Забава
Роналдо како стоногалка, Торес-матадор

Американската спортска продукциска куќа, ЕСПН, за Светското првенство во фусбал изработила стрип-постер за секоја од 32-те репрезентции – учеснички на мундијалот
Американците одлучиле на сатиричен начин да ги претстават репрезентациите, наместо со текст да го направат тоа со слика. Постерите се коментар на нивните надежи, историја, и ѕвездите на тимовите.
Фаворитот, Шпанија, на својот постоер го има Фернандо Торес облечен како матадот, кој трите бика (Италија, Германија и Бразил) ги предизвикува со платно во црвена боја на кое пишува „Црвената фурија“.
Холандските најголеми ѕвезди (Весли Шнајдер, Арјен Робен, Рафаел ван дер Ваарт и Робин ван Перси), се прикажани како летчки суперхерои лансирани од холандска територија.
Кристијано Роналдо е прикажан како семоќна стоногалка, додека италијанските ѕвезди (Андре, Пирло, Џанлуиџи Буфон и Фабио Канаваро) под полна гладијаторска опрема во амфитеатрална арена во борба со ѕверови.
Лионел Меси на аргентинскиот постер трча осветлен од сончеви зраци од аргентинското знаме ја слави победата. Се наоѓа меѓу трофеите на Аргентина кои ги освои 1978 и 1986 година, додека Кака од Бразил од дланката пушта гулаб-поисмоносец.
Француските мускетари Тиери Анри, Френк Рибери и Никола Ањелка со униформа и мечеви пред Триумфалната капија, а Англичаните (Френк Лампард, Вејн Руни и Стивен Џерард) под будното око на Фабио Капело од гроб со јажиња го влечат Стоунхенџ, бројот 66, што ја означува годината на единствената англиска титула на Светското првенство.
Една од најинтересните илустрации е таа на австралискиот тим, каде фудбалерот Тим Кахил се наоѓа во телото на кенгур со боксерски нараквици на рацете.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Двајца шмекери во ист кадар: многу скапи фотографии

Роберт Де Ниро и Ал Пачино, две живи легенди на киното, за прв пат ги здружија силите во кампања за модната куќа Монклер наречена „Warmer Together“.
Брендот ја промовира идејата дека „топлината не доаѓа само од облеката, туку и од човечката поврзаност“, а овие две холивудски личности се вистински пример за тој слоган.
„Со децении, Монклер е синоним за јакни со пердуви и зима, но секогаш сакав брендот да претставува нешто подлабоко“, рече претседателот и извршен директор на компанијата, Ремо Руфини.
Фотографот Платон беше задолжен за овие неверојатни црно-бели снимки, како и за кратките видеа во кои Де Ниро и Пачино зборуваат за пријателство, доверба и почит.
„Пријателството е најдоброто нешто што може да го имате. Пријателите се луѓе со кои го делите истиот свет. Меѓу вас постои вродена доверба и разбирање за животот“, коментираше Пачино, а потоа Де Ниро додаде:
„Топлината никогаш не доаѓа однадвор, таа е емоција во нас“, рече тој.
фото: принтскрин
Забава
Наташа Беквалац шокираше со признанието: „Би му се вратила на Данило“

Пејачката Наташа Беквалац за прв пат проговори за својот љубовен живот во емисија на една српска телевизија. Прво се осврна на врската со покојниот бизнисмен Миодраг Костиќ. Истакна дека тој бил „нејзин најголем учител, но и нејзин мачител“.
Кога го заврши поглавјето со Костиќ, реши да зборува за Данило Икодиновиќ и нагласи дека би му „се вратила на Данило“. Кратко потоа, раскажа и каква порака му испратила на својот поранешен љубовник по неговиот развод од Маја Огњеновиќ.
Наташа во шоуто мораше да одговори и кој партнер го повредила најмногу, а само едно име ѝ падна на памет прво – Љуба Јовановиќ.
„Сите тие повреди се како моите песни, како моите деца, и ги сакам сите. Но, шегата настрана, и за тоа ми е жал, мислам дека најмногу го повредив мојот втор сопруг – Љуба. Му кажав, но тој рече: „Добро“, рече таа
На прашањето „кој бил најдобриот љубовник на Наташа“, таа паметно избегна да одговори.
„Јас сум специфична жена, ми треба малку, секогаш сум многу задоволна. Се познавам себеси толку добро и што ми треба, па затоа минимална стимулација е доволна. Или како што би рекле старите дами: ‘Нема лоши ѓубре за добра свиња’. Се сеќавам на сè многу лошо, секогаш она што ми е најсвежо останува најимпресивно“, рече Беквалац низ смеа.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) „Ако стигнете до оваа фаза, навистина имате среќа“: Вера Ванг се спротивставува на стареењето со една навика

Познатата дизајнерка на венчаници Вера Ванг изгледа неверојатно со годините, а восхитот за нејзиниот младешки изглед на 77 години никогаш не престанува. Таа постојано им пркоси на годините и многумина се прашуваат како го прави тоа, па затоа често зборува за тоа.
Во ново интервју за E! News на DKMS Gala во Њујорк, таа ексклузивно ја откри својата тајна: „Секогаш им кажувам на луѓето дека мислам дека работам навистина напорно и дека мислам дека работата е совршено одвлекување на вниманието. Само ве држи ментално и физички зафатени. Ве држи ангажирани. Затоа мислам дека работата е навистина, навистина важна.“
Покрај тоа што работи напорно и ја држи зафатена, физичката активност е редовна и таа зборуваше и за тоа. „Сакам да вежбам секогаш кога можам. Иако го правам тоа повремено. Имам многу зафатен распоред кога станува збор за работа, но работата е она што ме движи“, рече Вера Ванг, која е благодарна за секој нов роденден во своите осумдесетти години.
„Не си поставувам цели на оваа возраст, но сум многу благодарна што ја имам помошта што ја имам и се чувствувам среќна што сум толку активна и ангажирана како што сум.“
„Родендените треба да се слават и ценат. Многу мои пријатели се плашат од нив. Јас велам – ако стигнете до оваа фаза, имате вистинска среќа. Затоа треба да го прославите“, заклучи таа.
фото: принтскрин