Контакт

Забава

Како испланирав љубовна тројка

Објавено пред

Кога сопругот на новинарката Памела Дракерман посакал да води љубов во тројка за четириесеттиот роденден, таа се согласила, но под услов таа да ја избере втората девојка. Еве ја нејзината приказна:

dobivaj vesti na viber

Секогаш е прашање што да му се подери на мојот сопруг за роденден, затоа што за него важи: Што да купиш за човек кој нема ништо? Мојот сопруг не е некој купувачч тој купува храна и во последно време, пелени. Пред некое време изјави дека имал доволно панталони за цел живот. Кога го прашав кога планира да ја среди фиоката со чорапи, рече дека тоа ќе го направи неговиот наследник. За неговиот 40-ти роденден, имав на ум да му купам скап рачен часовник што одлично ќе му прилегаше на џемперите и ќе им дадеше до знаење на другите дека е вработен. Но, кога му го спомнав тоа него, тој само се намршти. Рече дека неговата роденденска желба не вклучува материјални добра, туку услуга: љубовна тројка со мене и со уште една жена. Желбата не беше изненадување. Неколкупати има спомнато дека има такви фантазии. Ништо страшно, тоа го посакувале и сите други момчиња со кои сум излегувала. Но, овојпат јас реков да. Можеби тоа беше мојот морален одговор со оглед на фактот што сопругот го доживуваше ’големиот роденден’, но и фактот што никогаш ништо не побарал за роденден. Можеби и цената на часовникот „Ролекс“ што планирав да го купам придонесе за мојата одлука. Или пак, можеби како новинар не можам да одолеам на краен рок или го сожалував што влегува во кризата на средовечен човек знаејќи дека до крајот на животот ќе спие само со една жена (со мене). И на крај можеби, само можеби се согласив со ’тројка’, затоа што идејата и мене ми бесе привлечна. Морам да кажам дека сме многу ’здодевен’ пар. На љубовно поле не се мешаме со други парови, ниту пак имаме отворен брак во кој секој може да има други партнери. Ретко кога сме будни по 10 часот навечер. Дури и напишав книга за неверствата низ целиот свет и заклучив дека верноста е доста добра работа. До сгеа, беше и за нас. Мислев, технички ова нема да биде изневерување, но не е ниту моногамија. Навистина, идејата за љубонва тројка е толку егзотична што возбудата од самата помисла трае неколку недели. Јас понекогаш спомнувам име на некоја другарка, како можна втора жена за нашата тројка. „Ќе биде ли таа прифатлива?“„Секако“, вели тој. Излезе дека сите мои другарки и практично сите сопруги на неговите другари би можеле да влезат во потесен избор, вклучувајќи ги и трудните. Сепак, јас сум новајлија, но прилично сум сигурна дека ако одбереме некоја од тие што ги познаваме, тоа ќе биде грешка. Замислете ја огромната непријатност. А и не сакам некој што ќе направи раздор во нашата пријатна двојка. Која и да е со неа ќе биде само договор за еднаш. Како и да е, не знаев кого да прашам. Мојот сопруг и неговите другари можат да разговараат пиејќи пиво, за тоа како да однесат две девојки во кревет, тоа е порно. Но, стрејт девојки од средна класа не споделуваат некои секс-фантазии. Тешко е да се знае која ќе биде заводник, а која ужасната. Еден ден бевме да поткаснеме нешто во Париз (таму живееме сега, инаку  сопругот е Британец, а јас Американка) и разговаравме со неколку пријатели за планираниот роденденски  подарок. Една од нив, 40-годишна банкарка, одеднаш замолчи.„Изгледаш ужаснато“, реков.„Да, јас мислам дека ова е невообичаено“, рече и поцрвене.Сопругот ја одби идејата да собереме некоја девојка од кафуле, а јас не се согласував со идејата да најдеме некоја преку интернет, поради можноста од венерични болести. Одлучивме, тоа да биде некоја познаничка, некоја што ете, сега би ја запознале. Таа би била идеална (па, сите знаат дека познаничките немаат херпес), а подоцна лесно би можеле да не се дружиме со неа.Наскоро, се појави кандидатка. Таа е пријателка на наши пријатели, со која редовно се среќаваме на некои заеднички вечери, но јас никако не можам да и го запамтам името. Случајно, таа седеше зад нас на концерт, со маж со кој беше излезена на состанок. За прв пат, забележав дека е многу симпатична. Слаба е и висока, со половина како кај балерина. И прилично сум сигурна дека е доволно безобразна.„Што велиш за неа?“, му шепнав на сопругот.„Да“, рече тој, прегласно.По концертот, четворицата си муабетевме. Воспоставив контакт со очите со жената (се вика Ема), глумев дека сум дфасцинирана од нејзините коментари за музиката и чекав погоден момент да и предложам јас и таа да одиме на ручек. Беше поласкана. Неколку дена подоцна раменивме мејлови и испланиравме да одиме на тајландска храна. Се дотерав и едвај чекав да видам дека и таа го направила истото. Знае ли Ема дека е на љубовен состанок?



