Забава
Рекордниот џекпот го делат тројца добитници
Најголемиот џекпот во историјата на лотаријата на САД во износ од 640 милиони долари ќе биде поделени на троцја доносители на добитничките тикети, јави Associated Press во саботата повикувајќи се на организаторите на лотаријата Mega Millions.
Носителите на среќните лозови на лотаријата Mega Millions со добитничката комбинација 2, 4, 23, 38, 46 и дополнителниот број 23 ќе ја поделат вртоглавата сума од 640 милиони американски долари, што е без преседан кога станува збор за големината на сумата во историјата на американската лотарија, потврди во текот на денот официјалната интернет страницата на организаторите на играта на среќа.
Претставници на лотаријата објавија дека среќните лозови биле купени во сојузните држави Мериленд, Канзас и Илиноис.
Mega Millions на добитниците им нуди две опции за подигнување на наградата: во годишни рати што ќе се исплаќаат наредните 26 години или да ги подигнат парите веднаш, но тогаш вкупната сума што треба да ја подигнат по плаќањето на даноците ќе се намали до 462 милиони долари.
Можноста за вложен еден долар, колку што чини лозот, преку ноќ да се стане мултимилионер, предизвика невиден интерес во САД. Во Њујорк во петокот навечер, последниот ден пред извлекувањето, пред киосците на лотаријата стоеле илјадници луѓе чекајќи во ред за да купат лоз.
Досега најголемата добивка на лотаријата е регистрирана на 6-ти март, 2007 година и изнесуваше 390 милиони долари. Таа им припадна на сопружници Меснер од Њу Џерси, и на возачот на камиони на трансконтинентални релации, Еди Нејборс од државата Џорџија, коишто по половина го поделија џекпотот. Во 2008 година семејството Харис од Џорџија, освои на Mega Millions речиси 270 милиони долари.
Најмасовната лотарија во Северна Америка, Mega Millions, започна во 1996 година и се приредува во 12 сојузни држави на САД. Веројатноста за победа на лотаријата Mega Millions, според процените на самите организатори, изнесува 1 наспроти 176 милиони./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Брз трик за чистење: Бањата може да блесне за 12 минути
Бањата е место каде брзо се собираат каменец, влага и траги од сапун, но со правилен редослед може да се исчисти за околу 12 минути. Клучното правило е чистењето секогаш да оди од горе кон долу, за да не ја повторувате истата работа.
1 минута – Подготовка
Отворете прозорец или вклучете вентилација, тргнете ги крпите и ситниците и напрскајте ги тоалетната школка, мијалникот и тушот со средство за чистење.
2–4 минута – Полици и огледало
Избришете ги горните полици и ормарчиња, а огледалото исчистете го со средство за стакло или вода со оцет.
5–7 минута – Туш или када
Со сунѓер исчистете ги плочките и славините, а потоа исплакнете со топла вода.
8–9 минута – WC-школка
Исчистете ја внатрешноста со четка, а надворешноста пребришете ја со дезинфекциска крпа.
10 минута – Мијалник и славини
Отстранете ги трагите од паста и сапун, а славините избришете ги со сува крпа за да заблескаат.
11–12 минута – Подот
На крај избришете го подот со топла вода и средство за чистење или малку оцет.
Со ваква кратка рутина, бањата може брзо да изгледа чисто и свежо – за помалку време отколку што трае една епизода од серија.
Фото: Depositphotos
Забава
(Видео) Селена Гомез му ги бакна стапалата на Бени Бланко во неговиот подкаст, бројни реакции
Пејачката и актерка Селена Гомез предизвика реакции на социјалните мрежи откако во најновата епизода од подкастот „Friends Keep Secrets“ му бакна стапало на својот сопруг, музичкиот продуцент Бени Бланко.
Во текот на разговорот, Гомез седела на подот во дневната соба, додека Бланко бил на каучот со ногата потпрена на масата. Во еден момент таа се наведнала и му го бакнала прстот на ногата.
Бланко се пошегувал со водителите и рекол дека му се допаднал гестот, додавајќи дека го разубавил неговиот ден.
Снимката предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи, каде дел од корисниците ја нарекоа „одвратна“ и „непријатна“.
Контроверзијата се појави и поради претходна епизода од подкастот, во која Бланко ги покажал своите стапала, кои дел од гледачите ги оценија како нечисти. Тој подоцна во емисијата „Jimmy Kimmel Live!“ се бранеше дека има „одлични стапала“.
Селена Гомез и Бени Бланко се во врска од 2023 година, а се венчаа во 2025 година.
Забава
Хејли Бибер: Докторката ме советуваше да не останам бремена, но јас останав
Манекенката Хејли Бибер откри дека нејзината прва бременост со синот Џек Блуз, кого го има со сопругот Џастин Бибер, била целосно неочекувана.
Во подкастот „SHE MD“ таа раскажа дека лекарите претходно ја предупредиле дека поради септум на матката може да има проблеми со забременување и дека можеби ќе биде потребна мала операција пред да планира деца.
„Реков дека не размислувам за бременост во тој момент, а потоа – како по чудо – останав бремена“, изјавила 29-годишната манекенка.
View this post on Instagram
Лекарката објаснила дека септумот е вродена аномалија при која ткиво ја дели матката, што може да го зголеми ризикот од спонтан абортус или предвремено породување.
И покрај ризиците, бременоста поминала добро.
View this post on Instagram
На крајот, Хејли и Џастин, кои се во брак од 2018 година, добиле здраво дете, а манекенката вели дека најмногу ужива во времето поминато со својот син.
Фото: depositphotos

