Контакт

Забава

Хорор-филм во Италија предизвикува паника

Објавено пред

Италијанската Влада размислува дали да стави ограничувања за прикажување на хорор-трилерот „Паранормална активност“ откако некои гледачи добиле панични напади по кино-претставата

dobivaj vesti na viber

Итните служби во Неапол, Италија имале многу повици во текот на викендот одф луѓе кои се жалеле дека почувствувале допири додека спиеле сами или биле потиштени, откако биле во кино да го гледаат филмот Паранормална активност.

Филмот раскажува за млад брачен пар, кој се обидува да ги сними паранормалните активности во нивниот дом.

Едно 14-годишно девојче било во толкав шок што морало да и се даде кислород надвор од киното за да може да диши, пишува Корир дела Сера.

Министерот за култура, Сандро Бонди, вели дека филмот добил зеленмо светло за прикажување од комитетот, доколку пред прикажувањето се појави порака со предупредување за малолетниците.

Нискобуџетниот филм од американска продукција, во режија на Орен Пели, стана меѓународен хит особено кај младите луѓе, а во Италија почна да се прикажува во петокот, без ограничувања за возраста на гледачите, пренесува Ројтерс.

Десно ориентираната политичарка, Алесандра Мусолини, претседателка на Комитетот за заштита на правата на децата  вели дека е доцна да се стави ограничување на возраста на гледачите, но може да стават некакво предупредување, за родителите да не ги пуштаат децата да го гледаат филмот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Армани наведе три грешки што може да ги направат жените непривлечни

Објавено пред

Од

Познатиот дизајнер Џорџо Армани, кој го промени светот на модата, наведе три клучни грешки што можат да ја претворат дури и најубавата жена во непривлечна.

dobivaj vesti na viber

Познатиот италијански дизајнер Џорџо Армани, кој создаде еден од најпознатите и најпочитуваните модни брендови во светот, ја нагласува важноста на правилната нега на кожата со цел да се зачува младешкиот изглед.

Џорџо Армани го промени животот на многу жени и ги претвори во вистински дами, а откри и три клучни грешки што можат да ги претворат во стари дами.

Несоодветна нега

„Да се ​​биде модерен не значи да се биде впечатлив, туку да се биде запаметен. Кожата е нашата прва линија на одбрана од надворешната средина и може да каже многу за нашето здравје и возраст. Несоодветната нега на лицето и телото може да ја направи жената да изгледа постара отколку што е навистина. На пример, сувата кожа може да ги направи лицето и рацете да изгледаат позбрчкани. За да го избегнете ова, мора да посветите доволно време и внимание на негата на кожата. Ова може да вклучува редовна хидратација на лицето и телото, заштита од штетните ефекти на сонцето и редовна рутина за нега на кожата, како што се масажа и пилинг. Но, дури и ако немате пари, никој не ја откажал прифатливата домашна нега.“

Бидете уникатни

„Не го менувајте вашиот стил, туку дозволете му да се развива. Облеката е уште еден начин да ја изразиме нашата личност и стил. Меѓутоа, ако жената носи застарена облека, тоа може да остави впечаток дека не е во состојба да се прилагоди на модерната реалност. И, напротив, ако почнала да се облекува премногу младешки во своите 50-ти или 60-ти години, тоа сугерира дека одбива да ја признае својата вистинска возраст.“

Неподвижност како знак на старост

„Велат дека изгледам 20 години помлад. Ме прашуваат која е мојата тајна. Делумно има врска со генетиката. Мајка ми почина на 90-годишна возраст и изгледаше како да има 65 години. Се надевам дека ќе биде исто и за мене. Но, станува збор и за самодисциплина: не останувајте до доцна, не пијте премногу, не пушете. Исто така, разберете се себеси и справувајте се со вашата внатрешна убавина.“

„Недостатокот на физичка активност е уште една навика што може да ја претвори зрелата жена во стара жена. Ова може да доведе до лошо здравје и физичка подготвеност. Но, не треба да се претпоставува дека жената треба да оди во теретана само за машко внимание. Никако – за себе, грижете се за себе.“

Прикажи повеќе...

