Контакт

Забава

Македонците ги прават среќни слободата и мирот

Објавено пред

Семејството и пријателите се најважни за речиси сите луѓе во светот.

dobivaj vesti na viber

Македонија и Скопје се 115-та дестинација што ја посетија Амбасадорите на среќа на Кока Кола во рамките на нивната глобална авантура „Експедиција 206“ која е именувана според вкупниот број на земји кои ќе бидат посетени, а кој се  поклопува со местата на планетата каде може да се купи овој популарен пијалак. Интернационалниот тим Амбасадори на среќата составен од американецот Тони Мартин, вработен како наставник во детска градинка во Германија, како и студентите Кели Ферис од Белгија и Антонио Сантијаго од Мексико имаа уникатна мисија – да дознаат што ги прави среќни луѓето во различни делови од светот и тоа да го споделат со останатите луѓе на платената.Тие велат дека во светот сите луѓе слични нешта ги прават среќни, а тоа се семејството и пријателите. Овде биле изненадени од одговорот што слободата и мирот ги прави Македонците среќниТимот на „Експедиција 206“ беа избрани по пат на on-line гласање во кое учествувале над 150.000 луѓе.Овие тројца авантуристи се повеќе од семејство и пријатели во изминативе шест месеци. Авантурата ќе ја доживуваат уште два месеци, а патот во преостанатите држави треба да го завршат во септември.

„Низ ова прекрасно и чудесно патување низ целиот свет, она што е значајно е што горе долу ги добивавме истите одговори. Концептот на среќата не се разликува многу насекаде, туку се разликува според она како луѓето ги прават истите работи на различни начини.И тука во Македонија добивме одговор дека најбитни работи на луѓето во Македонија им се семејството и пријателите.Овде луѓето сакаат да ги соберат своите пријатели и да излезат на кафе, да се прошетаат, да слушаат добра музика, да се забавуваат да уживаат во сонцето, што е различно од Сенегал каде луѓето сакаат да седнат со семејството дома и да имаат заеднички оброк.За првпат овде добив одговор дека она што луѓето ги прави среќни е слободата и мирот.“ изјави Тони. По изминати 400.000 километри и 180 дена непрекинато патување. Амбасадорите на среќата допатуваа од нивната претходна дестинација – Словенија и имаа можност да ги впијат уникатните моменти на среќа што ги нуди ноќниот живот на Скопје, а во текот на денот да прошетаат и по улицата „Македонија“, каде можеа од прва рака да слушнат што е она што ги прави среќни луѓето од овој град и оваа земја.

„Импресиониран сум од ведрината и енергијата на луѓето што ги сретнавме  и на нивните пораки и чувства за сето она што ги прави посреќни. Колку и да се различни нивните приказни, сите тие се поврзани кон љубовта кон својата земја што сакаат да ја споделат со целиот свет. Среќен сум што имав можност да ја посетам Македонија и овој прекрасен град и да го раскажам на целиот свет моето прекрасно искуство и дружење со луѓето од оваа земја со големо срце“, додаде  Мартин.

Лично за него среќата е во страста на фотографот кога слика или сликарот кога црта. Среќен е кога ги прави работите што ги сака.Патувањето е она што заеднички ги прави среќни членовите на овој авантуристички тип.

Најоригиналниот одговор за среќата го добиле од еден човек од Мексико кога им кажал дека среќен го прави мирисот на неговата жена бидејќи ја сака. Топлината и желбата на нашиот народ некому да му се помогне е впечатокот кој ќе го понесат од оваа земја. Не се подготвуваат кога посетуваат некоја земја ниту пак имаат зацртани мести кои сакаат да ги посетат. Работите, сакаат спонтано да им се случуваат. Кога се дома тотално се  збунети поради патувањата и не можат долго време да останат во едно место. Тие се луѓе од акција.По прошетката и средбите со граѓаните на улицата „Македонија“, на Амбасадорите на среќата им беше предадена и специјално дизајнирирано шише Кока Кола кое ја содржи македонската порака за среќа до останатиот дел од светот. Симболично, токму македонската порака за среќа содржана во специјално дизајнирано шише на која доминира големото срце во форма на сонце им беше предадена на Амбасадорите на среќата пред споменикот на Мајка Тереза.

Во пораката, напишана во форма на добредојде за било кој светски добронамерник меѓу другото пишува: „Вие сте во земјата на вечното сонце, на земјата на среќните луѓе. Вие сте во градот на солидарноста и хуманизмот.“

На крајот од 365 дневната глобална авантура на Амбасадорите на среќата на Кока Кола, шишето со пораката за среќа од Македонија ќе биде дел од уникатна колекција на вкупно 206 шишиња со пораки за среќа од сите краеви на светот, која ќе биде изложена во музејот „Светот на Кока Кола” во седиштето на компанијата во Атланта, САД.

