Контакт

Забава

Честото менување лозинки носи загуба од 16 милијарди долари

Објавено пред

Според истражувњето на Microsoft честото менување лозинки не носи ништо освен губење пари и дополнителна работа за IT одделите во компаниите

dobivaj vesti na viber

IT одделите често нагалсуваат дека е важно редовно да се менуваат лозинките за да се згоелми безбедноста на компјутерот. Меѓутоа, истражувањата на Microsoft покажаа дека тие мерки се само губење време. Microsoft имено истражувал колку менувањето на пасвордите (лозинките) ефикасно влијае врз заштитата од сајбер нападите. Резултатите се дека за да некој влезе во нечија лозинка, нема да чека со седмици да ја употреби и да даде можност во меѓувреме да биде променета, туку ќе ја искористи веднаш.„Тоа е исто како крадец кога ќе украде клуч од нечија куќа и тогаш да чека со седмици додека бравата не биде променета“, пишува Boston Globe.Сепак, честото менување на лозинките не е штетно, освен ако корисникот повеќе употребува куси или очигледни лозинки кои лесно се крадат. Некои имаат навика своите лозинки да ги пишуваат на хартија, која после ја лепат на мониторите или на друго видливо место, плашејќи се дека ќе ја заборават.Но честото менување лозинки не е само губење време, туки и пари, Истражувачите пресметале дека менувањето лозинки носи загуби од дури 16 милијарди долари годишно, бидејќи тоа е само една дополнителна работа за IT секторите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Четири хороскопски знаци ги очекува финансиско изненадување во декември, конечно ќе бидат наградени за трудот

Објавено пред

Неколку хороскопски знаци во декември 2025 година можат да очекуваат професионално признание и подобра финансиска состојба – преку покачување, бонус или понуда за подобра работа.

dobivaj vesti na viber

Јарец

Годината ја поминале со дисциплина и одговорност, па во декември добиваат покачување или унапредување. Трудот конечно им се наградува.

Девица

Нивниот перфекционизам и внимателната работа добиваат признание. Во декември ги очекува пофалба од претпоставените и веројатно финансиска награда.

Шкорпија

Крајот на годината носи неочекувани можности – дополнителни проекти или премин на подобро платена позиција. Нивната тивка упорност доаѓа до израз.

Овен

Биле пострпливи од вообичаено и тоа им се исплаќа. Во декември следува изненадно покачување, бонус или нова одговорна улога. Одлучноста им е забележана и ценета.

Прикажи повеќе...

Забава

Колку заработува Мараја Кери секоја година од нејзиниот најголем хит?

Објавено пред

Од

Декември почна, а празничната сезона е во полн ек. Додека домовите се украсени, а градските плоштади блескаат, една песна неизбежно станува саундтрак на сезоната – „All I Want For Christmas Is You“ од Мараја Кери. Но, дали некогаш сте се запрашале колку заработува Кралицата на Божиќ од нејзиниот безвременски хит?

dobivaj vesti na viber

Одговорот можеби ќе ве изненади.

Овој глобален феномен, кој ги руши сите рекорди за слушање, е создаден неверојатно брзо. На Кери и нејзиниот соработник Валтер Афанасиев им требаа само 15 минути да ја напишат и компонираат песната. Објавена во 1995 година, песната стана апсолутен божиќен класик во текот на изминатите три децении.

Иако ниту пејачката ниту нејзиниот тим никогаш официјално не ги открија точните износи, новинарите се обидоа да дојдат до проценки. Според извештајот на „Њујорк пост“, Мараја Кери наводно заработува неверојатни 3 милиони долари секоја година од оваа песна. До 2021 година, вкупната заработка од објавувањето на песната надминала 60 милиони долари.

За да биде уште поимпресивно, ова значи дека пејачката заработува 316 долари на час само од оваа една песна.

Успехот на песната „All I Want For Christmas Is You“ ги надмина дури и нејзините најлуди очекувања. Во интервју за „Billboard“, таа призна дека немала поим дека песната ќе стане таков светски феномен.

„Како можев? Беше толку рано во мојата кариера, а повеќето млади уметници во тоа време не правеа божиќна музика на почетокот на нивните кариери“, додаде таа.

фото/ЕПА

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Холивудска ѕвезда се породи и објави фотографија од болница: „Беше лудо возење“

Објавено пред

Актерката Ванеса Хаџинс и нејзиниот сопруг, поранешниот играч на МЛБ, Кол Такер, добија уште едно дете.

dobivaj vesti na viber

Тие ја споделија добрата вест на „Инстаграм“ со фотографија од мајката и детето од нивниот болнички кревет.

„Па… успеав. Донесов уште едно бебе на свет! Породувањето е навистина неверојатно искуство. Голема почит до сите мајки. Неверојатно е што може да направат нашите тела“, напиша Хаџинс покрај фотографијата давајќи им до знаење на многумина дека таа и нејзиниот сопруг го добија своето второ дете.

