Контакт

Забава

Масажа со кралски питон нуди забавен парк во Англија

Објавено пред

Посетителите на еден од тематските забавни паркови во областа Сареј во југоисточна Англија, им се нуди помалку, би рекле бизарна абава – масажа со огромниот кралски питон

Големата забавна градина во која има огромен ролекостер која инаку се вика „Кобра“, како дел од содржината на забавниот парк Chessington World of Adventures ја нуди оваа авантура за оние кои се љубители на чувството на зголемен адреналин. „Масажата со змии прави чувство на опуштеност, бидејќи мускулите во змиските тела го стимулираат крвотокот’, вели портпаролката на паркот. Масажата со кралските питони се нуди во ВИП зоната на забавниот парк наречена „Дива Азија“. Во овој дел се наоѓа и забавната градина „Кобра“, чиј централен дел се врти со брзина од 70 километри на час на височини до 90 метри.Масажата со питони сепак не е оригинална идеја на англискиот забавен парк. Имено, уште од минатата година израелско одморалиште во рамките на нејзиниот спа центар за цена од околу 60 евра нуди шест големи питони да ви ги опуштат мускулите влечејќи се преку вашето тело. Според рекламниот материјал, по првичната непријатност за директниот контакт со огромните змии, клиентите биле многу задоволни со ефектот од масажата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

„Не e време за умирање“ може да освои награда пред да се појави во коносалите

Објавено пред

На филмскиот пазар каде што премиерата на дваесет и петтиот филм за Џејмс Бонд „Не е време за умирање“ беше одложена двапати, секоја шанса филмот да освои награда во 2021 година е прилично уништена.

Но, последното појавување на Даниел Крејг како 007 сепак може да добие едно посебно признание, и тоа може да се случи неколку месеци пред пуштање на филмот. Продуцентите можат да ѝ се заблагодарат на Били Ајлиш за ова, бидејќи таа доби номинацијата за „Греми“ за нејзината насловна песна.

Како што беше најавено од „Рекординг академи“- американска академија на музичари, продуценти и други музички професионалци – (Recording Academy), воведната нумера на Ајлиш за No Time To Die е номинирана за „Најдобра песна напишана за визуелни медиуми“ на 63. Греми-награди. Наградите треба да се одржат на 31 јануари, што е само на два месеца пред премиерата на филмот.

Додека композиторот Ханс Зимер можеби помислуваше дека објавувањето на синглот на Били Ајлиш се случи во најлошото можно време од животниот циклус на филмот, No Time To Die сега има шанса да освои трофеј пред јавноста да го види филмот.

Прикажи повеќе...

Забава

Маја Оџаклиевска ја напушта сцената: „Уморна сум од сè “

Објавено пред

Пејачката Маја Оџаклиевска при гостување во емисија, откако отпеа песна најави дека тоа е нејзиниот последен настап за збогување. По тој повод, таа истакна дека е уморна од сè и дека нејзиниот настап во шоуто е „убаво збогување“, на коешто никој не се надеваше.

„Овој пат ме потсетивте да ве кажам дека ова навистина би било убаво збогување, затоа ќе ве молам да не настапувам, да, знам дека ви се допаѓа тоа, но малку сум уморна од сето тоа. Јас ви простувам што ме поканивте, во во секој случај, благодарам и секако, нека биде ова убаво збогување“, рече пејачката.

Маја ретко се појавуваше во јавноста последните неколку години, а во тоа време се грижеше за нејзиниот внук Лука, на кого пред седум години му беше дијагностициран аутизам.

Прикажи повеќе...

Забава

Мајкл Џексон и Фреди Меркјури снимиле балада која не била објавена 30 години

Објавено пред

Mr. Bad Guy беше објавенa во 1985 година, но верзијата на песната вклучена во албумот на „Квин“ не е верзијата што Фреди ја снимил со Џексон, пишува „Дејли експрес“.

