пронајдете вашата нова нормалност… Но, реалноста е дека не е така, поминувате низ тежок период“, рече принцезата Кејт за време на разговор со пациенти со рак.

За време на посетата на болницата, Кејт посети и градина во која се одгледуваат некои од растенијата што им помагаат на пациентите со рак да ја поминат хемотерапијата и опиша колку природата ѝ значи велејќи: „Тоа беше мое засолниште, мој извор на сила за време на закрепнувањето“.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Шарлиз Терон призна: „Имав секс со 26-годишник, беше неверојатно“

Објавено пред

Актерката Шарлиз Терон отворено проговори за својот сексуален живот и за врската од една вечер што ја имала со помлад маж.

dobivaj vesti na viber

Терон се појави во поткастот Call Her Daddy, каде што ѝ кажа на водителката дека таа ноќ ќе ја памети долго време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CALL HER DADDY (@callherdaddy)

„Имав можеби три авантури за една ноќ во целиот мој живот, но неодамна имав секс со 26-годишник. Беше неверојатно. Никогаш порано не сум го направила тоа. Си реков: О, ова е одлично“, рече таа.

Шарлиз исто така рече дека стекнала новооткриена самодоверба кога станува збор за секс во последната деценија, но дека сè уште верува оти е последната личност на која може некој да ѝ се обрати за совет за сексуални врски.

Прикажи повеќе...

Забава

Пејачката Даниела Мартиновиќ среќно вљубена во новиот партнер

Објавено пред

Од

Даниела Мартиновиќ објави фотографии со својот партнер Јосип Плавиќ на „Инстаграм“.

dobivaj vesti na viber

Таа стави емотикон во облик на срце во описот на објавата. Многумина напишаа во коментарите дека Даниела и Јосип се прекрасен пар и дека им посакуваат многу среќа.

Врската на Даниела и Јосип стана позната на почетокот на 2023 година. Даниела тогаш изјави дека го запознала Плавиќ кога нејзиниот адвокат поднел пријава за кражба на идентитетот преку интернет во 2022 година. Полицијата бргу го решила случајот, а Даниела и Јосип продолжиле да се дружат. Сега градат куќа заедно.

Ова е првата јавна врска на Даниела Мартиновиќ по завршувањето на 24-годишната врска со Петар Грашo во 2021 година.

Јосип, патем, ѝ се врати на музиката на почетокот на минатата година. Тој ја напушти полицијата и повторно го обедини својот стар бенд „Изван закона“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ2 часа

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ2 часа

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија3 часа

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија5 часа

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија5 часа

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ6 часа

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија8 часа

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија8 часа

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија9 часа

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ10 часа

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ10 часа

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...

Македонија11 часа

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување од 2,3 процента во однос на претходната година. Според...

Регион11 часа

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет12 часа

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа13 часа

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин – Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион14 часа

(Видео) Студентите: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија14 часа

Приближно половина час се чека на Богородица и на Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија14 часа

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ1 ден

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...