Забава
Советска вселенска капсула продаден за милион евра
Советска вселенска капсула којашто кон крајот на седумдесеттите години од минатиот век во два наврата престојуваше во орбитата околу Земјата, е продадена на наддавање во Брисел за милион евра, соопшти во четвртокот аукциската куќа Lempertz.
„Капсулата е продадена за милион евра, односно 1,26 милиони вклучително и провизиите и таксите“, изјави директорката на Lempertz, Кристине Шацен, додавајќи дека е многу задоволна со постигнатата цена.
Пред наддавањето капсулата беше проценета на меѓу 700 и 1,4 милиони евра.
Аукциската куќа не сакала да го објави идентитетот на купувачот, само потврдувајќи дека станува збор за клиент од Европа.
Капулата ВА (Возврашчаемји Апарат) , висока 2,2 мета, со пречник од 1,98 метра и маса од 1,85 тона, била предвидена за тројца астронаути, но никогаш не служела за таа намена.
Првиот пробен лет бил извршен во јули и август 1977 година која цел месец без екипаж кружела во орбитата околу Земјата. Во март 1978 година вторпат е лансирана во орбитата, исто така, без екипаж, а на почетокот од 1980-те била користена за тестирања за слетување во океан. /крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