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Објавено пред

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена и ги носи Забрањено пушење, кои годинава одбележуваат јубилејни 40 години од првиот студиски материјал „Das ist Walter“, најдоброто од Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе со неговиот бенд и екс-ју ретроспективата на Rootboy Selector.

dobivaj vesti na viber

Јубилеј слави и домаќинот „Фреш унион“ – полни 20 години од првиот настан и стартот на реализацијата на идејата за развој на урбаната музичката култура. 20 години за портфолио во коe се запишани соработки со светски познати имиња, но и еминентни имиња од Балканот и, секако, дел од домашната музичка елита.

Овогодинешното издание на С.О.С. фестивалот е закажано на 15 јуни, со почеток во 20:00 часот, на Ракометно игралиште во Битола, и тоа ќе биде своевидно музичко патување низ времето и уживање во хитовите на Забрањено пушење – „Зеница блуз“, „Хаџија или бос“, „Гузоњин син“, „Памтим то као да је било данас“, „Можеш имат моје тијело“… ќе имате можност да го чуете и „Најдоброто од Игор Џамбазов“ придружуван од неговиот Гуру Харе со својот бенд. Планирана е изведба на неговите најголеми хитови: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје – Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, „Во бестрага“, на материјалот од новиот албум „Првите триесет“, како и анегдоти од над 30-годишната кариера.

Прикажи повеќе...

Забава

Хороскопски знаци кои го пикаат носот секаде: ги интересира се и повеќе отколку што треба

Објавено пред

Хороскопските знаци кои го пикаат носот насекаде се оние кои се обидуваат да дознаат за работи кои апсолутно не ги засегаат.

dobivaj vesti na viber

Хороскопските озборувачи се и хороскопските знаци кои сакаат да знаат сè и ништо не им бега. Тие се многу љубопитни и имаат тенденција да го пикаат носот дури и во ситуации кои не се нивна работа, или поради озборувања или затоа што само сакаат да ги имаат сите информации и да бидат разузнавачка служба која може да има контрола над сите.

Хороскопски знаци кои го пикаат носот насекаде

Близнаци
Ова е знакот што прво на сите им паѓа на ум. Тие се луди по озборувања и сакаат да знаат сè. Ништо не им бега и лесно ќе научат сè за никого. Дури и тој да разговара со вас, а некои други да зборуваат малку подалеку, тие сигурно со едно уво слушаат што се случува. Близнаците извршуваат повеќе задачи и можат многу работи одеднаш.

Шкорпија
Вторите на листата дефинитивно се Шкорпиите и тоа не е случајно. Тие делумно гледаат на озборувањата како на антишпионска алатка. Колку повеќе знаат, толку е полесно да се заштитат. Тие ве имаат во свои раце и можат да го искористат она што го знаат за вас во секое време против вас. Таа го слуша секој разговор, набљудува и надгледува сè и тешко ќе го скриете она што таа сака да го знае.

Бик
Ова е можеби изненадувачки бидејќи никој не очекува Бикот на оваа листа. Можеби изгледаат сериозно и одмерено, но треба да знаете дека се што ги интересира се тајните озборувања. Претставниците на овој знак сакаат да се мешаат во се, полни се со сомнеж и не веруваат никому. Во сè се многу слични на Шкорпијата. Иако овие знаци се хороскопски спротивни, тие имаат некои заеднички елементи како одмаздата која се сервира ладна.

Прикажи повеќе...

Hitech

(Видео) 7 милиони прегледи: Мајкрософт објави снимка со вештачка интелигенција на Мона Лиза како рапува

Објавено пред

Мајкрософт ја претстави новата технологија за вештачка интелигенција наречена VASA-1, која може да комбинира фотографија и аудио клип и да генерира реални видеа.

dobivaj vesti na viber

Тие ја претставија новата технологија со видео на кое Мона Лиза рапува на песната Папараци, но ова не е хит на Лејди Гага, туку рап песна што Ен Хатавеј ја напиша и изведе во ток-шоуто на Конан О’Брајан во 2011 година.

Видеото набрзо стана вирално и беше прегледано повеќе од 7,1 милиони пати на само еден профил на „Икс“.

„Ова е толку смешно, плачев од смеење“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“, „Кога би можел Да Винчи да го види ова“, се дел од коментарите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет2 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет2 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет3 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион3 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет3 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија14 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија14 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија15 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија17 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија20 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ21 час

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија22 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија24 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија24 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија1 ден

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија1 ден

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...