Забава
Бенедикт XVI станува најстариот папа од 1903-та
Папата Бенедикт Шеснаесетти идната седмица ќе одбележи две важни годишнини, во понеделник ќе наполни 85 години и со тоа ќе стане најстариот папа во историјата, а три дена подоцна ќе одбележи седмата годишнина од неговиот понтификат.
Во говорот пред аџиите и туристите на Плоштадот Свети Петар во Рим, Папата во неделата се потсети на годишнината којашто се паша идниот четврток и ги замоли верниците „да се молат Господ да му даде сила да ја спроведе задачата којашто му ја довери“.
Папата Бенедикт Шеснаесетти е веќе постар отколку Јован Павле Втори кога почина во 2005 година, и сега е најстариот папа од Лав Тринаесетти кој во 1903 година починал на 93-годишна возраст, по 25 години минати на престолот во Светата столица.
„Со 85 години неговото здравје е подобро отколку што беше здравјето на Јован Павле Втори на 75 години, Тој е многу методичен човек. Се чува и чувствува дека има уште многу работа“, изјавил висок неименуван ватикански функционер, пренесува Reuters.
Ватикан објави дека Папата во септември годинава ќе го посети Либан, а во 2013 година можеби и Бразил.
„Стар сум, но уште можам да работам“, му рекол Папата на комунистичкиот водач Фидел Кастро, при неговата неодамнешна посета на Куба.
Сепак, Reuters, пишува дека сé позабележителни се трагите на слабост и замор на папата Бенедикт Шеснаесетти. Кога тргна на пат за Мексико и Куба, на аеродромот првпат во јавноста се појави со бастун. Минатата година почна да користи и подвижна платформа за да не мора да се движи пешки во базиликата на Свети Петар.
Од Ватикан велат дека Папата така ја штеди силата, како и дека нема стравувања за неговата здравствена состојба. Неговиот брат изјави дека Бенедикт Шеснаесетти преживеал два благи мозочни удара пред да биде избран за Папа, а има и висок крвен притисок и артритис.
Папата од своите претходници се разликува по тоа што тој е единствениот од папите на кого јавноста ќе може да се сети, а кој јавно проговори за можноста да се повлече од должноста, иако и други папи за тоа разговарале но само во приватни разговори во нивното тесно окружување.
Во книгата издадена во 2010 година, тој напиша дека не би се двоумел да стане првиот Папа кој се повлекува од должноста кога би почувствувал дека „физички, психолошки и духовно“ повеќе не е способен да ја води католичката црква.
Последниот папа којшто доброволно си заминал од должноста, како што бележат архивите, бил папата Селестин Пети во 1294 година, и тоа само по четири месеци понтификат.
Секој роденден на кој и да е папа или годишнина од неговиот понтификат, се повод за шпекулaции за евентуален наследник, пишува Reuters, додавајќи дека засега нема личности коишто би биле очигледни кандидати. Бенедикт Шеснаесетти лично ги именуваше повеќе од половината сегашни кардинали, повеќето Европејци, коишто ќе го избираат неговиот наследник, кога за тоа ќе дојде време./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена
С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена и ги носи Забрањено пушење, кои годинава одбележуваат јубилејни 40 години од првиот студиски материјал „Das ist Walter“, најдоброто од Игор Џамбазов придружуван од Гуру Харе со неговиот бенд и екс-ју ретроспективата на Rootboy Selector.
Јубилеј слави и домаќинот „Фреш унион“ – полни 20 години од првиот настан и стартот на реализацијата на идејата за развој на урбаната музичката култура. 20 години за портфолио во коe се запишани соработки со светски познати имиња, но и еминентни имиња од Балканот и, секако, дел од домашната музичка елита.
