Забава
Децата од осум до 14 години не познаваат свет без Интернет
Децата на возраст од осум до 14 години во Европа не го познаваат свет без Интернет, но и покрај тоа претпочитаат да се сретнат со пријателите „во живо“, покажуваат резултатите од анкетата на Волт Дизни
Со анкетата опфатени се 3.020 деца во Велика Британија, Германија, Франција, Шпанија, Италија и Полска. Истражувањето покажува дека генерацијата „ХД“ (HD), како ги нарекуваат од Волт Дизни, покажуваат приврзаност кон високите технологии и семејните вредности, додека интернетот го користат за игри и за пишување на домашни задачи.”Децата од генерацијата „ХД“ покажуваат силен интерес за социјално-екомонските проблеми и големите семјени вредности и покажуваат модели на однесување, кои во голема мера ќе влијаат на иднината”, се наведува во заклучокот на истражувањето.Поголемиот број од испитаниците изјавиле дека повеќе сакаат да се сретнат со пријателите „лице во лице“ иако 44 проценти оцениле дека интернетот им помога да ја одржат врската со пријателите.Истражувањето покажа дека повеќе од седум од секое десето дета го користи интернетот за игри, додека 59 проценти го користи за пишување на домашните задачи.Од одговорите на децата се заклучува дека тие имаат голема социјална одговорност – 90 проценти од испитаниците изјавиле дека преземаат мерки за зачувување на природата, а 74 отсто одговориле дека редовно ги рециклираат производите.Околу 70 проценти од децата одговоритле дека е важно да се штедат пари, а на прашањето на кого најмногу им се воодушевуваат ги посочиле своите родители.Според анкетата, како најпосакувани професии децата ги одбрале – ветеринарен лекар, учител, фудбалер, лекар и полицаец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

