Забава
Рускиот математички гениј повторно одби милион долари
Рускиот математички гениј Григориј Перелман откако го реши математичкиот проблем поставен пред сто години познат како Поинкареова хипотеза уште еднаш ја одби наградата од милион долари
The Clay Mathematics Institute (CMI) од Кембриџ соопшти дека Григориј Перелман ги зивестил повторно дека нема да ја подигне наградта од милион доалри која беше распишана за решавање на математичкиот проблем стар цел еден век. „Ја одбив наградата, Галванат причина е несогласувањето со организиаранат математичак заедница. Не ги сакам нивнит еодлуку. Сметам дека не се чесни“, изјави Перелман во петок за агенцијата Интерфакс.Генијалниот математичар и во март одби да ја прими наградата од милион долари која ја освои бидејќи во 2002 г. го откри решението на повеќе од сто години стариот математички проблем Поинкареовата хипотезаЧетириесет ичетри годишниот Перелман живее во Санкт Петербург во многу скромни услови а истовремено е најпаметниот човек на светот.Тој и покрај скромните животни услови генијалецот тогаш а Daily Mail изјави дека не му се потребни ниту слава, ниту пари, објаснувајќи дека од таа причина и одбил да го прими и престижниот медал кој му го додели Меѓународниот сојуз на математичарите, исто така за решавањето на Поинкареовата хипотеза.Clay Mathematics Institute (CMI) пред многу години објави дека ќе додели награда од милион долари за оној што ќе понуди точно решение на овој математички проблем кој со децении им задаваше главоболки на врвните светки математички научници и математичари.До 2003 г. Перелман работел како истражувач во престижниот Математички институт Стеклов во Санкт Петербур, кој го напуиштил а истата таа година во Кембриџ го испратил ни решението на Поинкареовата хипотеза. Институтот Клеј неговото решение го подвргнал на строги проверки, по кои дури по четири години е востановено дека решението на Перелмна е точно и дека рускиот математичар ја заслужува наградата.Меѓутоа Перелман ги одби и парите и медалот, објаснувајќи дека тоа не му е потребно, бидејќи „има се’ што посакува“ и дека парите и славата не го интересираат.По оваа изјава, медиумите се заинтересираа за овој генијалец чија постапка е несфатлива за другите луѓе, откривајќи дека тој живее во мал стан во вториот по големина руски град, во кој од покуќнина има само една маса, кревет и шифоњер.Поинкареовата хипотенуза инаку е еден од седумте математички проблеми за шие решение кембричкиот математички институт распишал милион долари, а всушност претставува тополошки проблем според кој секој тродимензионален простор кој нема дупки, е поврзан и конечен, всушност е еквивалентен на развлечена сфера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Барале клуч од трактор и ископале римско злато: „Ја ставив раката во калта и ги почувствував монетите“
Во малото холандско место Буник, во провинцијата Утрехт, е откриено исклучително вредно археолошко откритие: 404 златни и сребрени монети од римско и британско потекло. Најстарите датираат од 200 година пред нашата ера, а најновите од времето на римската инвазија на Британија во 47 година од нашата ера.
Богатството било закопано во поле на длабочина од само 30 сантиметри, и најверојатно му припаѓало на римски центурион – како воен плен од освојувањата на Британија. Неговата вредност одговара на речиси 11-годишна плата на обичен римски војник.
Откритието во октомври 2023 година го направиле двајца истражувачи со метален детектор – Рејниер Колинк и Герд-Јан Меселар – кои всушност барале изгубен клуч од трактор. Наместо тоа, наишле на првите неколку монети и продолжиле да копаат во блиското калливо поле.
„Кога детекторот реагираше, ставив рака во калта и веднаш почувствував дека допирам монети“, изјавил Герд-Јан за локалните медиуми.
