Забава
Во Алејата на сфингите ископана црква од петтиот век

Тим египетски археолози во градот Луксор нашол остатоци од црква од петтиот век и вдлабнатина за мерење на нивото на водата на Нил од вториот век пред нашата ера
Според соопштенијата на египетската Агенција за старини, остатоците од црквата на вдлабнатината се пронајдени во текот на рутинските ископувања во локалитетот кој во светот е позната како Алејата на сфингите. Овој локалитет кој е едно од најпознатите туристички дестинации во Египет и во светот воопшто, ги поврзува големите храмови од древната египетска цивилизација во Луксор и во Карнак. Како што пренесуваат агенциите, за изградба на црквата биле користени камени блокови од времето на фараоните од ткн. грчко-римски период. Тие на места биле украсени со натписи, појасниле од Агенцијата за остатоци од средниот век. Покрај црквата било пронајдено и вдлабнувањето за мерење на нивото на водата на реката Нил. Тоа е подземна просторија длабока седум метри која е составена од камени блокови и басамаци во облик на полжав кои ја обвиваат просторијата. Ткн. нилометар бил поплочен со керамика од времето на Новото египетско царство, 1530 до 1075 г. пре.н.е. Црквата и нилометарот се пронајдени при реставрацијата на Алејата на сфингите која е долга 2.700 а широка седумдесет метри. По нејзината должина се наредени сфинги со тела на лав и галва на човек или овен што го симболизираат богот Ра. Алејата е градена во времето на владеењето на фараонот Аменхотеп Трети (1379-1340 г.пр.н.е.). На деловите каде недостигаат сфинги ќе биде оставен простор бидејќи Египјаните е се согласува со идејата таму да бидат поставени реплики.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.
Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.