Забава
По страшната болест одново и’ израснало лицето
Деветнаесетгодишна Швеѓанка успешно се опоравила откако имала страшна алергиска реакција предизвикана од само едно апче парацематол, по што кожата од лицето почнала спсема да и’ отпаѓа
Ева Ухлин по целото лице добила пликови и изгореници, по земањето на апчето со што заболела од Лејловиот синдром или од ткн. токсична епидермална некролиза, што е многу ретка појава. Веројатноста за заразување со неа е еден наспроти милион, велат медицинските енциклопедии, но има стапка на смртност од дури 40 отсто. Болниот во текот на болеста почнува да губи делови од градите, рацете, грбот и стомакот.Кај девојката сутацијата била уште полоша зашто во еден момент, на девојкаат и сраснале усните, пренесуваат агенциите.Ева за шведските медиуми деновиве изјавила дека прво била во шок и дека имала чувство дека е во некој хорор филм.Болеста на девојката почнала во септември 2005 г. кога имала 15 години. Откако со треска се вратила дома од викенд, лекарот и’ советувал да земе апче парацетамол. Меѓутоа комбинацијата од вирусот со кој била заразена и лекот предизвикала неверојатно страшна реакција.Ева откако со години се лечела во разни шведски клиники и минала низ безброј различни третмани, по што деновиве се вратила на нормалниот живот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Тројца мажи поднесоа граѓански тужби против Кевин Спејси во Лондон
Американскиот актер Кевин Спејси ќе се соочува со ново судење во Британија во октомври 2026 година, овојпат во граѓанска постапка, по обвиненијата за сексуални напади поднесени од тројца мажи, објави во средата Високиот суд во Лондон. Спејси во 2023 година беше ослободен од обвиненијата за сексуален напад врз четворица мажи, по кривична постапка што траеше неколку недели.
Двајца од нив сега го гонат во граѓанска постапка, а им се придружи и третиот тужител, британскиот актер Руарии Кенон. Кевин Спејси, добитник на Оскар за „Американска убавина“ и „Booбичаените осомничени“, тврди дека е невин.
На прелиминарното рочиште во средата, судијката Кристина Ламберт привремено го одреди октомври 2026 како термин за разгледување на трите тужби. До тогаш ќе се одржат дополнителни рочишта за да се утврди дали тужбите ќе се водат заедно или одделно. Настаните од тужбите се случиле меѓу 2004 и 2015 година, кога Спејси бил уметнички директор на театарот Old Vic во Лондон. Двајца од тужителите тогаш биле млади актери, според судските документи.
Забава
(Видео) Жешките кадри се нејзин терен: прекрасната Германка ги откри и градите и задникот
Не е тајна дека познатата германска манекенка Хајди Клум (52) предизвикува возбуда на социјалните мрежи и на црвениот тепих. Таа повторно привлече внимание со своето најново појавување со својата ќерка Лени, и како што јасно можете да видите, двете не обрнуваат внимание на негативните коментари што ги следат.
Мајката и ќерката веќе направија неколку рекламни кампањи за различни брендови на долна облека, а луѓето речиси секогаш го опишуваа како „чудно и несоодветно“.
Сепак, Хајди не се откажува и продолжи со провокативни изданија на Инстаграм, овој пат без својата ќерка.
Познатата манекенка смени неколку костими и ги објави сите на својот профил, а се претпоставува дека ова повторно е реклама. Прво, позираше во боди кое е во боја на кожа, додека од страна има црни детали што ги покриваат интимните делови.
Потоа го смени костимот и се појави во црвен латекс од глава до пети, а во една од своите објави покажа како изгледа додека го облекува, откривајќи го задникот на сите свои обожаватели.
На една од фотографиите, Хајди позираше во градник, па моделот можеше да очекува позитивни коментари за нејзиниот изглед, но таа ја забрани таа опција на својот профил.
фото: епа
Забава
(Фото) Шест клучни модели на обувки за студената сезона
Декември е пред вратата и официјално влегуваме во најстудениот дел од годината. Со оглед на традиционалните временски (не)прилики со кои се бориме секоја зима, во наредните месеци приоритет на повеќето луѓе ќе биде да ги одржуваат нозете топли и суви, па затоа е важно да се избере вистинската обувка.
Не експериментираме премногу со обувки во текот на зимата, но постојат модели што ни се потребни. Фокусот е исклучиво на обувки што се неопходни и ги опфаќаат сите потенцијални пригоди.
Проверете подолу со кои модели лесно можете да ја издржите целата зима.
Снежни чизми
Ако има некои модели што се задолжителни за зимската сезона, тогаш тоа се водоотпорните дизајнирани за носење на снег и дожд. На многу дами не им се допаѓаат класичните снежни чизми и би сакале да носат модел со покласичен дизајн, но нема да имате проблем да ги пронајдете без оглед на тоа кој модел ќе го изберете.
Чизми до глужд со рамен ѓон
Идеални за одење на работа и други секојдневни пригоди во кои сакаме стабилни обувки. Чизмите до глужд со рамен ѓон се едни од најразновидните есенско/зимски стилови што можат да се носат со секаков вид облека.
Чизми до глужд со потпетица
За жените кои не сакаат рамни ѓонови и сакаат повисоки потпетици без оглед на временските услови и годишното време, постојат чизми до глужд. Секако, тие се исто толку разновидни како и моделите со рамен ѓон.
Високи чизми
Колку високи? Вие одлучувате сами, во зависност од вашиот вкус и стил. Чизмите до бутовите се повторно во мода во моментов, но не можете да погрешите со пониски верзии што стигнуваат до коленото. Ќе изгледаат одлично во комбинација со пократки здолништа и фустани или сеприсутните бермуди.
Салонки
Не можеме без нив. Дури и во средината на зимата, има прилики кога едноставно сакаме салонка во нашата мода, особено кога станува збор за поформални настани. Наместо класичната верзија, можете да изберете и позатворен модел со блок-пета.
Патики
За спортски пригоди, сè уште постојат патики. Во понудата на продавницата, лесно ќе најдете водоотпорни модели на патики, како и потопли модели обложени со удобни материјали кои ќе ги одржуваат вашите стапала топли.
фото: принтскрин