Џексон и Фреди ја снимиле песната како дует, како и две други песни – State of Shock и Victory.

По смртта на Џексон во јуни 2009 година, Брајан Меј и останатите членови на „Квин“ работеа со наследниците на Џексон за да ги објават овие песни, пренесува британскиот весник

Првичниот план на бендот беше да го издадат дуетот на Џексон-Фреди во 2012 година на компилацискиот албум Queen Forever.

Меѓутоа, Меј имал големи проблеми кога соработувал со компанијата на Џексон, и едвај успеал да ја објави песната две години подоцна, во 2014 година – 33 години откако првично била снимена.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион8 минути

Во Црна Гора на лекар само со лична карта

Од денеска црногорските осигуреници ќе можат да ја користат новата лична карта како здравствена книшка. Директорот на Фондот за здравствено...

Свет19 минути

Во Индонезија 2.800 лица евакуирани поради вулканска ерупција

Вулкан во источна Индонезија, кој избувна во неделата, исфрлајќи пепел на 4.000 метри, ги принуди локалните жители да се евакуираат....

Македонија32 минути

Снег на Попова Шапка и Страцин

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка и Страцин, но без...

Македонија47 минути

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 11 градови

ВМРО-ДМНЕ најави дека денеска ќе протестира во 11 градови. „Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината. Народот се буди...

Македонија12 часа

Починаа 32 пациенти, 820 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на...

Свет15 часа

СЗО: Лажните вести може да ја загрозат вакцинацијата против Ковид-19

Уште во февруари, кога пандемијата на коронавирус брзо се рашири, Светската здравствена организација (СЗО) предупреди за поплава од дезинформации и...

Македонија16 часа

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред, вели премиерот Зоран Заев во објава на социјалните мрежи, посветена...

Македонија18 часа

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 44 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно...

Македонија20 часа

Борисов за ФАЦ: Можен е компромис, но мора да се познава и историјата

Единствената земја, која го посакува почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ повеќе од Германија, е Бугарија, вели...

Македонија21 час

Филипче: Бидете максимално одговорни во претстојниот период на слави и прослави

Министерството за здравство апелира до граѓаните во периодот на слави кој престои максимално да бидат одговорни и да ги почитуваат...

Македонија22 часа

Рикер до Заев: САД ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ, ве охрабруваме да барате решение

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер, во писмо до премиерот Заев истакнува...

Свет22 часа

Кинеското вселенско летало е во орбитата на Месечината и се подготвува да слета

Кинеските власти објавија дека вселенското летало Change-5 успешно влезе во орбитата на Месечината и се подготвува да слета, како дел...

Регион23 часа

Вучиќ свика итен состанок поради случувањата во Црна Гора

Српскиот претседател Александар Вучиќ закажа состанок со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ за да разговараат...

Европа23 часа

(Видео) Полицијата употреби сила против демонстрантите во Полска

Полицијата ја спречи протестната прошетка на демонстрантите во Варшава, додека ширум Полска се одржаа демонстрации против ограничувањето на правото на...

Европа24 часа

(Видео) Протести и апсења низ Европа

Повеќе од 155 лица беа уапсени во Лондон за време на протестите организирани против рестриктивните мерки насочени кон спречување на...

Спорт1 ден

Дуелот Тајсон – Џонс заврши нерешено, „челичниот“ побара реванш

Рано утринава, во егзибициски меч во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес 54-годишниот Мајк Тајсон се врати во рингот по пауза...

Македонија1 ден

Нови подводни истражувања во Охридското Езеро

Кон крајот на октомври успешно беше реализиран проектот „Подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро“ чиј...

Свет1 ден

Една крвна група е поотпорна на Ковид-19 од другите

Голема студија направена во Канада нуди докази дека луѓето кои имаат нулта крвна група или се Rh-негативни, имаат помал ризик...

Македонија1 ден

Заев: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од...

Македонија2 дена

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на...

Досие