Забава
Милион долари за новиот автомобил на израелскиот премиер

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наскоро ќе се вози во најскапиот автомобил во Израел, блиндирана лимузина „ауди А8“ вредна милион долари
Возилото ги има сите можни безбедносни елементи, нудејќи и луксуз на оние кои се возат во неа , јавија денеска израелските медиуми.Блиндираната верзија на лимузината „ауди А8“ се произведува исклучиво за претседатели и премиери, а имајќи во предвид дека чини речиси милион долари е еден од најскапите автомобили во светот. „Ауди А8“ во кое ќе се вози Нетанјаху опремен е со посебен и единствен сигурносен пакет, кој е осмислен во соработка со израелската тајна служба Шин Бет. Иако сигурносните перформанси на овој автомобил се тајност, во астрономската цена се вклучени меѓу другото, гуми отпорни на куршуми, кров отпорен на куршуми и бомби и систем кој автоматски гаси пожар. Поради сето тоа, автомобилот е тежок речиси три тона. Го има и еден од најсилните мотори на тој модел на Ауди. W12 верзија со 12 цилиндри, шест литарски мотор, 450 коњски сили и погон на сите четири тркала. Но сигурносниот систем не е се што овој автомобил го нуди. Службениот автомобил на израелскиот премиер е многу луксузен – поседува меѓу другото посебни седишта со греење и масажа, внатрешноста е обложена во кожа, има голем ДВД екран, фрижидер и освежувач на воздухот. Израелската влада порачала уште два вакви автомобила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„Нема ‘голи’ фустани на црвениот тепих“: Канскиот филмски фестивал воведува построги правила

Пред отворањето на Канскиот филмски фестивал организаторите одлучија да ги заострат правилата во врска со облекувањето на црвениот тепих, пишува „Дејли мејл3. Новите правила диктираат дека дамите ќе мора повнимателно да ги избираат своите свечени облеки.
Во последните години некои учеснички привлекоа големо внимание избирајќи ги таканаречените голи фустани. За да се обезбеди поголема пристојност, организаторите одлучија да забранат вакви облеки оваа година.
„Голотијата е забранета на црвениот тепих, како и во другите области во кои се одржува фестивалот“, се наведува во официјалната одлука објавена од странските медиуми.
Исто така, беше нагласено дека пристапот до фестивалот ќе му биде одбиен на секој што не ги почитува горенаведените правила.
Сè уште е непознато дали телевизиските станици што го емитуваа настанот имале какво било влијание врз оваа одлука.
За потсетување, 78. издание на фестивалот ќе се одржи од 13 до 24 мај.
Забава
(Видео) Кристина Аплгејт ги откри првите симптоми на мултиплекс склероза: „Беше суптилно“

Актерката Кристина Аплгејт, најпозната на пошироката јавност по улогите во сериите Married… with Children и Dead to Me, во 2021 година зборуваше за најраните знаци на болеста што засекогаш ѝ го промени животот – мултиплекс склероза.
За време на гостувањето во поткастот Conan O’Brien Needs a Friend, Аплгејт сподели лично и емотивно сведоштво за тоа како сè почнало.
Иако во тоа време сè уште играла тенис и планинарела, првиот симптом, вели таа, бил толку суптилен што лесно можела да го игнорира: трпење и вкочанетост во прстите на нозете.
„Беше јануари 2021 година. На мајка ми ѝ беше дијагностициран рак третпат, а се случуваа и други стресни работи… Беше многу трауматично време. Почнав да чувствувам вкочанетост во прстите. Само малку. Сè уште бев физички активна, но нешто не беше во ред“, рече Кристина.
Како што минуваа месеците, симптомите се ширеа, од прстите на нозете до глуждовите, а потоа и до колената. Таа почнала да ја губи рамнотежата, сфатила дека почнува да се чувствува непријатно кога е на високо, а болката станала неподнослива. „Кога велам дека беше вкочането, беше, но исто така болеше“, додава Аплгејт.
Ѝ помогнала нејзината пријателка и колешка Селма Блер, која самата се бори со истата болест. Блер беше таа што ја убеди да посетам невролог, што доведе до официјалната дијагноза.
Денес, на 53-годишна возраст, Кристина не крие колку е предизвикувачки секојдневниот живот со мултиплекс склероза за неа. За време на поткастот таа призна дека имала симптоматски навистина лош ден и дека понекогаш, едноставно, не може да функционира.
„Да го видат луѓето мојот живот секој ден, нема да може да го поднесат. Бидејќи понекогаш ни јас не можам да го поднесам“, искрено рече таа. Покрај физичките тешкотии, Кристина се бори и со стигмата што често ја носи болеста.
Забава
Концерт на Владо Јаневски во Охрид

Еден од најзначајните автори и изведувачи на македонската музичка сцена, Владо Јаневски, ќе одржи ексклузивен концерт на 8 август во неповторливиот амбиент на Античкиот театар во Охрид. Овој настан, организиран од „Прагма продукција“, е уште една потврда за исклучителната уметничка тежина што Јаневски ја носи со себе речиси три децении.
Во уникатниот амбиент на еден од најубавите простори во државата ќе оживеат баладите што се дел од колективната емоција – „Црно тиквешко“, „Евергрин“, „Некогаш и негде“, „Тајна отровна“… песни со кои растевме, созревавме, радувавме и тагувавме.
Во градот во кој секоја калдрма има приказна, а секој здив е исполнет со историја и убавина, Владо ќе настапи на сцена под отворено небо, пред публика што го следи и сака со генерации. Античкиот театар, со својата специфична атмосфера, ќе биде идеалната сценографија за едно вечерно музичко патување низ безвременските хитови на овој врвен уметник.
Концертот на 8 август ќе ве потсети на моменти за кои сте мислеле дека сте ги заборавиле, ќе ве натера да се сетите кого сте сакале, кого сте изгубиле и зошто љубовта секогаш останува најважната животна лекција.