Забава
Дејвид Бекам има нова тетоважа

Англиската фудбалска супер ѕвезда Дејвид Бекам ја претстави својата најнова тетоважа по завршувањето на последниот натпревар на Милан против Јувентус кој се одигра во Торино
Тетоважата на Бекам е реплика од сликата „Човекот од тага“ од сликарот Метју Брукс, и се наоѓа на десната страна од торзото, над колкот. Најновата тетоважа е вкупно 17 -та на неговото тело, а во долгата листа спаѓаат портет од неговата сопруга Викторија како и нејзиното име на Хинду јазикот на надлактицата, ангел чувар на грбот, имињата на трите синови Бруклин, Ромео и Круз, и две латински фрази. Во својата биографија „Со двете нозе на земјата“ Бекам напиша за тетоважите „Моите тетоважи се за луѓето кои се во мојот живот, моите синови и сопругата, и сакам да ги имам засекогаш на моето тело“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Познатата актерка призна: „Среќна сум затоа што немам деца“

Американската актерка Хедер Греам во ново интервју изјави дека не жали за својата одлука да нема деца. Покрај тоа, го пофали и фактот дека сè повеќе жени одлучуваат да го направат истиот чекор.
„Имаше моменти кога се прашував каков би ми бил животот ако родев. Сепак, можам да кажам дека 80 проценти од времето сум среќна што немам деца – се чувствувам слободна и добро поради тоа – а 20 проценти од времето размислувам за тоа каков би бил. Мора да го цениш животот што го имаш“, изјави таа за Гардијан.
Греам, исто така, истакна дека е среќна што сè повеќе жени отворено зборуваат за тоа дека не сакаат деца.
„Општеството те принудува да имаш деца, но зошто? Ако не си личност која постојано им угодува на другите, што всушност сакаш?“, праша таа.
Греам, исто така, откри дека поголемиот дел од нејзиниот живот бил фокусиран на исполнување на очекувањата на другите, но дека во четириесеттите години почнала да го менува својот поглед на животот и врските.
„Сфатив дека едноставно можам да се прашам што сакам и како да се направам среќна“, заклучи таа.
Греам е позната по своите улоги во бројни филмски хитови во 1990-тите и 2000-тите.
Таа доби поширока популарност со улогата во филмот „Буги најтс“ (1997), каде што играше порно актерка, а потоа се појави во комедијата „Остин Пауерс: Шпионот што ме обзеде“ (1999), како и во хорор трилогијата „Врисок 2“ (1997).
Забава
Почнува како филмска романса, а потоа доаѓа шокот: парови што се осудени на неуспех

Некои хороскопски парови едноставно не се предодредени да опстојат од самиот почеток, некои ќе плачат, а некои ќе исчезнат без трага…
Некои хороскопски парови „кликнуваат“ веднаш, додека други „кликнуваат“ како расипана запалка, понекогаш функционира, но најчесто само заискрува и останувате разочарани.
И додека ѕвездите честопати се наклонети кон романтични средби, постојат некои состаноци кои едноставно не можат да ја преживеат реалноста. Овие три хороскопски пара можеби почнуваат со оган, но честопати завршуваат со пепел.
Овен и Рак
На прв поглед, сè мириса на филмска романса. Овенот влегува во животот на Ракот како бура: самоуверен, страствен и полн со иницијатива. Ракот, од друга страна, обезбедува топлина, внимание и емоционална длабочина.
Сепак, по почетната хемија доаѓа шок. Овенот трча со главата напред низ ѕидот, додека Ракот само сака нежно да биде прегрнат и прашан како му поминал денот. Овенот мисли дека Ракот е пречувствителен, Ракот мисли дека Овенот е робот без душа.
На кратко, некој ќе плаче, некој ќе исчезне. Погоди кој.
Лав и Јарец
Лавот сака внимание, аплауз и селфиња од секој агол. Јарец? Јарецот има план за пензионирање, распоред за штедење и три планови за во иднина. Лавот мисли дека Јарецот е „досаден“, а Јарецот мисли дека Лавот е „економски неодржлив“.
Кога Лавот бара да му се восхитуваат затоа што прави кафе, Јарецот го гледа како да бара медал за дишење.
Понекогаш тие функционираат, ако Јарецот случајно стане менаџер за кариера на Лав.
Близнаци и Риби
Оваа комбинација е како комбинација од ветер и бранови, никогаш не знаете каде ќе заврши, но знаете дека ќе биде збунувачка. Близнаците постојано ги менуваат своите мислења, а Рибите своите чувства.
Близнаците сакаат да зборуваат за теории на заговор, Рибите за соништата што ги сонувале утрово. Рибите лесно се повлекуваат кога ќе почувствуваат хаос, а Близнаците, па, тие се тој хаос.
Додека трае, забавно е, но кога треба да се донесат одлуки, едниот од нив (или двајцата) исчезнува без трага.
Забава
Губење на тежината без ризик: зошто екстремните диети не се решение?

Дали некогаш сте се запрашале колку е здраво да се следат различните рестриктивни диети што разни гуруа за здрава исхрана ни ги препорачуваат секој ден?
Пролетта е време кога многу луѓе сакаат да блеснат до летото и да ги изгубат сите килограми што ги добиле во текот на зимата или ги носеле со години, и тоа да го направат сега и веднаш.
Веројатно барем еднаш во животот сте се обиделе брзо да ослабете. Дали некогаш сте се запрашале колку е здраво да се следат разните рестриктивни диети што ни ги предлагаат секојдневно разни гуруа за здрава исхрана? Кои се предностите и недостатоците на рестриктивните диети?
Master Clense или диета за детоксикација со лимон, диета за детоксикација на црниот дроб, 12 килограми за 21 ден, болничка диета… Дали ова ви звучи познато?
Екстремите се опасни. Но, како и во сè во животот, така и во исхраната. Неколкудневната диета составена од свежо овошје и зеленчук ќе го наполни вашето тело со антиоксиданси кои ќе ве заштитат од надворешни влијанија и ќе им направат добро на вашите органи, но неделите течна диета или постењето тешко дека можат да му направат добро на вашето тело.
Екстремните диети можат да бидат многу фрустрирачки и потенцијално опасни, а најчесто се губење енергија, време и пари ако ги практикувате, додека изгубените килограми лесно се враќаат. Нутриционистите тврдат дека многу рестриктивни диети нема да ви дозволат да ги изгубите мастите што сакате да ги изгубите, туку напротив вредните протеини и вода.
На телото му е потребна енергија за нормално функционирање на виталните органи, а ако го лишиме од неа, можат да се појават разни здравствени проблеми. Исто така, прекумерното консумирање течности може да го наруши деликатниот баланс на електролити во телото, што може да предизвика гастроинтестинални тегоби, вртоглавица, главоболки, замор, раздразливост и дехидрација.
Совет
Бидејќи пролетта носи многу вкусно и здраво овошје и зеленчук, вклучете ги во вашата исхрана и елиминирајте ја целата преработена храна. Слабејте паметно, движете се и постепено намалувајте го внесот на калории, задоволувајќи ги сите потреби на вашето тело за макро и микронутриенти – вашиот црн дроб, лимфни јазли и црева ќе ви бидат благодарни. И ќе изгледате подобро и ќе се чувствувате подобро.