Овогодинешното издание на С.О.С. фестивалот е закажано на 15 јуни, со почеток во 20:00 часот, на Ракометно игралиште во Битола, и тоа ќе биде своевидно музичко патување низ времето и уживање во хитовите на Забрањено пушење – „Зеница блуз“, „Хаџија или бос“, „Гузоњин син“, „Памтим то као да је било данас“, „Можеш имат моје тијело“… ќе имате можност да го чуете и „Најдоброто од Игор Џамбазов“ придружуван од неговиот Гуру Харе со својот бенд. Планирана е изведба на неговите најголеми хитови: „Диши длабоко“, „Да си жив и здрав“, „Каква е оваа ситуација“, „Скопјанец в Битола“, „Скопје – Сарај – Матка“, „Племето и семето“, „Фотографија“, „Време за плачење“, „Хотел Македонија“, „Во бестрага“, на материјалот од новиот албум „Првите триесет“, како и анегдоти од над 30-годишната кариера.
Забава
Хороскопски знаци кои го пикаат носот секаде: ги интересира се и повеќе отколку што треба
Хороскопските знаци кои го пикаат носот насекаде се оние кои се обидуваат да дознаат за работи кои апсолутно не ги засегаат.
Хороскопските озборувачи се и хороскопските знаци кои сакаат да знаат сè и ништо не им бега. Тие се многу љубопитни и имаат тенденција да го пикаат носот дури и во ситуации кои не се нивна работа, или поради озборувања или затоа што само сакаат да ги имаат сите информации и да бидат разузнавачка служба која може да има контрола над сите.
Хороскопски знаци кои го пикаат носот насекаде
Близнаци
Ова е знакот што прво на сите им паѓа на ум. Тие се луди по озборувања и сакаат да знаат сè. Ништо не им бега и лесно ќе научат сè за никого. Дури и тој да разговара со вас, а некои други да зборуваат малку подалеку, тие сигурно со едно уво слушаат што се случува. Близнаците извршуваат повеќе задачи и можат многу работи одеднаш.
Шкорпија
Вторите на листата дефинитивно се Шкорпиите и тоа не е случајно. Тие делумно гледаат на озборувањата како на антишпионска алатка. Колку повеќе знаат, толку е полесно да се заштитат. Тие ве имаат во свои раце и можат да го искористат она што го знаат за вас во секое време против вас. Таа го слуша секој разговор, набљудува и надгледува сè и тешко ќе го скриете она што таа сака да го знае.
Бик
Ова е можеби изненадувачки бидејќи никој не очекува Бикот на оваа листа. Можеби изгледаат сериозно и одмерено, но треба да знаете дека се што ги интересира се тајните озборувања. Претставниците на овој знак сакаат да се мешаат во се, полни се со сомнеж и не веруваат никому. Во сè се многу слични на Шкорпијата. Иако овие знаци се хороскопски спротивни, тие имаат некои заеднички елементи како одмаздата која се сервира ладна.
Hitech
(Видео) 7 милиони прегледи: Мајкрософт објави снимка со вештачка интелигенција на Мона Лиза како рапува
Мајкрософт ја претстави новата технологија за вештачка интелигенција наречена VASA-1, која може да комбинира фотографија и аудио клип и да генерира реални видеа.
Тие ја претставија новата технологија со видео на кое Мона Лиза рапува на песната Папараци, но ова не е хит на Лејди Гага, туку рап песна што Ен Хатавеј ја напиша и изведе во ток-шоуто на Конан О’Брајан во 2011 година.
Microsoft just dropped VASA-1.
This AI can make single image sing and talk from audio reference expressively. Similar to EMO from Alibaba
10 wild examples:
1. Mona Lisa rapping Paparazzi pic.twitter.com/LSGF3mMVnD
— Min Choi (@minchoi) April 18, 2024
Видеото набрзо стана вирално и беше прегледано повеќе од 7,1 милиони пати на само еден профил на „Икс“.
„Ова е толку смешно, плачев од смеење“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“, „Кога би можел Да Винчи да го види ова“, се дел од коментарите.