Забава
Песната Мај Веј на Синатра тера на убиство

Караоке верзијата на Френ Синатра „My way“ предизвикала низа убиства, а само на Филипините во последните неколку години била причина за 12 мртви случаи
Жртвите се најчесто луѓе кои, според судот на публиката, лошо ја отпеале легендарните балади, а некој таквата лоша изведба ја сфаќал пресериозно.„Проблемот со ’My way’ е во тоа што таа песна сите ја знаат и секој има свој став како треба да се испее3, изјавил Родлфо Грегорио за Њујорк тајмс, еден од најпознатите организатори караоке забавите на Филипини.Како превенција, Грегорио ја исфрлил песната од својот репертоар. Многу кафулиња за да спречат насилство веќе не дозволуваат да се изведува баладата на Синатра. Медиумите ваквите случаи веќе ги нарекуваат „My way убиства“. Убиствата поради лошата изведба на песна не се проблем само во Филипините. Во Малезија, пример, на смрт е избоден човек кој случајно го бутнал микрофонот додека ја изведувал „My way“, додека пак еден Тајланѓанец убил осум свои соседи додека ја пееле „’Take Me Home, Country Road“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Турист лице в лице со мечка пред шаторот

Видео од турист кој решил да го помине одморот во природа кружи на социјалните мрежи. Поради оваа причина, тој поставил шатор, и следело морничаво изненадување.
Имено, кога ги отворил очите, видел огромна мечка пред себе, на мала оддалеченост.
Како што може да се забележи на видеото, човекот успеал да ја задржи смиреноста и да ја вклучи камерата, која го снимила љубопитниот див ѕвер.
За среќа, мечката не била премногу заинтересирана за гостинот, па по некое време се оддалечила и исчезнала во шумата.
Забава
Три хороскопски знаци кои најчесто страдаат од кошмари

Kошмарите можат да бидат резултат на стрес, замор, здравствени проблеми или едноставно преактивна имагинација. Иако сите ги доживуваме од време на време, астрологијата сугерира дека одредени хороскопски знаци почесто доживуваат вознемирувачки соништа. Причините за ова можат да бидат различни – од интензивното внатрешно искуство на емоциите до тенденцијата да анализираат настани од минатото пред да заспијат. Донесуваме три знаци кои, според астролошките толкувања, најчесто се будат со непријатни слики во главите.
Рак
Раковите се познати по нивната длабока поврзаност со емоциите и семејството. Кога нешто во реалниот живот ги вознемирува, тоа лесно се пренесува во нивните соништа. Тие често имаат многу живописни и детални кошмари за луѓето што ги сакаат или ситуации од минатото. Иако ваквите соништа може да им изгледаат застрашувачки, тие понекогаш служат како потсетник за нерешени чувства што треба да ги решат во будна состојба.
Риби
Рибите имаат исклучително богат внатрешен свет и често имаат соништа што се речиси кинематографски. Сепак, нивната креативна имагинација понекогаш може да создаде темни сценарија. Кога се под стрес или несигурни за иднината, нивните соништа лесно се менуваат од пријатни во вознемирувачки. Поради нивната чувствителност кон околината и расположенијата на другите луѓе, Рибите често обработуваат емоции во своите соништа што дури и не се нивни, што може дополнително да ги исцрпи.
Шкорпија
Шкорпиите се знак познат по интензивни чувства и склоност кон интроспекција. Нивната подсвест не се плаши да истражува темни теми, што често се рефлектира во нивните соништа. Кога минуваат низ предизвикувачки периоди, нивните соништа можат да бидат исклучително реални и проткаени со симболика што може да биде застрашувачка. Иако ваквите соништа можат да предизвикаат непријатност, тие често содржат важни пораки за личниот развој за Шкорпиите.
Забава
Корисниците на ChatGPT не се задоволни од лансирањето на GPT-5

Кога OpenAI минатиот месец го претстави GPT-5, директорот Сем Алтман го опиша како алатка што нуди знаење на ниво на докторски студии од која било област. Меѓутоа, кусо по лансирањето, компанијата почна да ги враќа постарите модели, бидејќи голем број корисници јавно се побунија против новиот систем.
GPT-5 најпрво им беше достапен на претплатниците на Pro пакетот и на деловните клиенти, во варијанта GPT-5 Pro. Според OpenAI, новиот модел ја надминува конкуренцијата од Google DeepMind и Anthropic на одредени тестови. Сепак, многу корисници не го споделија воодушевувањето на Алтман. На форуми како Reddit почнаа да се натрупуваат жалби – од сериозни грешки во одговорите, преку пократки и помалку содржајни пораки, до „безличен“ стил што потсетува на генерички одговор од вештачка интелигенција.
Особено ги разгневи новото ограничување – корисниците на ChatGPT Plus пакетот сега имаат лимит од 200 пораки неделно. Некои го достигнувале за само неколку часа, што ја правело платената верзија практично иста со бесплатната. Дополнително, постарите модели биле отстранети без никакво предупредување, па многумина останале без алатките што секојдневно ги користеле.
OpenAI попушти по бран на откажувања на претплатите
По заканите за масовно откажување на претплатите, Алтман на мрежата „Икс“ објави дека лимитот на пораки за корисниците на ChatGPT Plus се удвојува, а моделите од серијата 4 о повторно ќе бидат достапни за сите што сакаат да ги користат. Не прецизираше, сепак, колку долго постарите верзии ќе останат во понудата.
Тој призна дека OpenAI потценил колку им се важни на корисниците одредени карактеристики на GPT-4, „иако GPT-5 во поголемиот дел од аспектите дава подобри резултати“. Дополнителен проблем за компанијата е откритието дека две безбедносни групи – SPLX и NeuralTrust – успеале да ја пробијат заштитата на GPT-5 со минимален напор.
И покрај попуштањето и враќањето на популарните модели, многумина кои веќе ја откажале претплатата не планираат да се вратат. За OpenAI тоа значи дека лансирањето на GPT-5, наместо очекуван триумф, се претворило во еден од најпроблематичните моменти во историјата на компанијата.