Забава
Чија е Хајди

Потеклото на еден од најпознатите детски ликови е причина за нова расправа меѓу Германците и Швајцарците
Тврдењето дека русокосото девојче Хајди кое живее со дедото во планините, е Германка а не Швајцарка како што се мислеше досега, потекна откако се отвори прашањето дали авторката швајцарската писателка Јохана Шпири наводно ја украла идејата за книгата од германскиот автор Адам вон Камп.Ова тврдење го промовираше стручњакот за германската книжевност и култура Петер Бетнер, според кој Шпири ја добила инспирацијата и ја зела идејата за своето дело од приказна која била напишана половина век претходно. Интересно е што иако постои анимозитет меѓу германофоните во Швајцарија, односно Швајцарци од германско потекло и Германците од другата страна на Алпите, Бетнер живее во Цирих но е роден во Германија. „Не велам дека Шпири ја препишала германската книга, но претпоставувам дека ја знаела таа книга и тоа ја инспирирало“, вели Бетнер нагласувајќи дека немал намера Хајди да им ја одземе на Швајарците. Тој своето тврдење го поткрепува со многу големи сличности во „Хајди“ и во постарото германско дело „Аделаида, девојченцето од Алпите“, односно дека Хајди всушност е скратеница од Аделаида. И во двете книги станува збор за девојче кое расте со дедото и кое мора да го напушти дотогашниот дом во планините. Во Швајцарија се крена голема прашина во заштита на Шпири аргументирајќи дека многу книжевници од средна Европа во 19. век пишувале на темата населување во градовите и негативните влијанија на градските средини врз децата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.
Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.