Контакт

Забава

Руските агенти кои сееја паника во САД

Објавено пред

Во контекстот на големата шпионска афера во Америка во која се уапсени десет лица кои шпионирале за Русија, САД се потсетуваат на агентите на КГБ кои им овозможија на советите да дојдат до атомската бомба

dobivaj vesti na viber

Олдрих Ејмс бил поранешен контраразузнавачки агент на CIA кој во 1994 г. беше осуден за шпионажа во полза на Советскиот сојуз. За СССР почнал да работи кога западнал во финансиски тешкотии влегол во советската амбасада во Вашингтон и ги понудил тајните во замена за пари. Информациите кои ги предал компромитирале повеќе од стотина агенти на CIA што резултирало со ликвидации на најмалку десет од нив. Американската Централна разузнавачка агенција забележала претходно дека и’ истекуваат информации, но нејзиното раководство одбивало да поверува дека има „крт“ и упорно сметало дека е прислушувано.Ејмс бил уапсен и осуден на доживотен затвор. Џулиус и Етел Розенберг биле американски комунисти кој на Советскиот сојуз му проследувале информации за американските нуклеарни тајни програми. Се запознале во 1936 г. и имале два сина. КГБ  го регрутирала Џулиус во 1942 г. и набрзо станал еден од нивните најважни агенти кој пренел илјадници вредни документи. Двајцата биле прогласени виновни за шпионажа и погубени на електрична столица во сојузниот затвор Синг Синг во 1953 г. Џорџ Ковал бил агент на КГБ кој успеал да се инфилтрира во важниот таен проект на САД „Мехнетен“, кој го водела владата за развој и производство на атомска бомба. Дејствувал под коднотот име „Делмар“ а умрел 2006 г. во Москва. Се смета дека неговите информации до кои дошол работејќи во американските атомски истражувачки лаборатории помогнале СССР да направи нуклеарна бомба. Поранешниот руски претседател и актуелен премиер Владимир Путин и самиот поранешен припадник на КГБ, постхумно го одликувал со медалот „Херој на Русија“.Роберт Хасен бил поранешен агент на FBI кој цели 22 години, од 1979 до 2001 г. работел како шпион за советските и за руските тајни служби. Осуден е бидјеќи во текот на тој период на Русите им продавал американските врвни тајни за дијаманти и пари, од што заработил милион ипол долари. Неговиот случај во САД се смета за можеби најлошиот разузнавачки пораз во американската историја а осуден е на доживотен затвор без право на помилување. Денес во Русија наследник на советскиот КГБ е СВР (Служба внешнеј разведки) или разузнавачка служба за работа во странство која наводно има 13 илјади луѓе и годинава прославува 90-годишниот јубилеј, од Советскиот сојуз како НКВД.Како наследник на КГБ за која работел и премиерот Владимир Путин во времето пред распадот на СССР во Источна Германија, во Дрезден., е задолжена за прибирање информации во странство. Вториот наследник на КГБ е ФСБ, односно Федералната разузнавачка служба руски пандан на американското FBI која се занимава со контраразузнавачка дејност и внатрешната безбедност. СВР смета дека наместо како во ерата на Студената војан кога се заговарал ткн. глобализам и се стремело да се постави агент во секоја земја каде имало присуство ан западните разузнавачки служби, сега работите се многу променети. СВР наводно сега работи во оние региони во кои Русија има вистински интереси.

Хемингвеј бил советски шпион!?



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Барале клуч од трактор и ископале римско злато: „Ја ставив раката во калта и ги почувствував монетите“

Објавено пред

Во малото холандско место Буник, во провинцијата Утрехт, е откриено исклучително вредно археолошко откритие: 404 златни и сребрени монети од римско и британско потекло. Најстарите датираат од 200 година пред нашата ера, а најновите од времето на римската инвазија на Британија во 47 година од нашата ера.

dobivaj vesti na viber

Богатството било закопано во поле на длабочина од само 30 сантиметри, и најверојатно му припаѓало на римски центурион – како воен плен од освојувањата на Британија. Неговата вредност одговара на речиси 11-годишна плата на обичен римски војник.

Откритието во октомври 2023 година го направиле двајца истражувачи со метален детектор – Рејниер Колинк и Герд-Јан Меселар – кои всушност барале изгубен клуч од трактор. Наместо тоа, наишле на првите неколку монети и продолжиле да копаат во блиското калливо поле.

„Кога детекторот реагираше, ставив рака во калта и веднаш почувствував дека допирам монети“, изјавил Герд-Јан за локалните медиуми.

Првично биле пронајдени 381 монета, а по пријавувањето, Холандската национална агенција за културно наследство пронашла уште 23. Меѓу нив има:

72 златни римски ауреи, 288 сребрени монети (од 200 пр.н.е. до 47 г.н.е.), 44 златни британски статери со име на кралот Кунобелин (владеел 9–40 г.н.е.).

Некои од британските монети веројатно се ковани постхумно од страна на неговите синови Тогодумн и Каратак. Една од римските монети го прикажува Јуба I, крал на Нумидија (денешен Алжир), а други — императорот Клаудиј.

Фактот дека некои монети се во одлична состојба и не покажуваат траги од користење, укажува дека биле закопани веднаш по исплата, можеби по успешна воена кампања.

Прикажи повеќе...