Забава

Оваа есен носи можност за длабоки емоции и нова романса за овие хороскопски знаци

Објавено пред

Од

Оваа есен, ако им се верува на астролозите, Купидон ќе ги насочи своите стрели кон овие три хороскопски знаци и ќе им донесе љубов што конечно ќе им ги исполни срцата.

dobivaj vesti na viber

Близнаци
Оваа есен, Близнаците ќе сретнат личност која целосно ќе им го промени погледот кон љубовта. Старите врски и минатите предизвици ќе бидат заборавени, а нивните срца ќе се отворат за нова љубов. Сепак, важно е да не заборават на своите приоритети за да го извлечат најдоброто од оваа врска.

Девица
Девиците конечно ќе ја преземат контролата врз своите животи, отфрлајќи ги илузиите и старите навики. Во втората половина од есента, ќе се појави личност која ќе донесе ново значење во нивните животи. Она што започнува како лежерна врска може да прерасне во нешто многу подлабоко, а Девицата конечно ќе се чувствува како да е на вистинското место, со вистинската личност.

Риби
Рибите ќе поминат низ процес на самоприфаќање. Кога повторно ќе се засакаат себеси и ќе добијат самодоверба, ќе почнат да привлекуваат луѓе со нивната посебна енергија. Нивната интуиција ќе им помогне да ја препознаат вистинската личност за нив, а љубовта ќе процвета кога конечно ќе научат да го слушаат своето срце.

Оваа есен носи можност за длабоки емоции и нова романса, а ангелот на љубовта ќе се погрижи секој од овие хороскопски знаци да ја почувствува вистинската магија на љубовта.

Прикажи повеќе...

Забава

Знаци кои покажуваат дека „сингл“ животот им одговара на некои луѓе

Објавено пред

Од

Кога сте „сингл“ тоа честопати носи одредени социјални притисоци, но многу луѓе наоѓаат најголемо задоволство во овој период од својот живот.

dobivaj vesti na viber

Наместо да ја гледаат независноста како неповолност, луѓето кои не се во романтична врска ја доживуваат како можност за личен раст, слобода и автентичност.

Постојат јасни знаци кои покажуваат дека сингл животот им одговара на некои луѓе најдобро и дека тие искрено уживаат во него. Психологот Марк Треверс сподели два такви знака.

Не верувате дека постои вистинско време за врска

Често се смета дека постои одредена фаза во животот кога луѓето треба да најдат партнер. Додека младоста е поврзана со развој и амбиција, постарите години често се гледаат низ призмата на обврската да се најде „трајна“ врска.

„Токму оваа социјална идеја многумина ја доживуваат како товар. Некои сметаат дека нивниот статус на самци ги потврдува нивните стравови за тоа дали се доволно достојни да сакаат, додека други ги отфрлаат наметнатите рокови и одбиваат да дозволат општествените очекувања да ги дефинираат“, објаснува Треверс за Psychology Today.

Посреќни самци се оние кои не ја мерат својата вредност според врската и не поставуваат граници за себе кога мораат да најдат партнер.

„Тие инвестираат во пријателства, хобија и личен развој, не сметајќи ја љубовта како неопходен предуслов за исполнет живот. За нив, самецот е исто толку легитимен избор како и бракот или партнерството, а среќата ја наоѓаат во чувството на слобода и независност“, додава психологот.

Знаете дека автономијата и поврзаноста можат да коегзистираат

Многу самци веруваат дека влегувањето во врска може да значи губење на дел од нивната слобода. Треверс наведува: „Понекогаш им се чини дека мора да избираат помеѓу личните цели и интимноста што ја носи партнерскиот однос. Но, токму оние кои разбираат дека автономијата и блискоста не се меѓусебно исклучувачки имаат поздрав однос кон самецот.“

Таквите луѓе негуваат длабоки пријателства и семејни врски што им обезбедуваат чувство на припадност и поддршка.

„Независноста им овозможува слободно да располагаат со своето време, но во исто време да градат врски што им носат сигурност и блискост. Ова потврдува дека „самецот“ не значи осаменост – напротив, може да биде исполнет со поврзаност, љубов и силно чувство на заедништво, без потреба да бараат потврда преку романтичен партнер“, заклучи психологот.

