Забава
Писмо од Џон Ленон пристигна на адресата по 34 години
Писмо испратено од Џон Ленон до неговиот колега музичарот Стив Тилстон во 1971 г., пристигнало на назначената адреса во август 2010 г., пренесува англиското издание на The Daily Telegraph
Самиот Стив Тилстон можеше да ја прочита содржината на писмото пред пет години, во 2005 г, кога писмото пристигнало на означената адреса. Станува збор за тоа што во 1971 г. музичарот Тилстон дал интервју за музчикото списание ZigZag, во кое рекол дека подобрувањето на финансискаата состојба може да влијае врз натамошната креативност на музичарите и воопшто уметниците. Џон Ленон не можел ја остави незабележано таквата изјава на неговиот колега, па решил да му испрати писмо на Тилстон, но пораката никогаш не стигнал до оној до кого била истратена. Ленон тогаш имал 30, а Тилстон 21 година.„Парите не го менуваат животот, како што може да мислите… Единствената разлика е во фактот што веќе не треба да се размислува за тоа како да се набави храна, покрив над главата итн. Сето останато, емоциите и ставовите – си остануваат исти“, вели во писмото поранешниот лидеар на легендарните Битлси. Писмото завршува со зборовите: „Го знам тоа, зашто јас бев и богат и сиромашен, а исто така и Јоко. Ве сакаат Џон и Јоко“, по што следува телефонскиот број од нивниот дом.Дека станува збор за автентично и оригинално писно на легендарнито Џон Ленон, го потврдила и неговата сопруга Јоко Оно.„Се сеќавам кога Џон го напиша ова писмо. Тој многу се трудеше во писмото да го измегне наравоучителната и морализаторска интонација, пишувајќи му на својот колега. Јас сум многу среќна што по толку многу години го видова ова писмо“, рекла сега 77-годишната Јоко Оно.Писмото е напишано од името на Ленон и Јоко Оно само неколку месец откако Битлсите се распаднаа во декември 1970 г. Ленон првобитно го адресирал писмото до редакција на ZigZag магазинот, но до Тилстон стигнало пред пет години кога колекционер сакал да ја провери автентичноста.Оно потврдува дека се сеќава на писмото што го пишувал ленон кој беше убие во 1980 г. nа 40-годишна возраст.Џон во писмото го одразува своето мментално расположени. Ова е многу посебно писмо затао што му се обраќа на друг музичар“, дополнува Јоко.Ленон исто така изразувал и поддршка за соуредниците на магазинот Оз, кои биле судени за заговор за корумпирање на јавниот морал. Тие биле ослободени една година подоцна.Тилстон во меѓувреме објавил повеќе од 20 албуми во текот на неговата кариера, а меѓу неговите најголеми фанови и поддржувачи е британската поп ѕвезда Род Стјуарт.Тилстон кој е на 60-годишна возрас штотуку издаде роман посветен на 40-годишната кариера што ќе ја прослави со концерт во салата „St George’s“ во Бристол.Тислтон за содржината на писмото вели дека ја чувствува како многу братска.Писмото се проценува на вредност од седум илјади фунти и во моемнтот се наоѓа во сосптвеност на еден американски коелкционер.Тилстон верува дека некој откако Ленон го испратил до ZigZag, го земал и сокрил од редакцијата во Лондон.За писмото никогаш не сум слушнал ништо се до пред пет години кога едно американско момче ме стапи во контакт со мне и ме пшраша „Дали ти си Стив Тилстон и дали Џон Ленон го напишал ова за тебе? Тоа беше првпат да го видам, 34 години откако беше напишано“, ели ТислтонТој на крајот признава дека никогаш не бил загрижен дали големото богатство би ја загрозило неговата кративност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

