Забава
Пронајден вистинскиот Квазимодо
Еден британски архивист е убеден дека го пронашол човекот кој го инспирирал славниот Виктор Иго за ликот на мистериозниот грбавко Квазимодо, ѕвонарот на Богородичната црвка во Париз од истоимениот познат роман на овој исклучителен француски автор
Ејдриан Глејв кој работи во архивот на лондонската галерија „Тејт“ вели дека го пронашол ликот на Французинот наречен Грбавкото (le bossu – фран.), проучувајќи ја обемната со рака пишувана автобиографија на Хенри Сибсон, англиски скулптор од 19-от век.Сибсон во 1820-те работел како вајар на реставрацијата на прекрасната катедрална црква „Нотр Дам“ во Париз која била оштетена во Француската буржоаска револуција од 1792 г. Англичанецот дошол во судир со еден од работодавачите по што барал друга работа во уметничките студија на тогашната француска влада, каде го запознал каменорезецот Тражан.Според ракописот на Сибсон, Тражан бил „најчесниот, најтоплиот и најмилиот човек кој некогаш постоел, работеше за државен вајар чие име го заборавив бидејќи не работев со него. Се што знам за него е дека бил грбавко и дека не сакал да се дружи со вајарите“, пишувало во записите на британскиот уметник кој работел во Париз.Архиварот, пак, вели дека по овие редови веднаш сфатил дека наишол на нешто значајно. „Како да сте ѕирнале во гробницата на Тутанкамон и сте здогледале нешто што ви го привлеко погледот“, вели Глејв.Тој потенцира дека Сибсон ги опишува француските занаетчии кои работле со него во истиот дел од Париз во кој во 1820-те живеел и Виктор Иго. А имајќи го предвид интересот на писателот за обновувањето на катердралата, најверојатно тој го видел а дури и можеби лично се познавал со Трајан и неговиот шеф грбавко. „Иго, исто така, ја запознал и побарал за жена својата подоцнежна сопруга во Дурс, во истото време кога групите вајари и каменоресци работеле таму“, вели лондонскиот архивар.Сибсон бил имено дел од групата вајари која во денешното париско предградие Друс, во која биле и Тражан и г-динот Грбавко или како што запишал „што му бил прекарот, а друг не слушнав“.„Г-динот Грбавко со радост му рекол на Тражан дека мора да го вработи малиот Англичанец“, пишувало во сеќавањето на Сибсон .Според Глејв, уште еден доказ за неговото тврдење е и што Парискиот алманах од 1833 г. ги наведува имињата на сите жители на таа област кои имале некакво занимање, а во него е спомнат и каменорезецот Трајан. Според него, тоа значи дека Трајан работел таму кога Иго го пишувал својот славен роман, во периодот од 1828 до 1831 г. Покрај тоа, во една од првите верзии на романот на Иго „Клетници“ која е зачувана, главниот лик се вика Жан Тражан (Трајан), што подоцна го изменува во Жан Валжан. Глејв рекол и дека е преокупиран со истражувањето да го отркире вистинскто ием на г-динот Грбавко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Им треба секунда да се налутат: Најексплозивните хороскопски знаци
Според астролозите, постојат хороскопски знаци кои тешко ги контролираат емоциите и можат да „експлодираат“ за миг. Ова се трите најтемпераментни:
Овен
Овните се исклучително импулсивни и често реагираат без многу размислување, особено кога чувствуваат притисок или провокација. Не сакаат чекање и ограничувања, па нивните испади знаат да бидат нагли и бурни. Лутината им е силна, но краткотрајна – брзо се смируваат, како ништо да не се случило.
Лав
Лавовите најсилно реагираат кога се чувствуваат потценети или игнорирани. Нивниот темперамент е тесно поврзан со гордоста и потребата за почит. Лутината ја покажуваат отворено – со глас, гестикулации или директна конфронтација – но доколку добијат признание или извинување, брзо се смируваат.
Шкорпија
Шкорпиите не „експлодираат“ гласно, но нивните реакции се длабоки и интензивни. Најмногу ги погодуваат предавство и неискреност. За разлика од Овенот и Лавот, ним им треба повеќе време да се смират, а нарушената доверба тешко се обновува.
Забава
Кучер со пофалби за поранешната сопруга: Горд сум на неа, растури
Актерот Ештон Кучер ретко зборува јавно за својата поранешна сопруга Деми Мур, но овојпат направи исклучок и јавно ја пофали нејзината работа.
Промовирајќи ја својата нова серија The Beauty, Кучер во интервју за Entertainment Tonight се осврна на филмот The Substance („Супстанца“) од 2024 година, во кој глуми Мур.
„Нејзината улога во Супстанца доби исклучителни пофалби и навистина сум многу горд на неа – растури“, изјави Кучер.
Мур и Кучер започнаа врска во 2003 година, се венчаа во 2005, а за разделбата информираа во 2011 година. Разводот беше финализиран околу две години подоцна. Иако Мур во мемоарите Inside Out наведе дека Кучер ѝ бил неверен, актерот во 2020 година изјави дека меѓу нив „нема зла крв“.
Кучер додаде дека не се дружат, но дека останал во контакт со ќерките на Мур од бракот со Брус Вилис, нагласувајќи дека има голема љубов и почит кон нив.
Забава
Истражување открива кога машкото либидо го достигнува врвот
Ново научно истражување покажува дека машкoто либидо не го достигнува врвот во дваесеттите години, како што често се верува, туку околу 40. година од животот.
Студијата, спроведена од Универзитетот во Тарту во Естонија, опфатила повеќе од 67.000 возрасни лица на возраст од 20 до 84 години. Резултатите покажале дека сексуалната желба кај мажите постепено расте од раната зрелост, го достигнува врвот во раните четириесетти, а потоа повторно опаѓа. Интересно е што мажите во шеесеттите пријавиле слично ниво на либидо како и оние во дваесеттите.
Кај жените, резултатите биле поинакви: нивната сексуална желба е најизразена во дваесеттите и раните триесетти години, а со возраста постепено опаѓа, со поизразен пад по 50. година.
Авторите, во научното списание Scientific Reports, наведуваат дека врвот на машкото либидо во средната возраст укажува на значењето на фактори како стабилни врски и емоционална блискост, а не само на биолошкото стареење. Истражувањето покажало и дека, во просек, мажите имаат повисока сексуална желба од жените во поголем дел од возрасниот живот.
Дополнително, утврдени се разлики поврзани со сексуалната ориентација, образованието и професијата, при што лицата кои се идентификуваат како бисексуални пријавиле највисоко ниво на сексуална желба.