Фото:принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) По десет дена борба, дождот го изгасна пожарот кај Јасен

Дождот кој заврна пред 7.00 часот утрово и врнеше нешто повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето Јасен, помогна...

Топ2 часа

Отворена истрага: Уапсен 27 годишен скопјанец за детска порнографија

Секторот за компјутерски криминал при МВР до обвинителството поднесе кривична пријава против Ф.М.(27) од Скопје, за сторено кривично дело „Производство...

Свет2 часа

Ким Јонг Ун на колена: Првпат призна дека војници на Северна Кореја загинале во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун им оддаде почит на војниците кои загинаа борејќи се на страната на Русија во војната...

Свет3 часа

Зеленски: Мора да се изврши притисок врз Путин, тој не разбира ништо освен сила

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мора да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин да ја заврши војната....

Свет3 часа

Шведска студија: Овие три професии први ќе бидат погодени од вештачката интелигенција

Веќе неколку независни студии заклучија дека две третини од занимањата ќе можат да бидат заменети или во голема мера извршени...

Македонија3 часа

Предлогот на Мицкоски за повереници е најава за враќање на авторитаризмот на Груевски, смета ДОМ

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) реагира, како што велат, со огромна загриженост на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека,...

Македонија15 часа

(Видео) Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“

Состојбата со пожарот во ловиштето „Јасен“ попладнево значително се влоши поради силниот ветер, информира директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија16 часа

Министерството за здравство формира независна меѓународна комисија по изјавата на Кедев за непотребни кардиолошки интервенции

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави формирање комисија со експерти од три различни земји за проверка на работењето во приватните...

Македонија18 часа

Тошковски го суспендирал, а Чадиева го вратила на работа командирот кој пукаше со калашников – ВМРО-ДПМНЕ го објави решението по прозивките на СДСМ

Командирот од Ропотово кој пукаше со калашников од балкон и беше суспендиран, повторно е на работа. СДСМ денес го критикуваше...

Македонија18 часа

Кривична за поранешни директори на Пошта поради незаконски набавки и штета од 32.500 евра

Полицијата поднесе кривична пријава против В.С. и Б.А. – поранешни генерални директори на АД Пошта, поради сомнение за несовесно работење...

Македонија19 часа

Лажни налози и злоупотреба на печат – пријавен раководител од Шуто Оризари за измама од 3,6 милиони денари

Полицијата расчисти случај во врска со измама во службата, при што поднесе кривична пријава против Д.А. (51) вработен како раководител...

Македонија21 час

Можно е гласачкото ливче да биде седум-осум метри, ама ако изборниот процес е неуспешен, Владата именува повереници, предупреди Мицкоски

Одлуката на Државната изборна комисија независните кандидати да може да поднесат кандидатури за локалните избори со само два потписа од...

Топ21 час

Загина 19-годишник: со „мерцедес“ излетал од регионалниот пат Струга – Дебар

Вчера околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во село Велешта, струшко, патничко возило...

Македонија22 часа

Со закана изнудил 1,5 милион денари, поведена истрага за едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за...

Македонија22 часа

Пожарот во Влае се става под контрола, нема информации за повредени или настрадани

Пожарот на опожарените бараки во Влае се става под контрола, извести ДЗС. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на...

Македонија23 часа

(Видео) „Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен“, вели Манасиевски

„Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен. Преку свиркачи добивме...

Македонија24 часа

ФЗО: Вo изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни операции

Во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции, а по сопствен наод Фондот има извршено девет...

Македонија1 ден

На Табановце откриени непријавени луксузни часовници вредни 38 илјади евра

Царинските службеници на граничниот премин со Србија, Табановце – Прешево, спречија обид на српски државјанин да криумчари во ранец два...

Топ1 ден

Обвинение против осум лица, од нив шест полицајци

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската...

Топ1 ден

Истрага за тероризам: пријавил дека има бомба на летот Скопје – Анталија

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, обвинителството отвори истражна постапка против С.А. (26) поради основано сомневање дека сторил кривично...