Забава
Словенец со четири деца добро живее од едно евро дневно
Се прашувате дали е возможно некој да живее во централна Европа и да се храни здраво за само едно евро дневно? Да, возможно е!
Тоа го докажа Словенецот Алеш Церин, кој промовирајќи едноставен начин на живот , се обидува да ги убеди останатите луѓе да научат нешто од неговиот пример.
Церин, инаку татко на четири деца, кој сака да ја подигне свеста на луѓето за глобалната сиромаштија и прекумерното трошење на Западот, открива дека тоа може да се направи само ако се одгледува овошје и зеленчук.
„За храна во последните два месеци трошев 1,1 евро дневно. Јадам јаболка, праз, пипер, грав и друго овошје и зеленчук кои ги одгледувам во својата градина“, вели 48 годишниот церин во интервју за Ројтерс.
Главната лекција која ја научил во текот на овој експеримент, кој завршува на крајот на неделата, е дека е возможно значајно да се намалат трошоците, притоа хранејќи се здраво.
„Потрошувачката на Западот е голема, посебно ако ја споредиме со онаа во неразвиените делови на светот. Сакам да ги сменам навиките на потрошувачите и да им ја покажам вистинската мерка. Луѓето на Западот се грижат колку калории внесуваат со желба да ги смалат, додека остатокот од светот ги брои калориите како да ги зголеми“, објаснува тој.
Церин пие вода, чаеви и млеко кое го купува од фармата во близина. Зелениот чај и сирењето се како што вели прескапи за неговиот буџет, а тие се единствените продукти кои му недостасуваат.
Семејствата во развиените земји трошат 400 пати повеќе на храна, од оние во неразвиените земји. Така според неговите зборови кога би се живеело по западен начин, светот би требало да биде шест пати поголем за да произведува доволно продукти за сите./крај/бл/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

