Забава
Уште едно пиво додека чекал да го спасат

Пијан возач се превртел со автомобилот и останал заробен во него, па додека ги чекал спасувачите да ги извлечат, отворил уште една лименка пиво, било кажано пред судот во Нов Зеланд
Пол Најџел Снедон (47) се изјаснил како виновен за небрежност во возењето, како и за возење во пијана состојба, откако во крвта му била измерена трипати поголема концентрација на алкохол од дозволеното во областа Палмерсон Норт, пишува новозеландскиот весник Доминион пост.
Полицијата го нашла Снедон, поранешен пекар, заробен во својот превртен автомобил „форд лејсер“, како пие пиво од лименка откако не можел да ја фати кривината и поминал низ дрвена ограда.
Адвокатот што го бранел пијаниот возач на суд рекол дека тој не можел да ја отвори вратата на автомобилот: „Тој немал што друго да прави додека чекал, па зел уште едно пиво“.
Кога полицијата го прашала Снедон колку има испиено, тој рекол: „Многу. Пијам веќе четири дена непрекинато.“
Снедон кој се разделил од својата жена, за весникот Велингтон вели дека отишол да се напие нешто откако ја изгубил работата во пекарницата, а истиот ден разбрал дека на татко му му дијагностицирале рак на простата.
Судијата одредил Снедон да плати глоба од 1.100 новозеландски долари (780 американски) и му ја одзел возачката дозвола на 10 месеци.
Ова било прв прекршок за Снедон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.
Забава
Повеќе земји најавуваат бојкот на Евровизија ако настапи Израел

Неколку европски држави, меѓу кои Ирска, Словенија, Шпанија, најавија дека нема да учествуваат на Евровизија 2026 доколку настапува Израел. Радиодифузерите своите ставови ги темелат на, како што велат, „неприфатливата состојба во Газа и големиот број цивилни жртви“.
Исланд сè уште ја разгледува својата позиција и чека исход од консултациите во Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Оттаму велат дека разбираат колку е прашањето чувствително и дека продолжуваат разговори со сите членки за да се најде решение.
Наредното издание на Евровизија треба да се одржи во мај во Виена, а телевизиите имаат рок до средината на декември да потврдат учество. Во меѓувреме, повеќе од 70 поранешни натпреварувачи потпишаа писмо со кое бараат Израел да биде исклучен од фестивалот.