Забава
Убавите основале банка за сперма против грдите

Социјалната итнернет страница BeautifulPeople.com, на која општат само убави луѓе, ја претставила својата виртуелна банка за сперма и јајце клетки, а нејзините члeнови можат преку страницата да го разгледуваат генетскиот материјал и да си изберат како ќе им изгледаат наследниците
Во ова друштво на убавите може да се зачлените доколку постарите членови оценат дека сте доволно убав за да се најдете меѓу нив. Така, оваа интеренет страница соопшти дека само изминатава зима исклучила од своето членство околу пет илјади членови кои во меѓувреме се здебелиле, со што веќе не ги задоволувале критериумите за убавина.„Ако дозволиме дебелките да ја преплават нашата страница, ќе го доведеме во опасност нашиот деловен концепт заради кој и беше формирана страницата“, изјавил Роберт Хајнц, кој е основачот на оваа интернет страница.Тој и неговите истомисленици сега во „борбата против грдоста“ преземаа друга иницијатива популаризирајќи го сервисот преку кој, како што вели, би се раѓале само убави луѓе. Вработен во овој портал, Грег Хоџ изјавил дека од то анемаат никаква директна фиансиска полза, туку само одговараат на барањата на убавите донатори. Првично оваа банка биал замислена да биде наменета за убавите луѓе, но сега би сакале да им помогнат преку неа и на грдите за да им овозможат да имаат убави деца. Тој смета дека убавите не смеат да бидат себични на своите одлични гени. Во BeautifulPeople.com се инаку вклучени повеќе од 600 илајди луѓе од 190 земји во светот. Најмногу членови се од Шведска, Бразил и Норвешка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.
Забава
Повеќе земји најавуваат бојкот на Евровизија ако настапи Израел

Неколку европски држави, меѓу кои Ирска, Словенија, Шпанија, најавија дека нема да учествуваат на Евровизија 2026 доколку настапува Израел. Радиодифузерите своите ставови ги темелат на, како што велат, „неприфатливата состојба во Газа и големиот број цивилни жртви“.
Исланд сè уште ја разгледува својата позиција и чека исход од консултациите во Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Оттаму велат дека разбираат колку е прашањето чувствително и дека продолжуваат разговори со сите членки за да се најде решение.
Наредното издание на Евровизија треба да се одржи во мај во Виена, а телевизиите имаат рок до средината на декември да потврдат учество. Во меѓувреме, повеќе од 70 поранешни натпреварувачи потпишаа писмо со кое бараат Израел да биде исклучен од фестивалот.