Забава
Јорданка бодибилдерка се бори против предрасудите
Кога имала 14 години Фара Малас се заколнала дека еден ден нејзините фотографии ќе бидат излепени на ѕидовите во вежбалниците
Првата Арапка што ќе се натпреварува на некое меѓународно натпреварување во бодибилдинг е 26-годишната Фара Малас од Јордан. На оваа убавица со изразено мускулесто тело, прекриено со тетоважи, воопшто не и е лесно во родната земја, каде што е секојдневно изложена на критики од сонародниците, па затоа многу страда. Но, се чини дека Фара е силна и физички и психички зашто ништо не ја поколебало да продолжи со секојдневните тренинзи во вежбалниците во Аман.”Сите се против мене. Никој не сфаќа зошто сакам да станам меѓународна ѕвезда во светот на бодибилдингот”, му вели таа на новинарот на Ројтерс.Оваа убавица има многубројни тетоважи на телото, што ја прави „подвижна мета“ за нејзините изразито конзервативни сонародници и им дава причина повеќе да ја презираат.Јорданците имаат исклучително строга идеја за „правилното“ однесување на жените, па кај нив се многу чести и т.н. убиства за одбрана на честа, чии жртви се млади жени за кои постои сомневање дека ја загубиле невиноста пред бракот. Меѓу тетоважите што го красат преубавото тело на Фара се голоград ангел на бутот, ангелски крилја на грбот и пораките „Некој си кога ќе престанеш да бидеш никој“ и „Само оној што те повредил може да ти ја излекува болката“ на рацете.”Тетоважите се дел од мене. Ми покажуваат која сум и по кој пат сакам да одам во животот. Да, тетовирањето боли, но таа болка истовремено врз мене има и терапевтско дејство зашто ми помага да го надвладеам внатрешното страдање, кое ме разјадува”, вели Фара, која често патува во Бејрут за тетовирање, а првата тетоважа ја ставила кога имала само 17 години.Фара Малас потекнува од добростоечко јорданско семејство со две ќерки. Нејзините родители се разведени, а Фара нема веќе никаков контакт со татко и, кој е бизнисмен, и со мајка и’, која често патува.Во септември годинава Фара ќе патува во Канада, каде што ќе учествува на аматерски натпревар во бодибилдинг во категоријата „фигура“, во која се пријавуваат билдерите што не сакаат да акумулираат преголеми бицепси.”Ако победам, потоа ќе може да учествувам и на професионалните натпреварувања”, вели Фара, која до остварувањето на сонот чекори по трнлив пат, полн пречки и предрасуди.Имено, таа има проблеми дури и со јорданскиот Сојуз за бодибилдинг, чии членови не се согласуваат да прифатат жена во своите редови. Таму дури и ја прашале како не се срами да парадира во бикини пред целиот свет. Фара засега добива поддршка само од јорданскиот бодибилдер Зеид ал-Фар. И тој ќе настапува во Торонто, па заедно ги делат трошоците за тренирање и заедно бараат спонзори. Но и тоа оди исклучително тешко зашто досега интерес покажале само еден сопственик на радиостаница од Аман и еден сопственик на ноќен клуб од Бејрут. Сепак, Фара не сака помош од семејството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