Полот и името на нивното второ дете не се откриени, а претставниците на познатиот пар за медиумите не ја коментираа оваа добра вест.

Да потсетиме, Хаџинс и Такер станаа родители првпат во јули 2024 година. Тогаш добија син, чие име сè уште не е познато.

Ванеса еднаш зборуваше за својата нова улога – улогата на мајка и истакна дека мајчинството е најисцрпувачката работа на светот.

„Ми дозволи да забавам и да уживам во моментот. Лесно е секогаш да гледаш напред, но најважно е она што е пред тебе сега“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Советот расправаше за труењето во „Димо Хаџи Димов“, Лукровски најави засилени хигиенски мерки во училиштата и инспекции

Советот на Општина Карпош заседаваше по четврти пат, при што советниците расправаа и полноправно одлучуваа по 10 точки кои се...

Македонија5 часа

„Сите што ме познаваат добро знаат колку и како се грижев за безбедноста на сите гости во клубот“ рече Јованов, сопственикот на дискотеката „Пулс“, за кобната ноќ

До ден-денес се чудам и не можам да поверувам што се случи таа вечер, изјави првообвинетиот и сопственик на дискотеката...

Македонија6 часа

(Видео) Тошковски: За 24 часа, регистрирани 110.000 прекршоци во сообраќајот

Камерите во Скопје забележале речиси 110.000 прекршоци во сообраќајот за 24 часа. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека...

Македонија6 часа

(Видео) Мицкоски за „Безбеден град“: Поддржувам да се прошири во целата држава, ќе трпиме критики, само да спасуваме човечки животи

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата од „Безбеден град“, кој почна официјално денеска со пробниот...

Македонија7 часа

(Фото/видео) Ниеден од обвинетите за пожарот во „Пулс“ не призна вина

Ниеден од 35-те физички и трите правни лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, не...

Економија7 часа

(Видео) Потврдени квалитетот и безбедноста на македонското злато во трезорот на Банката на Англија, извести Народната банка

Во рамките на официјалната посета на Банката на Англија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и неговиот тим имаа...

Македонија8 часа

13 мобилни телефони и лаптоп најдени во ќелија на обвинет за „Пулс“: судијката го предупреди дека му следува самица

На почетокот на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ судијката Диана Груевска-Илиевска го предупреди обвинетиот Џаваир Камбери, државен...

Македонија8 часа

Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени 24 казни од 1.300 до 1.800 евра

Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на градилиштата низ целата локална самоуправа. Во изминатиот период извршени се надзори на 30...

Македонија9 часа

Мицкоски се огради од народот, сега на камерите во Скопје може да види колку е паднат стандардот на граѓаните, велат од СДСМ

„За само 12 часа од поставувањето на камерите од системот во Скопје се покажало дека има над 1.000 возила кои...

Свет11 часа

САД размислуваат за копнен напад врз Венецуела; Мадуро: Подготвени сме да се браниме

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави дека неговата земја е подготвена да се одбрани додека САД размислуваат за копнен напад....

Свет11 часа

Виткоф и Кушнер денеска се среќаваат со Путин во Москва

Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на претседателот, Џаред Кушнер, ќе се сретнат со рускиот претседател...

Свет12 часа

Белата куќа е многу оптимистична во врска со мировните преговори во Украина

Белата куќа е „многу оптимистична“ во врска со шансите за постигнување договор за прекин на војната во Украина, изјави нејзината...

Регион12 часа

(Видео) Илјадници протестираа против владата во Бугарија, луѓето се судрија со полицијата

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Софија за да протестираат против буџетскиот план на бугарската влада за следната година, првата...

Европа20 часа

Кремљ: Го освоивме Покровск

Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави...

Свет20 часа

Белата куќа: Магнетната резонанца на Трамп покажа одлична здравствена состојба

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, денес изјави дека неодамнешниот преглед со магнетна резонанца на Доналд Трамп бил превентивен по...

Македонија24 часа

Сиљановска-Давкова: Системските недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција, бараат системски пристап во нивото отстранување

Покрај формалната, нужна е реална заштита на жените од насилство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на јавната расправа за имплементацијата на...

Македонија1 ден

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии

На 27.11.2025 АХВ заедно си службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во 9 основни училишта во рамките на општина...

Македонија1 ден

Продолжува повратот на средствата од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки, соопшти Управата за јавни приходи

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката „Мој ДДВ“ за скенирани сметки во третиот квартал од...

Македонија1 ден

Се вклучија камерите во Скопје, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена

Камерите поставени на сообраќајниците во Скопје од денеска ќе снимаат, возачите што ќе направат прекршок ќе добијат опомена, а од...

Македонија1 ден

Пазарниот инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти во пресрет на празниците

Државниот пазарен инспекторат најави засилени инспекциски надзори во угостителските објекти во пресрет на претстојните празници и зголемениот број прослави. Целта,...