Забава
На Борнео откриени 123 нови животински видови
Во последните три години во тропските шуми на Борено откриени се 123 нови видови, објави Светската фондација за заштита на природата (WWF)
Овие нови видови живот на планетата Земја се пронајдени на површина од 220 илјади квадратни километри густа прашума во централно Борнео, за кое се грижат Малезија, Индија, и Брунејскиот султанат, се наведува во соопштението на WWF.„Во просек отркивавме три нови вида месечно, така што во текот на последните три години се откриени 123 видови, со што во текот на последните 15 години бројката на новооткриени видови изнесува 600“, изјавил Адам Томашек, директор на програмата „Срцето на Борнео“, пренесува AFP. „Новите откритија го покажуваат богатството на биоразличноста на Борнео и ни даваат надеж дека ќе откриеме уште видови, од кои некои би можеле да придонесат за пронаоѓање лекови за тешките болести, како што е на пример СИДА-та“, додал Томашек.Во оваа област живеат десет видови примати, повеќе од 350 видови птици, 150 видови рептили и водоземци, и околу десет илјади растенија кои не можат да се сретнат на други места на планетава. На пример, меѓу споменатите 123 нови видови е жабата без бели дробови Barburula kalimantanensis, која беше откриена во 2008 г. , а е долга седум центиметри, со сплескана глава која дише само преку кожата. Истата година е откриен и најдолгиот инсект на светот Phobaeticus chani чие тело без пипалата достигнува должина и до 36 центиметри. Тој излгеда како гранче па лесно се сокрива меѓу дрвата или другите растенија, а од овој вид откриени се само три единки. Еден од необичните видови е полжавот голтар за кого научниците како карактеристика велат дека е посебен по „љубовните стрелички“ со кои ги вбризгува хормоните за да ја зголеми репродуктивната способност на партнерот. Научниците од WWF повторно апелираа до трите држави да ја гаранатираат заштитата на биодиверзитетот во „Срцето на Борнео“. „Знаеме дека не може да се бара од трите влади да се откажат од развојот на рударството, шуамрството и садењето на маслодајнит епалми. Ние бараме да воспоствата рамнотежа меѓу заштитата и развојот за да не се наштети на ова уникатно подрачје во светот“, потенцирал Томашек.Инаку, Индонезија и Малезија прозиведуваат дури 85 отсто од светското колиечство на масло од палма. А ова проиџводство еколозите го наведуваат како една од главните причини за уништување на шумите (дефорестација), особено на Борнео. Притоа се нагласува дека оваа област во центарот на островот е нужноа за да се одржат енкои од загрозените видови, како што е на пример, џуџестиот слон, дамчестиот леопард, суматранскиот носорог и орангутанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