Забава

Емилија Кларк се повредила при снимање експлицитна сцена во новата серија

Објавено пред

Актерката Емилија Кларк (39), позната по улогата во „Игра на тронови“, откри дека се повредила на сетот на новата серија Ponies, додека снимала експлицитна сцена.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за The Wrap, Кларк изјавила дека при снимањето на долга интимна сцена со тројца мажи, почувствувала болка и подоцна ѝ било утврдено дека има повреда на едно ребро.

„Само реков: ќе седнам тука, вие доведете ги, а ние ќе се правиме дека имаме секс. Тој ден си го повредив реброто“, изјавила Кларк, со доза на хумор. Додала и дека на лекар отворено рекла: „Секс. Три пати.“

Нејзината колешка од серијата, Хејли Лу Ричардсон, го потврдила инцидентот, коментирајќи дека „Емилија е толку ситна и чувствителна, затоа ѝ се случило тоа“.

Кларк прецизирала дека реброто не е скршено, туку само „малку се поместило“.

Серијата Ponies е премиерно прикажана на 15 јануари на стриминг-платформата Peacock. Кларк и Ричардсон играат две американски секретарки кои работат во амбасадата на САД во Москва во 1970-тите. По мистериозната смрт на нивните сопрузи – агенти на ЦИА – тие започнуваат потрага по вистината и се соочуваат со завера.

Иако Кларк има искуство со снимање интимни сцени, особено од „Игра на тронови“, ова е првпат ваква сцена да резултира со повреда.

Сè уште не е познато кога серијата Ponies ќе стане достапна и за гледачите надвор од САД.

Прикажи повеќе...

Забава

Гвинет Палтроу призна: „Изгубив улога поради разводот“

Објавено пред

Американската актерка и оскаровка Гвинет Палтроу изјави дека ѝ била одземена улога во филм поради медиумското внимание што го предизвика нејзиниот развод со фронтменот на групата „Колдплеј“, Крис Мартин.

dobivaj vesti na viber

Во подкастот „Гуд ханг“ со Ејми Полер, Палтроу откри дека разводот од 2014 година оставил последици врз нејзината кариера.

„Требаше да снимам филм во тој период, веднаш по објавата за разделбата со Крис, а тогаш во медиумите се објавуваа многу остри изјави. Мислам дека дистрибутерот рече: Ова можеби ќе биде премногу за филмот“, изјави Палтроу.

Актерката и музичарот беа на насловни страници ширум светот кога објавија дека се разделуваат по повеќе од една деценија брак и две деца.

„Пред сè, ние сме родители на две неверојатно прекрасни деца и молиме за почитување на нашиот и нивниот простор и приватност во овој тежок период“, стоеше во нивната заедничка изјава тогаш.

Палтроу не откри детали за филмот или продукциската куќа, но јасно стави до знаење дека одлуката ѝ била тешко прифатлива.

„Тоа беше прекрасно – се разведував, па потоа ме отпуштија“, рече иронично.

Таа додаде дека верува оти нивната намера – да избегнат бурен развод – била погрешно сфатена од јавноста.

И покрај сè, Палтроу и Мартин останале во добри односи и по официјалниот развод во 2016 година. Во 2019 година, актерката откри дека Крис им се придружил на неа и нејзиниот сегашен сопруг, Бред Фалчук, на меден месец, заедно со нивните деца.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Брисел со поддршка за Данска и Гренланд; Фон Дер Лајен порача: Царините на Трамп се закана за трансатлантските односи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предупреди на опасноста од воведување царини, кои, според неа, би ги поткопале...

Свет6 часа

Трамп воведува царини за 8 европски земји: „Ќе плаќаат додека не го преземам Гренланд“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави бран зголемување на царините за европските сојузници додека на САД не им биде дозволено...

Македонија8 часа

(Видео) Филипче и Заев сакале да му ја земат болницата на Жан Митрев, Обвинителството да истражи, порача Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран...

Македонија10 часа

Филипче го повика Жан Митрев да оди кај обвинител и да поднесе кривична, најави и тужби: „Ова не е политика, сега ќе ги тужам“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува, како што рече, јавен линч против него преку лаги,...

Македонија10 часа

Вандализиран паркот „Бановина“ во Аеродром – искршена урбаната опрема, оштетена фонтаната, а провалено е и во чуварската куќа

Општина Аеродром најостро го осуди вандалскиот чин што се случил синоќа во паркот Бановина, каде што била сериозно оштетена јавната...

Топ12 часа

Обвинение за помагачите во бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена на Народен фронт

Обвинителството поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за помагање, во случајот со 18-годишникот од Скопје...

Македонија14 часа

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории,...

Свет16 часа

„Не го чепкајте Гренланд“: Масовни протести во Данска и Нуук против плановите на Трамп

Големи протести против најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во...

Свет16 часа

Украинска делегација заминува во САД за појаснување на условите за можен мировен договор со Русија

Украинските преговарачи патуваат во Соединетите Американски Држави за да ги разјаснат условите за евентуален мировен договор со Русија, изјави претседателот...

Спорт1 ден

Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото...

Свет1 ден

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет1 ден

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија1 ден

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...

Македонија1 ден

Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот и скршил ребро: скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично...

Македонија1 ден

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...

Македонија2 дена

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет2 дена

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...

Топ2 дена

Почината жена пронајдена во стан во Струга

Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското...

Европа2 дена

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет2 дена

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...