Првично биле пронајдени 381 монета, а по пријавувањето, Холандската национална агенција за културно наследство пронашла уште 23. Меѓу нив има:
72 златни римски ауреи, 288 сребрени монети (од 200 пр.н.е. до 47 г.н.е.), 44 златни британски статери со име на кралот Кунобелин (владеел 9–40 г.н.е.).
Некои од британските монети веројатно се ковани постхумно од страна на неговите синови Тогодумн и Каратак. Една од римските монети го прикажува Јуба I, крал на Нумидија (денешен Алжир), а други — императорот Клаудиј.
Фактот дека некои монети се во одлична состојба и не покажуваат траги од користење, укажува дека биле закопани веднаш по исплата, можеби по успешна воена кампања.
Забава
Емилија Кларк се повредила при снимање експлицитна сцена во новата серија
Актерката Емилија Кларк (39), позната по улогата во „Игра на тронови“, откри дека се повредила на сетот на новата серија Ponies, додека снимала експлицитна сцена.
Во интервју за The Wrap, Кларк изјавила дека при снимањето на долга интимна сцена со тројца мажи, почувствувала болка и подоцна ѝ било утврдено дека има повреда на едно ребро.
„Само реков: ќе седнам тука, вие доведете ги, а ние ќе се правиме дека имаме секс. Тој ден си го повредив реброто“, изјавила Кларк, со доза на хумор. Додала и дека на лекар отворено рекла: „Секс. Три пати.“
Нејзината колешка од серијата, Хејли Лу Ричардсон, го потврдила инцидентот, коментирајќи дека „Емилија е толку ситна и чувствителна, затоа ѝ се случило тоа“.
Кларк прецизирала дека реброто не е скршено, туку само „малку се поместило“.
Серијата Ponies е премиерно прикажана на 15 јануари на стриминг-платформата Peacock. Кларк и Ричардсон играат две американски секретарки кои работат во амбасадата на САД во Москва во 1970-тите. По мистериозната смрт на нивните сопрузи – агенти на ЦИА – тие започнуваат потрага по вистината и се соочуваат со завера.
Иако Кларк има искуство со снимање интимни сцени, особено од „Игра на тронови“, ова е првпат ваква сцена да резултира со повреда.
Сè уште не е познато кога серијата Ponies ќе стане достапна и за гледачите надвор од САД.
Забава
Гвинет Палтроу призна: „Изгубив улога поради разводот“
Американската актерка и оскаровка Гвинет Палтроу изјави дека ѝ била одземена улога во филм поради медиумското внимание што го предизвика нејзиниот развод со фронтменот на групата „Колдплеј“, Крис Мартин.
Во подкастот „Гуд ханг“ со Ејми Полер, Палтроу откри дека разводот од 2014 година оставил последици врз нејзината кариера.
„Требаше да снимам филм во тој период, веднаш по објавата за разделбата со Крис, а тогаш во медиумите се објавуваа многу остри изјави. Мислам дека дистрибутерот рече: Ова можеби ќе биде премногу за филмот“, изјави Палтроу.
Актерката и музичарот беа на насловни страници ширум светот кога објавија дека се разделуваат по повеќе од една деценија брак и две деца.
„Пред сè, ние сме родители на две неверојатно прекрасни деца и молиме за почитување на нашиот и нивниот простор и приватност во овој тежок период“, стоеше во нивната заедничка изјава тогаш.
Палтроу не откри детали за филмот или продукциската куќа, но јасно стави до знаење дека одлуката ѝ била тешко прифатлива.
„Тоа беше прекрасно – се разведував, па потоа ме отпуштија“, рече иронично.
Таа додаде дека верува оти нивната намера – да избегнат бурен развод – била погрешно сфатена од јавноста.
И покрај сè, Палтроу и Мартин останале во добри односи и по официјалниот развод во 2016 година. Во 2019 година, актерката откри дека Крис им се придружил на неа и нејзиниот сегашен сопруг, Бред Фалчук, на меден месец, заедно со нивните деца.

