Контакт

Забава

Обвинение за лекарот на Џексон

Објавено пред

Личниот лекар на поп-ѕвездата Мајкл Џексон е обвинет за убиство од небрежност. Според обвинителството, Конрад Мареј е виновен за препишување опасни комбинации од седативи и хируршки анестетици

dobivaj vesti na viber

Во обвинението кои го подигнал обвинителот на округот Лос Анџелес, се наведува дека др. Конрад Муреј „дејствувајќи противзаконски, без лоши намери, го убил Мајкл Џексон, а тој незаконски чин го направил постапувајќи со недоволно претпазливост и разумност“, пренесуваат американските медиуми.Мареј се појавил во судницата која е во близина на меѓународниот аеродром Лос Анџелес во понеделник попладне, а на кусото сослушување пред судијата Кејт Шварц се изјаснил дека не е виновен по обвиненијата.Родителите на Мајкл Џексон и неговите тројца браќа, исто така, биел присутни во судницата.Запрашан за коментар по обвинението, еден од браќата, Џермејн Џексон, изјавил дека тоа „не е доволно“, пренесува Los Angeles Times.Доколку биде прогласен за виновен, лекарот Муреј може да биде осуден на четири години затвор.Канцеларијата на окружниот обвинител во соопштение за медиумите навела дека обвинението ќе го застапува Дејвид Влагредм, обвинител во кривичниот дел, кој истовремено го води и случајот за барањето за предавање на САД на режисерот Роман Полански.Брајан Оксман, адвокат на таткото на пејачот, изјавил дека некои членови од семејството се разочарани затоа што лекарот е обвинет само за убиство од небрежност.Полициската истрага покажала дека лекарот на Мајкл Џексон на 25 јуни минатата година му инјектирал „порпофол“ кој може да предизвика забавување на работата на срцето, да го ослабе дишењето и така да предизвика смрт, поради што овој лек може да се дава само во контролирани болнички услови со постојан лекарски надзор. Но, Муреј тврди дека Џексон не можел на настрада од дозите, зашто во последните денови тој му ги намалувал дозите, сметајќи дека Џексон станал зависен од лекот.

Обвинението подигнато по втората полициска истрага На 11-ти јануари годинава беше обајвено дека Мајкл Џексон е убиен, според резултати од втората обдукција на телото на Џексон. Резултатите од обдукцијата на Мајкл Џексон ги потврди резултатите од втората обдукција на телото на поп иконата, каде што како причина за смртта е наведено труење од анестетички пропофил. Обдукцијата, исто така, покажа дека вбризгувањето на анестетичкиот пропофил е направено од друга личност, а не од самиот Џексон.Додека неговата семејство се сомнева дека во неговата смрт се вмешани повеќе луѓе, неговиот личен доктор Конрад Муреј, кој е осомничен за убиството, ангажираше зад себе цела чета адвокати и подготвува целосна одбрана. Полицијата на Лос Анџелес до крајот на 2009-та звршила истрагата за смртта на Мајкл Џексон, а нејзините заклучоци беа на 8-ми февруари 2010 г. беа изнесени пред државното обвинителство. Откако пејачот на 25 јуни 2009 г. умре од срцев арест, Мареј исчезна и се појави по два дена кога полицијата изврши информативен разговор со него. Наскоро се појавија првите шпекуалции дека смртта на поп-ѕвездата ја предизвикале лековите што тој му ги препишувал на Џексон. Постојат и шпекулации дека во моментите кога пејачот умирал, Мареј бил со него но не му пружил соодветна медицинска помоош.Полициската истрага покажа дека лекарот на Мајкл Џексон на 25-ти јуни му инјектирал „порпофол“ кој може да предизвика успорување на работата на срцето, да го ослабе дишењето и така да предизвика смрт, заради што овој лек може да се дава само во контролирани болнички услови со постојан лекарски надзор. Но, Мареј тврди дека Џексон не можел на настрада од дозите, бидејќи во последните денови тој му ги намалувал дозите бидејќи сметал дека Џексон станал зависен од лекот.

Смртоноснито коктел

Уште ланскиот август патологот Лакшманан Сатјивагисваран залкучи од прелиминарните тестови дека Мајкл Џексон починал од предозирање со лекот пропофол, моќен седатив кој му бил даден пред да заспие. Смртта на Мајкл Џексон настанала од предозираност со моќниот седатив пропофол кој му бил ставен во инфузијата за да може да заспие. Тоа е заклучокот од токсиколошките резулати од крвта на пејачот  кои докторот ги направил. Семејниот адвокат на Џексонови, Лондел Мекмилан по објавувањето на резултатите изјави: „Ова само ја потврдува тажната реалност дека имаше трагично прекршување на должноста за негата кон Мајкл Џексон“. Конрад Мареј за полицијата тогаш изјави дека тој го лечел Мајкл од несоница во изминатите шест недели  пред неговата смрт во јуни. Доктор Мјуреј потврди дека секоја вечер му давал по 50 милиграми од пропофол (лек попознат и под името деприван) интравено низ инфузија. Семејниот доктор на Џексон, Конрад Мјуерј е обвинет за убиство од небрежност.На 23 јуни тој му дал коктел од слични дроги кои ги имал во телото на денот кога почина пејачот – ативан и версед, кои му помагале во справување со несоницата.На денот на смртта на Мајкл овој коктел престанал да делува а во продолжение следат деталите од апчињата кои му биле давани во таа кобна ноќ. Во приближно 1.30 часот по полноќ Мјуреј му вбризгал во инфузијата 10 мг валиум. Во 2.00 часот 2 мг ативан, во 3.00 часот 2 мг од седативот версед, во 5.00 сабајле повторно 2 мг ативан, во 7.30 часот наутро 2 мг версед повторно и за крај во 10.40 на барање на самиот Мајкл докторот му дал 25 мг од пропофол.Мајкл конечно заспал и докторот останал покрај него. По 10 минути Мјуреј отишол до тоалетот и тој тврди дека таму останал макимум 5 минути. Кога се вартил кај Мајкл забележал дека тој не дише. Откако докторот увидел дека тој нема пулс се јавил на три различни линости во временски период од 11.18 до 12.05 часот. Кога полицијата ја претресла торбата на доктор Мареј, во неа пронашла неколку шишиња лидокејн, алтиван, версед анексејт.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз

Објавено пред

Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.

dobivaj vesti na viber

Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael Douglas (@michaelkirkdouglas)

Прикажи повеќе...

Забава

Каков прв состанок сака секој хороскопски знак

Објавено пред

Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.

dobivaj vesti na viber

♈ Овен

Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).

♉ Бик

За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.

♊ Близнаци

Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.

♋ Рак

Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.

♌ Лав

Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.

♍ Девица

Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.

♎ Вага

Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.

♏ Шкорпија

Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.

♐ Стрелец

Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.

♑ Јарец

Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.

♒ Водолија

Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.

♓ Риби

Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.

Прикажи повеќе...

Естрада

По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“

Објавено пред

Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.

dobivaj vesti na viber

По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.

„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.

„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ12 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија12 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија13 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија14 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија14 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион15 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија16 часа

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија16 часа

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет16 часа

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет17 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа17 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет17 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет17 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа18 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион1 ден

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија1 ден

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија1 ден

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија1 ден

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...