Забава
По парадата на ѕвездите вечерва дожд од метеори
Вечерва од полноќ на небото барем оние кои ќе имаат добра видливост ќе може да го видат метеорскиот дожд Персеида
Оваа појава трае веќе три седмици а годинава својата кулминација ќе ја доживеа ноќта меѓу 12 и 13-ти август кога во интервал од најмногу еден час на вечерното небо ќе може да се видат стотици метеорити. Станува збор за остатоци од од кометата Свифт-Татл, откриена во 1862 г. видлива секоја година во август кога Земјата минува низ остатокот од нејзината „опашка“. Земјата тогаш влегува во облак од прашина и гасови па честичките се судираат со атмосферата од нашата планета со брзина од 200 илјади километри на час и согорувајќи оставаат зад себе светлосна трага на небото. Слични појави на метеорски роеви (дождови) може да се забележат и другпат во текот на календарската година.Метеорскиот дожд Персеида најдобро може да се види од полноќ до мугри, и тоа да се одбере што позатемнето место за набљудување, а идеално би било да може да излезете од големиот осветлен град или да се искачите на некое возвишение.На овој природен феномен, на 6-ти август му претходеше друг редок феномен кој можеше да се види на небото – ткн. дефиле на планетите, кога во еден мал дел од небото се најдоа одеднаш три планети: Венера, Марс и Сатурн, во чија близина беше видлив и Меркур. Парада на планетите се нарекува феноменот кога неколку планети се многу блиску една до друга, од гледна точка на набљудувач на Земјата. Изгледа како да стојат во иста линија, а научниците сметаат дека е попрецизно да се каже дека – стојат од една страна на Сонцето. Венера, Марс и Сатурн во деновите на „парадата на планетите“ можеа да се видат во соѕвездието Девица, Меркур кусо време се појави на небото по зајдисонце во соседното соѕвездие Лав.Почнувајќи од 12 август, ним им се приклучува и растечката Месечина, а во исто време ќе доживее кулминација ова своевидно вселенско шоу со дождот од метеори Персеида, кога во еден миг на небото ќе „паднат“ стотици метеори – „ѕвезди што умираат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Ми делуваше како некој дедо“: Сара Фостер за состанокот со Џорџ Клуни кога имала 19 години
Сара Фостер откри дека во 1990-тите, кога имала 19 години, била на состанок со Џорџ Клуни, но искуството за неа било „многу непријатно“. Состанокот ѝ го договориле Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер.
Во подкастот The World’s First Podcast, Фостер раскажа дека веднаш почувствувала дека состанокот е „тотално не“, додавајќи дека Клуни ѝ изгледал „како дедо“ и дека разликата во години ѝ била многу чудна. Таа истакна дека никогаш не ги разбирала врските меѓу 19-годишни девојки и многу постари мажи.
„Сигурна сум дека Џорџ Клуни е супер човек, но се сеќавам дека сите четворица седевме на маса, а јас во главата си мислев: ‘Сакам да пропаднам во земја.’ Тој ми делуваше како некој ‘дедо’. Навистина ми беше многу непријатно. Бев тотално во лоша состојба“, раскажа таа.
Фостер смета дека ни Клуни не бил особено заинтересиран и дека состанокот бил резултат на добра намера на заедничките пријатели. Подоцна, таа беше во долга врска со тенисерот Томи Хас, со кого има две ќерки. Клуни, пак, е во брак со Амал Клуни од 2014 година и имаат близнаци.
Фото: ЕПА
Забава
Им треба секунда да се налутат: Најексплозивните хороскопски знаци
Според астролозите, постојат хороскопски знаци кои тешко ги контролираат емоциите и можат да „експлодираат“ за миг. Ова се трите најтемпераментни:
Овен
Овните се исклучително импулсивни и често реагираат без многу размислување, особено кога чувствуваат притисок или провокација. Не сакаат чекање и ограничувања, па нивните испади знаат да бидат нагли и бурни. Лутината им е силна, но краткотрајна – брзо се смируваат, како ништо да не се случило.
Лав
Лавовите најсилно реагираат кога се чувствуваат потценети или игнорирани. Нивниот темперамент е тесно поврзан со гордоста и потребата за почит. Лутината ја покажуваат отворено – со глас, гестикулации или директна конфронтација – но доколку добијат признание или извинување, брзо се смируваат.
Шкорпија
Шкорпиите не „експлодираат“ гласно, но нивните реакции се длабоки и интензивни. Најмногу ги погодуваат предавство и неискреност. За разлика од Овенот и Лавот, ним им треба повеќе време да се смират, а нарушената доверба тешко се обновува.
Забава
Кучер со пофалби за поранешната сопруга: Горд сум на неа, растури
Актерот Ештон Кучер ретко зборува јавно за својата поранешна сопруга Деми Мур, но овојпат направи исклучок и јавно ја пофали нејзината работа.
Промовирајќи ја својата нова серија The Beauty, Кучер во интервју за Entertainment Tonight се осврна на филмот The Substance („Супстанца“) од 2024 година, во кој глуми Мур.
„Нејзината улога во Супстанца доби исклучителни пофалби и навистина сум многу горд на неа – растури“, изјави Кучер.
Мур и Кучер започнаа врска во 2003 година, се венчаа во 2005, а за разделбата информираа во 2011 година. Разводот беше финализиран околу две години подоцна. Иако Мур во мемоарите Inside Out наведе дека Кучер ѝ бил неверен, актерот во 2020 година изјави дека меѓу нив „нема зла крв“.
Кучер додаде дека не се дружат, но дека останал во контакт со ќерките на Мур од бракот со Брус Вилис, нагласувајќи дека има голема љубов и почит кон нив.

