Забава
Еден од осум Американци прима социјални бонови за храна
Околу 37,9 милиони луѓе во Америка примаат бонови за храна, изјави американската влада во вторникот
Боновите за храна се дел од примарната федерална анти-глад кампања. Тие им помагаат на сиромашните луѓе да ги купат потребните намирници за живеење. Економскиот стимулативен пакет ги зголеми бенефициите за 80 долари месечно за четиричлена фамилија, објави Reuters.Партиципацијата започна откако се случи финансиската криза пред повеќе од една година и бројката на луѓето кои примаат бонови интензивно се зголемува секој месец, од октомври 2008. Американското министерство за земјоделство изјави дека програмата достигнала бројка од 37,9 милиони луѓе во октомври, и за само еден месец се пријавиле 746 илјади нови корисници на социјални бонови за храна.Просечната помош за еден месец е 133.60 долари за едно лице.Центарот за истражување и акција, кој е групација која се бори против гладот, објави дека еден од осум Американци примаат социјални бонови за храна и оваа бројка е највисоката досега.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.
Забава
Интензитет, страст и самодоверба: Кои хороскопски знаци имаат најсилно либидо
Според астрологијата, страста и сексуалната енергија се поврзани со инстинктот, самодовербата и односот кон емоциите и телото. Постојат хороскопски знаци кај кои либидото е поизразено и силно поврзано со личноста.
Шкорпија
Луѓето родени во овој знак се познати по силна сексуална енергија и длабока страст, поврзана со емоции и интензитет. Нивната привлечност често е мистериозна, а желбата долготрајна.
Овен
Кај Овните страста е импулсивна и директна. Либидото е поврзано со енергијата, натпреварувачкиот дух и потребата за освојување, што ги прави исклучително страсни.
Лав
Лавовите ја поврзуваат страста со чувството на посакуваност и самодоверба. Нивното силно либидо произлегува од харизмата и потребата да бидат ценети и обожавани.
pexels
Забава
Познато како треба да изгледа идеалната жена: Дуа Липа најблиску до неа
Кога се прашувате кои критериуми мора да ги исполни најсексапилната жена на светот за да биде на врвот на ваква листа, првото нешто што веројатно ви паѓа на ум не се карактеристиките, туку познатите жени, кои, според вас, се најсексапилни.
Идеалните стандарди за убавина често се тема и се многу подложни на промени како што трендовите доаѓаат и си одат, меѓутоа постојат некои параметри, кои се универзални и не треба да се менуваат.
Како што покажа истражувањето на PlayersTime, идеалната најсексапилна жена треба да има кафеави очи, долга кафеава коса и лице во облик на срце. Таа е висока приближно 172 сантиметри и вита, а многу е веројатно дека има барем една тетоважа на некој дел од телото. Според студијата, пластичната хирургија треба да испадне од оваа листа.
View this post on Instagram
Интересно е и тоа што таквите жени обично се веќе зафатени, повторно покажа студијата. Исто како и кога станува збор за теоријата за златниот пресек, ниедна дама не ги исполнува целосно сите овие критериуми, но има и такви што се најблиску до неа.
На врвот се Дуа Липа, Хејли Бибер, Емили Ратајковски, Шеј Мичел и Лили Олдриџ.
„Следејќи ги жените што се најдоа на листата на Maxim Hot 100 од 2016 до 2025 година, гледаме како се развива идеалот за модерна привлечност. Имињата може да се менуваат, трендовите може да се променат, но одредени особини остануваат: елеганција, раскошна коса, самоуверено присуство и онаа недостижна мешавина од младост и софистицираност“, објасни истражувањето од PlayersTime.
View this post on Instagram
Каде што има жени, има и мажи, па затоа беше невозможно да се спроведе ова истражување и да се изостават. Според ова истражување, идеалниот маж е висок најмалку 183 сантиметри, има кафеава коса, кафеави очи и уредна брада. Оваа година овие критериуми ги исполни Џонатан Бејли, кој многу се доближи до овие параметри.

