Забава
Путин лично ја пречека женката персиски леопард

Рускиот премиер по дочекот и лично се погрижил овој редок примерок да влезе во неговото живеалиште во резерватот близу Сочи
Ова е најновиот прилог во серијата на руската телевизија која го следи премиерот Владимир Путин во негвата кампања за грижа за видовите кои се во исчезнување. Минатата седмица беше емитуван прилог како рускиот премиер става гривна за следење на успиената поларна мечка на далечниот руски север, а сега како лично и ја отвора вратата од кавезот женскиот примерок персиски леопард да може да влезе во нвоото живеалиште.Овој примерок е еден од двете женки кои Иран и ги подари на Русија од кои, пак, доби два примерока од сибирски тигар, познати како амур тигри.Инаку персиските леопарди исчезнале од територијата на Русија во 1950-те, а обидот за нивно повторно населување се одвива во рамктие на подготовките за Зимските илимписки игри 2014 во Сочи, кое е дамнешно место за одмор на руската аристокраитија и подоцна комунистичките лидери на Црното Море. За репопулацијата на овој вид, Русија претходно увезе два мажјака од Туркменистан, со што на руски Кавказ ќе се направи обид да се врати видот што исчезнува. Путина на снимакат е со очила за сонце како управува со теренец низ природниот резерват во близина на Сочи, а пота како и говори на леопардката „Не се плаѓи, ајде стапни малку“ мамејќи ја да влезе во кафезот. По што женкаат малку се двоумела а потоа со силен рик влегла, на што Путина зкалучил: „Одиме, да ја оставиме, нема веќе да и пречиме”, по што отижол да ја види другата женка која е ставена во карантин бидејќи е болна, пренесува руската дравна телевизија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Жешкиот бакнеж меѓу познатата актерка и згодниот маж, 24 години помлад од неа, предизвика бура

Гвинет Палтроу откри дека нејзините пријатели „полуделе“ поради нејзиниот бакнеж со Тимоти Шаламе.
Иако станува збор за сцена од филмот „Marty Supreme“, кој е снимен во Централ Парк во Њујорк, актерката признава дека нејзините најблиски, особено нејзините пријатели, биле воодушевени од сцената.
„О, Боже, сите мои групни разговори со нив беа возбудливи… Тие полудеа! Сите беа како: Да, Гвинет, само напред! А јас бев: Луѓе, смирете се“, се пошегува таа.
Гвинет призна дека, и покрај славата на Шаламе, не знаела многу за него. Таа исто така се присети на нивната прва средба.
„Сите ми се потсмеваат затоа што не знам ништо. Го прашав: Дали имаш девојка? И тој рече да. Спомена дека таа имала деца од претходна врска, а јас реков: Тоа е навистина убаво. Мило ми е што го слушам тоа од млад човек како тебе. Немав поим дека зборува за Кајли Џенер“, призна таа со смеа.
фото: принтскрин
Забава
(Фото/Видео) Кошаркарката ги разнесе конкурентите: остави без здив иако е прв пат на пистата

„Викторијас сикрет“ одржа уште една незаборавна модна ревија. Покрај бројните познати модели кои едвај чекаа да носат ангелски крилја, меѓу нив имаше и едно не толку типично лице.
Angel Reese goes viral after stealing the show atpic.twitter.com/V7zM3OrG0e
— Shantanu Dwivedi (@Shantan21125143) October 16, 2025
Станува збор за кошаркарката Ангел Рис, која за прв пат во историјата на брендот ги „рашири крилјата“.
Иако не е професионален модел, таа прошета по пистата како целиот свет да ѝ е пред нозе. Носеше нежен чипкан комплет во бебешко розова боја со цветни детали.
Стајлингот го комплетираше со пердувест наметка, исто така во розова боја, а интересно е што беше украсена и со цвеќиња.
Изгледот го заокружи со минималистичка шминка во земјени тонови, но и со малку виткана фризура која се движеше во согласност со нејзиното одење по модната писта.
Покрај неверојатната фигура, кошаркарката покажа и заводлив поглед кој многумина ги остави без здив. Иако ова е прв пат да прошета по модната писта, најверојатно нема да биде последен.
фото: принтскрин
Забава
(Фото/Видео) Луксузни облини ја тресат модната писта: ревијата на „Викторија Сикрет“ не можеше да пројде без неа

Ревијата на „Викторија Сикрет“ беше вистински спектакл за сите љубители на долна облека. Многу познати ѕвезди присуствуваа на овој моден настан, а дури и српската тенисерка Ана Ивановиќ беше во првите редови.
Ревијата ја одбележаа познати лица од светот на манекенството, меѓу кои и плус-сајз моделот Ешли Греам, која блескаше на пистата.
Ова е втор пат Ешли да носи ангелски крилја, и може да се каже дека повторно плени со својата убавина. За посебната вечер, таа избра црн градник и црни чипкани гаќички, а највпечатливиот дел од комбинацијата секако беа масивните црни пердувести крилја.
Ревијата ги истакна нејзините раскошни облини и природна убавина.
Својот стил го комплетираше со минималистичка шминка во земјени тонови, но и малку свиткани прамени коса што слободно паѓаа по нејзините рамена.
фото: принтскрин