Контакт

Забава

Нездравата храна причинител за депресија

Објавено пред

Жените кои патат од депресија и анксиозност можеби би требало да го преиспитаат начинот на исхрана и да го намалат внесувањето на преработена храна, предупредуваат стручњаците од универзитетот во Мелбурн

Новата австралиска студија заснована на десетгодишно истражавање покажала дека пореметувањата на расположението се повообичаени кај жените кои првенствено конзумираат преработена, рафинирана и премрсна храна.„Не постои магична хрна против депресијата, но исхрана богата со овошје, зеленчук, житарици и млечни производи со ниска масленост му годи на физичкото и менталното здавје, додека преработките и слатките треба да се јават само повремено“, изјавил д-р Фелис Џек, кој го раководи истражувачкиот тим.Истражувањето опфатило 1.046 жени, од кои 925 не пателе од пореметување на расположението, а 121 имале депресија или анксиозно пореметување. Анализирајќи ја нивната исхрана, австралиските стручњаци утврдиле дека храната како хамбургери, бел леб, помфрит, ароматизирани млечни напитоци, пиво и храна богата со шеќер го зголемува ризикот од депресија за повеќе од 50%.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Харисон Форд стана портпарол на хуманитарна организација

Објавено пред

Тој е страствен пилот со години.

Холивудската легенда Харисон Форд својата љубов кон летањето ја пренасочи во хуманитарни цели. Тој стана гласноговорник на непрофитната организација „Ерлинк“ за помош при катастрофи, која сега доставува опрема за лична заштита среде пандемија на Ковид-19.

Форд (78) штотуку сними нова реклама за организацијата, која пренесува волонтери со авиони и ги снабдува областите погодени од катастрофа.

„Здраво, јас сум Харисон Форд и сакам да ви кажам зошто решив да ја поддржам ‘Ерлинк’, организација за која веројатно никогаш не сте чуле “, вели тој во кусата видеореклама.

„За 10 години од своето основање ‘Ерлинк’ реагираше на 90 катастрофи, пренесе приближно 7.000 хуманитарни работници и стотици тони витални залихи. ‘Ерлинк’ стана партнер со над 130 непрофитни организации, заштедувајќи им приближно12 милиони американски долари со обезбедување летови за нивниот персонал и пакети, наместо да плаќаат за воздушен транспорт.“

Среде пандемија на коронавирусот, „Ерлинк“ доставува над 6,5 милиони предмети за лична заштитна опрема и медицински лица доброволци во тешко погодените, кревки заедници, вели Харисон во рекламата.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Елен Деџенерис го промени изгледот

Објавено пред

Таа се обидува да го поправи својот имиџ откако летово се најде во центарот на скандал за фрустрирачка атмосфера на работното место.

Елен Деџенерис изминатава недела го претстави својот сосема нов изглед.

Водителката на популарното ток-шоу (62) реши да ја смени вообичаената асимтерична пикси фризура.

Таа беше цел на серија обвинувања од поранешни вработени во продукцијата на популарното ТВ-шоу. На „водителката од пеколот“, како што ја нарекоа во медиумите, ѝ се препишуваат неколку обвиненија во скандалот кој откри недоличен однос кон вработените, расизам и сексуално вознемирување.

Прикажи повеќе...

Забава

Eвропски принцези кои еден ден ќе бидат кралици

Објавено пред

Иако веројатно многумина знаат за принцот Џорџ, малиот принц кој е наследник на тронот во Велика Британија, помалку се информирани за неговите европски колеги во Шпанија, Норвешка и пошироко.

18-годишната принцеза Елизабета од Белгија веќе вистински тренира да стане следната кралица. Таа посетува исто воено училиште како и нејзиниот татко, кралот Алберт Втори, и држи говор пред стотици луѓе, вклучително и колеги врсници, на нејзината роденденска забава.

Принцезата Катарина Амалија од Холандија, најстарата од трите ќерки на кралот Вилем-Александер и кралицата Максима. Оваа принцеза е воспитувана во знаење дека речиси сигурно ќе биде кралица еден ден, по абдикацијата од нејзината баба кралицата Беатрикс во 2013 година. Таа се најде на насловните страници во нејзината матична земја неодамна откако беше откриено дека ќе добие државно финансирање од 2021 година.

