Забава
Solar Impulse првпат успешно ја прелета Швајцарија

Експерименталниот авион Solar Impulse првпат успешно ја прелетал целата територија на Швајцарија исклучиво користејќи ја сончевата енергија, откако во среда попладне долетал на аеродромот во Цирих, јави AFP
Авионот кој на почетокот од јули првпат направи 26-часовен лет исклучиво користејќи ја енергијата од соларните келии и акумулатори, во среда наутро полетал од воената база Пеиерно кон Цирих каде успешно слетал по шест-часовен лет во 14,10 часот по локално време. Летот бил изведен на просечна височина меѓу 150 и 300 метри, со брзина од од околу 50 километри на час.„Станува збор за тренинг на целата екипа, на аеродромот и на Skyguide (швајцарската контрола на летање). Сакавме да покажеме дека не сме некоја сериозна пречка за рабтоењето ан аеродромите“, изјавил промоторот на проектот Бернар Пикар, додавајќи дека за идната година се планирани првите летови во странство и пат околу светот во пет етапи кој треба да се оствара меѓу 2013 и 2014 г. Solar Impulse има 12 илјади соларни келии кои полнат четири електро-мотори од по 10 коњски сили вградени во 64,3 метри долгите крила а е прототип на идно летало кое, се надеваат конструкторите, ќе лета околу светот во 2012 г. Распонот на крилата му е ист како и кај „Airbus A340“, а е тежок околу 1.600 килограми, што значи колку и ден автомобил од средна класа.Ширококрилестиот воздухоплов ги управува самиот конструктор и поранешен пилот на швајцарските воздухопловни сили, Андре Боршберг, кој со Пикард е втемелувач на овој проект. Инаку Пикард е потомок на фамилијата истражувачи и авантуристи а и самиот пред единаесет години го изведе првиот лет без престан околу светот во балон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Де Армас говори за својата кариера во интервју направено пред разделбата со Бен Афлек

Во неодамна објавеното интервју за „Сандеј тајмс стајл“, Ана де Армас својот успех како една од најдобрите актерки во подем го припишува на тоа дека била на вистинското место во вистинско време.
32-годишната актерка номинирана за „Златен глобус“ говори за тоа како наеднаш почна да бележи голем успех во својата кариера откако речиси четири години пред тоа глумеше во „Ножеви надвор“ и „Блејд ранер 2049“. Работите почнаа да се менуваат на подобро, вели таа, и додава дека поврзувањето со вистинските луѓе било многу важно во нејзиниот живот.
Исто така, се чини дека таа придава голема важност на запознавањето со сега веќе поранешниот партнер Бен Афлек на снимањето на психолошкииот трилер „Длабока вода“.
Во интервјуто таа откри дека било многу напорно да се усоврши необичниот глас на Мерилин Монро за нејзината улога во претстојниот филм Blonde („Русокоса“).
За време на интервјуто, направено пред крајот на едногодинашна романса со 48-годишниот оскаровец, актерката даде неколку ретки коментари за Афлек.
Кога списанието се обиде да стапи во контакт со прекрасната Кубанка за да поразговара за изменетиот статус на врската, нејзиниот претставник за печат одговори дека нема никакви информации за споделување.
На насловната страница пишува: Ана де Армас – Бонд-девојката што го воодушеви Холивуд
Забава
Гвинет Палтроу ја рекламира својата колекција зимска облека

Таа најдобро ги промовира производите на сопствената лајфстајл и спа компанија и редовно ги рекламира на веб-страница за животен стил „Гуп“.
И во неделата, Гвинет Палтроу помина извесно време на маркетинг на парчиња зимска облека од сопствената колекција G. Label на официјалниот Инстаграм на „Гуп“.
Актерката и дизајнерка (48) објави фотографии на кои позира во модели од јануарската колекција на, како што ги нарече „најважни луксузни работи во гардеробата“ достапни за купување на „Гу п“.
Забава
(Видео) „Марксмен“ со Лиам Нисон на врвот на боксофисот втора недела по ред

Акциониот трилер со Лиам Нисон во главната улога го задржа првото место на киноблагајните веќе втор викенд со заработка од 2.03 милиони долари.
10 дена по неговото премиерно прикажување, „Марксмен“ веќе заработи околу 6.1 милиони долари, пренесуваат медиумите.
Во трилерот во продукција на „Опен роуд филмс“, Нисон глуми сточар од Аризона, поранешен маринец кој се обидува да спаси младо момче од канџите на мексикански картел.
Актерската екипа ги вклучува Кетрин Виник, Хуан Пабло Раба, Тереза Руиз и Џо Перез.
Цифрите на киноблагајните сè уште се значително намалени во споредба со истото време изминатите години поради пандемијата на Ковид-19. Според „Дедлајн“, во моментов отворени се приближно 56% од 5.900 киносали во САД и Канада.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот