Забава
Во Jемен починала 12-годишна невеста поради преуранет секс
Дванаесетгодишна јеменска невеста почина од внатрешно крвавење по сексуален однос со сопругот, само три дена откако со сила била омажена, соопшти Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ)
Според Сигрид Кааг, регионален директор на УНИЦЕФ за Блискиот исток и Северна Африка, девојчето било омажено за човек најмалку двојно постар од неа. Тој додава и дека нејзината смрт е болен потсетник за ризиците со кои прерано омажените девојчиња се соочуваат. Од Фондот не дадоа никакви дуги информации за девојчето.Смртта на 12-годишната невеста е последна во серијата вакви трагедии поради распространетите детски бракови во Јемен, каде што се уште се води дебата која возраст да биде погласена за минимална при склопување на брак. Во септември минатата година, исто така 12-годишната Фавзија Амоди умре при породување, заедно со своето бебе. Таа се мачела со породилните болки цели три дена, пред да почине. „Иако непосредната причина за смртта на Февзија беше лекарска негрижа, вистинската причина е недостигот од образование во Јемен и фактот дека детските бракови и натаму се масовна појава“, вели Кааг. Децата-невести се многу честа појава во Јемен. Според податоците на ОН, секое трето девојче се мажи пред да наполни 18 години. Повеќето се присилно омажени за многу постари мажи, кои згора на тоа имаат и по неколку други сопруги. За родителите на девојчињата, нивното мажење значи дека тие повеќе не се нивна ниту финансиска, ниту морална обврска. Во повеќето случаи, родителите добиваат ветување од сопругот дека нема да го „конзумира“ бракот пред девојчето да порассне барем уште малку. „Раните бракови ги изложуваат девојчињата на ризикот да останат без образование, изложени на насилство, злоупотреба и експлоатација, па дури и на смрт поради прерана бременост и други компликации“, велат од УНИЦЕФ.Прашањето на детските бракови во Јемен се најде на насловните страници на сите светски медиуми во 2008 година, кога 10-годишната Наџуд Али беше извадена од основното училиште и присилно омажена. Нејзиниот сопруг почнал да ја силува и да ја тепа само неколку недели по свадбата. За да избега, Наџуд повикала такси, по прв пат во животот, за да ја одведе до зградата на главниот суд, каде што седнала на клупа и одбивала да замине пред да се сретне со судија. По судскиот процес, кој беше темелно следен од медиумите, на Наџуд и беше дозволен развод.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Вратата ја удри Ријана, нејзината реакција стана хит
Поп-ѕвездата Ријана доживеа мала незгода при излегување од хотел во Њујорк, кога вратата ја удри бидејќи телохранителот не ја придржал. Ситуацијата е снимена и видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.
Ријана реагираше во свој стил – се насмеа и му дофрли на телохранителот: „Баш сте џентлмен“. На интернет се отвори дебата – некои сметаат дека тој требало да ѝ помогне, други дека тоа не е негова работа. Сепак, повеќето се согласија дека пејачката само се пошегувала.
Rihanna reacts to being hit by a door after her bodyguard fails to hold it:
“Such a gentleman you are.”
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) January 17, 2026
Забава
(Видео) Хурем и Сулејман повторно заедно – по 12 години од серијата, блеснаа на црвениот тепих
По 12 години од крајот на снимањето на популарната серија Сулејман Величествениот, актерите Мерјем Узерли (Хурем) и Халит Ергенч (Сулејман) се појавија на ист настан — доделувањето на наградите Joy Awards во Ријад, Саудиска Арабија.
Мерјем блескаше во долга, богато украсена креација на Khaled & Marwan, наликувајќи на вистинска султана. Со изборот на облека таа ги испочитува културните норми на земјата-домаќин.
View this post on Instagram
На настанот присуствуваа и светски ѕвезди како Мили Боби Браун (која доби признание за личност на годината) и пејачката Кејти Пери, која ја отвори церемонијата.
Мерјем и Халит се најдоа во исти кадри и на видеото кое актерката го објави на стори на „Инстаграм“, што дополнително ги разгоре шпекулациите за нивната блискост.

Халит Ергенч се појави на настанот со својата сопруга, актерката Бергузар Корел, со која денес имаат три деца и заедно ја надминале брачната криза од минатото.
Фото насловна: „Сулејман величествениот“ – промотивен материјал
Забава
Директорот на „Рајанер“ и Илон Маск си разменија навреди: „Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“
Јавна расправија со навреди изби меѓу Илон Маск и извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, откако О’Лири во интервју за ирското радио „Њусток“ го нарече Маск идиот и ја нарече неговата социјална мрежа „Икс“ – септичка јама. Причина за конфликтот е одлуката на „Рајанер“ да не ја користи ви-фи услугата „Старлинк“ во своите авиони.
„Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“, рече О’Лири.
Маск реагираше на „Икс“, нарекувајќи го О’Лири целосен идиот и побара да биде отпуштен. Во друга објава додаде: „Отпуштете го овој имбецил“, обвинувајќи го дека погрешно ги проценил ефектите на „Старлинк“ врз потрошувачката на гориво.
Во расправијата се вклучи и официјалниот профил на „Рајанер“ на „Икс“, кој го исмеа Маск поради прекин на платформата: „Можеби вам ви треба ви-фи, @elonmusk?“
perhaps you need Wi-Fi @elonmusk? https://t.co/eq82qcLqKv
— Ryanair (@Ryanair) January 16, 2026
О’Лири изјави дека „Старлинк“ не е практичен за нискобуџетните летови на кратки релации, бидејќи надворешните антени ја зголемуваат аеродинамичната отпорност и трошат повеќе гориво – до 2 проценти повеќе, што би чинело стотици милиони долари годишно.
Маск ги оспорува овие податоци, тврдејќи дека веќе постојат авиокомпании кои летаат со авиони опремени со „Старлинк“ и дека високобрзинскиот интернет ќе стане пресуден за изборот на патниците.