Сите свои активности, дестинации, средби, искуства и пораки  амбасадорите на среќата на Coca-Cola ги споделуваат со целиот свет преку а можат да се видат и доживеат и преку популарните социјални мрежи фејсбук, твитер…



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Објавено пред

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена и ги носи Забрањено пушење, кои годинава одбележуваат јубилејни 40 години од првиот студиски материјал „Das ist Walter“, најдоброто од Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе со неговиот бенд и екс-ју ретроспективата на Rootboy Selector.

dobivaj vesti na viber

Јубилеј слави и домаќинот „Фреш унион“ – полни 20 години од првиот настан и стартот на реализацијата на идејата за развој на урбаната музичката култура. 20 години за портфолио во коe се запишани соработки со светски познати имиња, но и еминентни имиња од Балканот и, секако, дел од домашната музичка елита.

Овогодинешното издание на С.О.С. фестивалот е закажано на 15 јуни, со почеток во 20:00 часот, на Ракометно игралиште во Битола, и тоа ќе биде своевидно музичко патување низ времето и уживање во хитовите на Забрањено пушење – „Зеница блуз“, „Хаџија или бос“, „Гузоњин син“, „Памтим то као да је било данас“, „Можеш имат моје тијело“… ќе имате можност да го чуете и „Најдоброто од Игор Џамбазов“ придружуван од неговиот Гуру Харе со својот бенд. Планирана е изведба на неговите најголеми хитови: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје – Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, „Во бестрага“, на материјалот од новиот албум „Првите триесет“, како и анегдоти од над 30-годишната кариера.

Прикажи повеќе...

Забава

Хороскопски знаци кои го пикаат носот секаде: ги интересира се и повеќе отколку што треба

Објавено пред

Хороскопските знаци кои го пикаат носот насекаде се оние кои се обидуваат да дознаат за работи кои апсолутно не ги засегаат.

dobivaj vesti na viber

Хороскопските озборувачи се и хороскопските знаци кои сакаат да знаат сè и ништо не им бега. Тие се многу љубопитни и имаат тенденција да го пикаат носот дури и во ситуации кои не се нивна работа, или поради озборувања или затоа што само сакаат да ги имаат сите информации и да бидат разузнавачка служба која може да има контрола над сите.

Хороскопски знаци кои го пикаат носот насекаде

Близнаци
Ова е знакот што прво на сите им паѓа на ум. Тие се луди по озборувања и сакаат да знаат сè. Ништо не им бега и лесно ќе научат сè за никого. Дури и тој да разговара со вас, а некои други да зборуваат малку подалеку, тие сигурно со едно уво слушаат што се случува. Близнаците извршуваат повеќе задачи и можат многу работи одеднаш.

Шкорпија
Вторите на листата дефинитивно се Шкорпиите и тоа не е случајно. Тие делумно гледаат на озборувањата како на антишпионска алатка. Колку повеќе знаат, толку е полесно да се заштитат. Тие ве имаат во свои раце и можат да го искористат она што го знаат за вас во секое време против вас. Таа го слуша секој разговор, набљудува и надгледува сè и тешко ќе го скриете она што таа сака да го знае.

Бик
Ова е можеби изненадувачки бидејќи никој не очекува Бикот на оваа листа. Можеби изгледаат сериозно и одмерено, но треба да знаете дека се што ги интересира се тајните озборувања. Претставниците на овој знак сакаат да се мешаат во се, полни се со сомнеж и не веруваат никому. Во сè се многу слични на Шкорпијата. Иако овие знаци се хороскопски спротивни, тие имаат некои заеднички елементи како одмаздата која се сервира ладна.

Прикажи повеќе...

Hitech

(Видео) 7 милиони прегледи: Мајкрософт објави снимка со вештачка интелигенција на Мона Лиза како рапува

Објавено пред

Мајкрософт ја претстави новата технологија за вештачка интелигенција наречена VASA-1, која може да комбинира фотографија и аудио клип и да генерира реални видеа.

dobivaj vesti na viber

Тие ја претставија новата технологија со видео на кое Мона Лиза рапува на песната Папараци, но ова не е хит на Лејди Гага, туку рап песна што Ен Хатавеј ја напиша и изведе во ток-шоуто на Конан О’Брајан во 2011 година.

Видеото набрзо стана вирално и беше прегледано повеќе од 7,1 милиони пати на само еден профил на „Икс“.

„Ова е толку смешно, плачев од смеење“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“, „Кога би можел Да Винчи да го види ова“, се дел од коментарите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија16 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија17 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ20 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија20 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет22 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет22 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет23 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион23 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет23 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија1 ден

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија2 дена

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија2 дена

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ2 дена

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија2 дена

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија2 дена

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија2 дена

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...