Принцезата Ингрид Александра од Норвешка, уште една креаторка на историја. 16-годишната принцеза Ингрид ќе стане втора кралица во Норвешка кога ќе се искачи на тронот по нејзиниот татко, принцот престолонаследник Хакон. Првата кралица беше кралицата Маргарет од 15 век, и токму поради овој факт нејзиното крунисување би бил вистински подвиг.

Принцезата Леонор од Шпанија – најстарата ќерка на кралот Фелипе Шести и кралицата Летиција. 14-годишната принцеза Леонор ќе стане првата кралица од 19 век ако се искачи на тронот. Нејзиното крунисување сепак не е загарантирано, бидејќи помалиот брат би можел да стане крал. Течно зборува на шпански и англиски јазик. Таа веќе ги придружуваше своите родители на неколку официјални посети, па дури и одржа говор на нејзиниот 13. роденден, читајќи го првиот член од уставот на Шпанија во Институтот „Сервантес“ во Мадрид.

Принцезата Естел од Шведска. Осумгодишната Естел е всушност втора во редот на шведскиот трон, по нејзината гламурозна мајка, крунисаната принцеза Викторија од Шведска. Таа се најде на насловните страници во јануари по несреќата на скијање, а повторно потоа во февруари со лансирање на нова истоимена фондација посветена на промовирање на уметноста. Естел ќе биде првата принцеза што некогаш се искачила на тронот пред братот.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Филипче: Мерките мора да се донесат во најкраток можен рок

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека обидот на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението...

Македонија1 час

Владата ги осуди изјавите на Каракачанов: Тие се недолични и недостојни

Владата ги осуди изјавите на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, дека би можел да испрати инженерски полк за демонтирање споменици во...

Македонија3 часа

Царовска: Екскурзии годинава нема да се организираат, учениците можат на прошетка до пет километри

Екскурзии оваа година нема да се организираат, испратени се упатства од Бирото за развој на образование, истакна министерката за образование...

Македонија3 часа

Шеќеринска: И ние и Бугарија сме членки на НАТО, ова не е начин на кој треба да комуницираме

Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за...

Регион4 часа

Нов рекорд во Хрватска – 1.424 нови случаи и 11 починати

Рекордни 1.424 нови случаи на коронавирус се пријавени во последните 24 часаво Хрватска, а 11 лица починале, објави Националниот штаб...

Свет4 часа

Австралија пријави случај на повторна инфекција со коронавирус

Австралиските власти пријавија редок случај на Ковид-19 во Мелбурн, Викторија, станува збор за лице кое било позитивно тестирано во јули....

Македонија5 часа

Македонија, Албанија и Црна Гора добиваат респираторни машини од НАТО

До крајот на овој или следниот месец, НАТО ќе достави респираторни машини во нашата земја со цел да помогне во...

Свет5 часа

Приведени уште седум лица за убиството на францускиот професор

Уште седум луѓе, вклучително и двајца малолетници, ноќеска биле предадени на судијата во рамки на истрагата за минатонеделното убиство на...

Македонија6 часа

Од денеска кафулињата и рестораните ќе работат до 23 часот

Од денеска угостителските објекти ќе работат со скратено работно време. Владата на вчерашната 13. седница ги разгледа и прифати препораките...

Свет6 часа

(Видео) Трамп напушти интервју зашто новинарката не носела маска

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло го прекина интервјуто за емисијата „60 минути“ на „Си-би-ес њуз“ и не се врати на...

Свет6 часа

Коронавирусот ќе остане меѓу човечката популација како грип

Еден од најважните британски научници, Патрик Валанс, изјави дека коронавирусот веројатно ќе стане трајно заболување како грипот, доколку вакцината против...

Македонија7 часа

Администрацијата ќе работи од дома или со ротации

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на...

Регион18 часа

Рама: Мора да избегнеме затворање на земјата поради Ковид-19 по секоја цена

Во Албанија има 301 случај на новозаболени од коронавирус, а четворица пациенти починаа, соопштија здравствените власти на таа земја. Во...

Свет18 часа

Папата Франциско првпат носеше маска на молитва за мир во светот

Папата Франциско првпат носеше маска за време на вршењето на својата јавна функција кога денес присуствуваше на молитва за мир...

Македонија20 часа

Заев го прифати барањето за разрешување на Димова

Премиерот Зоран Заев ја информира Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и...

Македонија20 часа

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот

Владата, на денешната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време...

Македонија22 часа

408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на...

Македонија22 часа

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се...

Македонија1 ден

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија1 ден

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Досие