Забава
Американка го тужи Пајо Пaторот

Американската Ејприл Маголан одлучила да ја тужи компанијата „Волт Дизни” поради тоа што е еден од вработените облечени како „Пајо Паторот“, ја фатил за градите додека била во забавниот парк „Дизни Ворлд”, во Флорида, пренесува „Дејли мејл”.
Американската Ејприл Маголан одлучила да ја тужи компанијата „Волт Дизни” поради тоа што е еден од вработените облечени како „Пајо Паторот“, ја фатил за градите додека била во забавниот парк „Дизни Ворлд”, во Флорида, пренесува „Дејли мејл”.
Иако инцидентот се случил во 2008-та, Ејприл Маголан (27) дури сега одлучила да подигне судска постапка против компанијата, за претрпен стрес.
Маголан од Делавер, мајка на две деца, изјави дека таа била сексуално злоупотребена од страна на еден од вработените, кога се приближила до него за да земе автограм.
Таа сега бара оштета од 50 илјади долари поради тоа што сеуште страда од последиците на инцидентот.
Жената тврди дека претрпела “шок за целиот нервниот систем“, и затоа страда од несоница, главоболка, анксиозност, кошмари, проблеми со варењето и други здравствени проблеми./ крај/блиц/сс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Тамара Тодевска со емоционална преработка на стариот евергрин – „Време за плачење“

Некои песни се безвременски… Остануваат засекогаш, како сведоци на времето во кое се создадени, носејќи во себе универзална порака за сите времиња. Најмногу кога душата искината на парчиња непреболно тагува. Тогаш кога емоциите го надвладуваат разумот, кога болката го гушнала траорот, а молкот царува во прегратките на тишината, тогаш веројатно најсилно одекнува песната која во себе носи стихови кои имаат само едно значење… „Време (е) за плачење“.
Ако оригиналната латино верзија на овој безвременски макфестовски евергрин го направи своето во таа 1992 година кога во изведба на Игор Џамбазов ја разбранува не само музичката јавност, денес ја добивме нејзината кавер верзија во една сосема поинаква форма. И музичка и аранжманска и изведбена, онака како што само Тамара Тодевска знае и умее вокално да ја донесе и испее, а Роберт Билбилов аранжмански и продукциски спакува.
„Време за плачење“ како симболика на мигот во кој се најдовме, во времето кое и после толку години никако да покаже каде (по)греши(в)ме, за најскапата цена се’ уште да ја плаќаме.
Овојпат, песната добива сосема поинаков сензибилитет преку аранжманот на Роберт Билбилов, кој како долгогодишен соработник и пријател на Тамара, со сенс за чувствителност и почит кон оригиналот, успева на песната да ѝ даде нова емоционална и аранжманска нота. Онаква, која совршено се впива во амбиентот на времето и деновите кои денес ги живееме, „Време за плачење“.
Нова верзија на старата латино тема трансформирана во клавирска анплагд балада, во која маестралната изведба на Тамара со сета нејзина вокална експресија и вдахнува нова душа на песната, изведба која во исто време и ја кине душата на парчиња, навирајќи ви солзи на очите додека ја слушате. Со автентична емоција и зрелост во изразот, со чувство кое ви предизвикува грутка во грлото и оловна тежина во градите, пренесувајќи ја нејзината безвременска порака за љубов, болка и лекување.
„Преку оваа песна им оддаваме почит на емоциите што ги носиме во себе, без разлика на времето што минува“ – како што вели Тамара.
Музиката и текстот на оригиналот на песната се дело на Томислав Которчевиќ, а новата верзија е издадена преку светски познатата музичка етикета Cafe De Anatolia, носејќи ја приказната на “Време за плачење” пред новите генерации слушатели.
Визуелниот идентитет на проектот е заокружен со впечатлив cover art изработен од Љубан Стамениќ, додека едноставното но, мошне ефектно црно-бело видео, кое дополнително ја пренесува емоционалната изведба на песната, е во режија на Зоран Зонде Стојановски.
Новата верзија на “Време за плачење” е достапна на сите дигитални платформи.
Забава
(Фото) Ева Лонгорија сè уште нема конкуренција на црвениот тепих

Доделувањето на наградите „Платино“ во Мадрид традиционално привлекува големо внимание, но ништо не може да се спореди со тоа кога се појавува Ева Лонгорија.
Прославената актерка Ева Лонгорија освои престижна награда на гореспоменатата церемонија на доделување награди и ја искористи можноста повторно да ги покаже своите модни вештини, како и секогаш.
Гламурот и елеганцијата се синоними за актерката која се прослави по улогата во серијата „Очајни домаќинки“, а многумина гледаат голема сличност меѓу неа и Габи Солис, барем кога станува збор за стилот.
За оваа пригода, популарната џебна Венера избра гламурозен црн фустан без прерамки со, секако, изразено деколте, кое беше украсено со сребрен ланец околу рабовите на фустанот.
Ева додаде дијамантски обетки на фустанот и трпеливо позираше за собраните фотографи.
Комплименти до актерката упати и Софија Вергара, која објави заедничка фотографија со емотивен опис.
„Ева, ти си најдобра и за сè што си направила за децата, но и за сите други луѓе на кои им помогна, ја заслужуваш оваа награда“, напиша Софија.
Забава
Удобен и освежително модерен: најпопуларниот фустан ова лето

Заборавете на тесните кроеви, проѕирните маички и фармерките со низок струк – летото 2025 година носи моден тренд кој е истовремено носталгичен, поетски и изненадувачки освежителен.
Во светот на модата, каде што границата помеѓу удобното и модерно релевантното е заматена секој ден, едно парче заслужува посебно внимание: ноќницата. И не, не е шега – овој навидум скромен памучен фустан стана најпосакуваната летна облека.
Инспирирани од фустаните што би очекувале да ги најдеме во винтиџ фиоки исполнети со лаванда и чипка, ноќницата од следната генерација сега доживува свој голем моден момент. Брендови како „Миу Миу“ и „Клое“ ја претставија на модните писти, а нејзините најлојални обожаватели денес се трендсетерки како Алекса Чунг, уредничка на британскиот „Вог“ и инфлуенсерка на Инстаграм.
Ноќница-фустан, (nightgown dress – како што сакаат да ја нарекуваат во меѓународните модни кругови) е лесна, мека облека, обично изработена од памук, поплин или лесен сатен. Се карактеризира со опуштени кроеви, пристојна чипка, карнери, вез и понекогаш дискретни ремени.
Го евоцира духот на минатите времиња, но во современите комбинации воопшто не изгледа старомодно – всушност, делува освежително модерно.
Додека до неодамна беше резервиран за домашна атмосфера или за ентузијасти, денес овој фустан сјае под сонцето како совршен избор за дневни прошетки, кафе на тераса и вечерни собири. Успешниот стил бара рамнотежа помеѓу романтиката и модерноста.
Модните стилисти препорачуваат комбинирање на овие фустани со цврсти чевли – како што се дебели сандали, кожни влечки или дури и мокасини. Дополнително, впечатливите чанти и накитот во слоеви ќе ви овозможат да не изгледате како штотуку да сте станале од кревет, туку да плените со изглед како да сте од моден едиторијал.
Подемот на овој тренд не доаѓа случајно. Во време исполнето со неизвесност, уморни ретроспективи и силуети кои бараат компромис со удобноста, фустанот-ноќница нуди модно бегство кое носи и физичка и емоционална удобност.
Потсетува на детството, едноставноста, тишината и смирувачките текстури.