Забава
Како испланирав љубовна тројка
Кога сопругот на новинарката Памела Дракерман посакал да води љубов во тројка за четириесеттиот роденден, таа се согласила, но под услов таа да ја избере втората девојка. Еве ја нејзината приказна:
Секогаш е прашање што да му се подери на мојот сопруг за роденден, затоа што за него важи: Што да купиш за човек кој нема ништо? Мојот сопруг не е некој купувачч тој купува храна и во последно време, пелени. Пред некое време изјави дека имал доволно панталони за цел живот. Кога го прашав кога планира да ја среди фиоката со чорапи, рече дека тоа ќе го направи неговиот наследник. За неговиот 40-ти роденден, имав на ум да му купам скап рачен часовник што одлично ќе му прилегаше на џемперите и ќе им дадеше до знаење на другите дека е вработен. Но, кога му го спомнав тоа него, тој само се намршти. Рече дека неговата роденденска желба не вклучува материјални добра, туку услуга: љубовна тројка со мене и со уште една жена. Желбата не беше изненадување. Неколкупати има спомнато дека има такви фантазии. Ништо страшно, тоа го посакувале и сите други момчиња со кои сум излегувала. Но, овојпат јас реков да. Можеби тоа беше мојот морален одговор со оглед на фактот што сопругот го доживуваше ’големиот роденден’, но и фактот што никогаш ништо не побарал за роденден. Можеби и цената на часовникот „Ролекс“ што планирав да го купам придонесе за мојата одлука. Или пак, можеби како новинар не можам да одолеам на краен рок или го сожалував што влегува во кризата на средовечен човек знаејќи дека до крајот на животот ќе спие само со една жена (со мене). И на крај можеби, само можеби се согласив со ’тројка’, затоа што идејата и мене ми бесе привлечна. Морам да кажам дека сме многу ’здодевен’ пар. На љубовно поле не се мешаме со други парови, ниту пак имаме отворен брак во кој секој може да има други партнери. Ретко кога сме будни по 10 часот навечер. Дури и напишав книга за неверствата низ целиот свет и заклучив дека верноста е доста добра работа. До сгеа, беше и за нас. Мислев, технички ова нема да биде изневерување, но не е ниту моногамија. Навистина, идејата за љубонва тројка е толку егзотична што возбудата од самата помисла трае неколку недели. Јас понекогаш спомнувам име на некоја другарка, како можна втора жена за нашата тројка. „Ќе биде ли таа прифатлива?“„Секако“, вели тој. Излезе дека сите мои другарки и практично сите сопруги на неговите другари би можеле да влезат во потесен избор, вклучувајќи ги и трудните. Сепак, јас сум новајлија, но прилично сум сигурна дека ако одбереме некоја од тие што ги познаваме, тоа ќе биде грешка. Замислете ја огромната непријатност. А и не сакам некој што ќе направи раздор во нашата пријатна двојка. Која и да е со неа ќе биде само договор за еднаш. Како и да е, не знаев кого да прашам. Мојот сопруг и неговите другари можат да разговараат пиејќи пиво, за тоа како да однесат две девојки во кревет, тоа е порно. Но, стрејт девојки од средна класа не споделуваат некои секс-фантазии. Тешко е да се знае која ќе биде заводник, а која ужасната. Еден ден бевме да поткаснеме нешто во Париз (таму живееме сега, инаку сопругот е Британец, а јас Американка) и разговаравме со неколку пријатели за планираниот роденденски подарок. Една од нив, 40-годишна банкарка, одеднаш замолчи.„Изгледаш ужаснато“, реков.„Да, јас мислам дека ова е невообичаено“, рече и поцрвене.Сопругот ја одби идејата да собереме некоја девојка од кафуле, а јас не се согласував со идејата да најдеме некоја преку интернет, поради можноста од венерични болести. Одлучивме, тоа да биде некоја познаничка, некоја што ете, сега би ја запознале. Таа би била идеална (па, сите знаат дека познаничките немаат херпес), а подоцна лесно би можеле да не се дружиме со неа.Наскоро, се појави кандидатка. Таа е пријателка на наши пријатели, со која редовно се среќаваме на некои заеднички вечери, но јас никако не можам да и го запамтам името. Случајно, таа седеше зад нас на концерт, со маж со кој беше излезена на состанок. За прв пат, забележав дека е многу симпатична. Слаба е и висока, со половина како кај балерина. И прилично сум сигурна дека е доволно безобразна.„Што велиш за неа?“, му шепнав на сопругот.„Да“, рече тој, прегласно.По концертот, четворицата си муабетевме. Воспоставив контакт со очите со жената (се вика Ема), глумев дека сум дфасцинирана од нејзините коментари за музиката и чекав погоден момент да и предложам јас и таа да одиме на ручек. Беше поласкана. Неколку дена подоцна раменивме мејлови и испланиравме да одиме на тајландска храна. Се дотерав и едвај чекав да видам дека и таа го направила истото. Знае ли Ема дека е на љубовен состанок?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

