Забава
Прицот Чарлс ѝ одава чест на мајка си со необјавени снимки
Досега никогаш необјавени снимки на британското кралско семејство, вклучувајќи ја и кралицата Елизабета Втора, ќе бидат прикажани во дикументарецот на BBC со кој принцот Чарлс ќе ѝ оддаде чест на кралицата мајка којашто прославува 60 години од стапувањето на престолот.
Во филмот принцот Чарлс раскажува за своите спомени, давајќи увид во приватниот и јавен живот на кралицата Елизабета Втора.
Документарецот кој ќе биде емитуван на BBC во петок навечер, содржи и снимки од кои некои ги направила самата кралица, деветгодишниот Чарлс и неговата помлада сестра, принцезата Ана на нивното семејно летување во Норфлок во 1957 година. Чарлс и сестрата до вратот се закопани во песок, а меѓу нив е еден пес од расата корги, омилена раса на кралицата.
Во текот на филмот принцот раскажува за своите спомени од неговото раснење покрај кралицата како мајка и изнесува свои сопствени коментари и чувства.
Во еден дел принцот раскажува за тоа како „мајката“ ја пробала круната во 1953 година, „Се сеќавам дека со круната на главата дојде горе, додека ние се капевме“, вели принцот Чарлс.
Гледајќи ги снимките стари 60 години, принцот ја фали „неверојатна сталоженост“ и „природна убавина“ на неговата мајка.
Елизабета Втора викендов прославува 60 години откако стапи на британскиот престол со голем спектакл и разни манифестации, како поп-концерт во Бакингемската палата и пловидба на илјади бродови по Темза.
Кралицата Елизабета е родена на 21-ви април, но нејзиниот роденден традиционално се прославува втората сабота во јуни, за да може парадата којашто се одржува во нејзина чест да се одржи по убаво време. Оваа година традиционалната парада во чест на британската кралица ќе се одржи на 16-ти јуни.
Елизабета Втора е крунисана во 1952 година по смртта на нејзиниот татко и е една од најдолговечните монарси во современиот свет, и ужива голема популарност меѓу нејзините сонародници и поданици.
Кралицата Елизабета Втора на 12-ти мај 2012 година стана вториот монарх според должината на престојот на престолот на Велика Британија, веднаш зад легендарната кралица Викторија.
Историчарите на британскиот дворец пресметаа дека на 12 мај 2012 година кралица Елизабета Втора, е на престолот, 60 години и 96 дена, со што го надмина времетраењето на владеењето на кралот Џорџ III, кој владеел од 1760 до 1820 година. Сега единствено најдолго владеење пред актуелната британска кралица е периодот на кралицата Викторија која владееше и управуваше со земјата 63 години и 216 дена, така што доколку сè биде во ред, Елизабета II на 10 септември, 2015 година ќе стане монарх со најдолго владеење во британската историја.
Со своите 86 години кралицата Елизабета Втора и натаму продолжува со активниот општествен живот, исполнувајќи ги сите задачи на монархот. Во текот на долгите години владеење, кралицата само неколкупати го откажа своето учество на јавни настани.
Кралицата Елизабета Втора најчесто придружувана од нејзиниот сопруг, војводата Филип од Единбург, има направено неколку стотини патувања во странство, а многу од нив се прилично важни.
Уште минатата година во Велика Британија започнаа подготовките за „дијамантската“ годишнина од владеењето на кралицата, што ќе се празнува на 3-ти јуни 2012 година. На овој ден, илјадници бродови и чамци ќе бидат дел од една голема флота која ќе плови по Темза. Кралицата Елизабета Втора се согласи да ја предводи флотата – таа со чинот лорд-адмирал на Кралската воена морнарица ќе им отпоздравува на луѓето од првиот брод./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Го избра „погрешниот“, а сега се сакаат најмногу на светот: „Прво ѝ се допадна Бен Афлек“
Холивудскиот актер Мет Дејмон ја запознал Лусијана Баросо во бар во Мајами во 2003 година, додека тој снимал филм, а таа работела како келнерка. Две години подоцна, тие се венчале и се сметаат за најхармоничниот пар во Холивуд.

Ben Affleck and Matt Damon at premiere of PROJECT GREENLIGHT, NY 11/27/2001, by CJ Contino
Сепак, самиот актер открил дека не било сè толку едноставно, па ја искористил можноста да се пошегува за себе. Познато е дека неговиот најдобар пријател и колега Бен Афлек работел заедно на филмот „Good Will Hunting“, кој всушност го привлекол вниманието на Лусијана.
„По неколку месеци од нашата врска, ја запознав нејзината најдобра пријателка од средно училиште, со која го гледала филмот. Интересно е што нејзината пријателка мислеше дека јас сум „слаткиот“, додека на Лусијана ѝ се допаѓал Бен. Ми го призна тоа пред 23 години. Се испостави дека сопругата го избрала погрешниот човек“, се пошегува Дејмон.

Luciana Barroso and husband Matt Damon arrive at the World Premiere Of Amazon Studios’ And Skydance Media’s ‘Air’ held at the Regency Village Theatre on March 27, 2023 in Westwood, Los Angeles, California, United States. (Photo by Xavier Collin/Image Press Agency)
Подоцна, сите тие работеа заедно и станаа уште подобри пријатели, а сето тоа стана добра шега што се раскажува со години.

Мет Дејмон и Лусијана Баросо заедно имаат три ќерки, а актерот ја посвои и нејзината ќерка од претходна врска.
Забава
Од денеска сè се менува за три хороскопски знаци: Ќе бидете ослободени од сè што ве задушува
Почнувајќи од 14 јануари 2026 година, три хороскопски знаци влегуваат во нова, изобилна ера на животот.
Астролошкиот транзит на Меркур во опозиција со Јупитер го истакнува дисбалансот помеѓу очекувањата и реалноста, покажувајќи каде плановите биле премногу расфрлани или ветувањата биле нереални за долгорочен напредок.
Овие астролошки влијанија поттикнуваат помудро донесување одлуки бидејќи откриваат што е одржливо на долг рок. Ова создава можност за планирање на идно изобилство врз основа на реални увиди. Три хороскопски знаци влегуваат во постабилна фаза, ослободувајќи се од врските со нестабилноста што донеле нервоза. Сега е време да се гради врз цврста основа и да се верува во сопствената проценка.
Бик
Транзитот на Меркур во опозиција со Јупитер за Бикот ќе открие каде се преоптоварувале. На 14 јануари, ќе им стане јасно кои обврски ги исцрпиле и каде треба да забават. За нив, изобилството започнува со поедноставување, а препознавањето на она што не функционира е првиот чекор. Со елиминирање на вишокот обврски и извори на стрес, животот повторно ќе се чувствува поуправлив и понадежен, дозволувајќи им да влезат во нова ера на изобилство.
Вага
За Вагите, 14 јануари означува пресвртница во нивниот пристап кон рамнотежа. Меркур во опозиција со Јупитер им открива дека постојаното задоволување на другите дошло со висока лична цена. Нивната нова ера на изобилство започнува со поставување граници и враќање кон сопствените потреби. Иако сè уште можат да бидат љубезни, повеќе не мора да одат подалеку од очекувањата за да ги задоволат другите. Време е Вагите да си дадат приоритет на себеси.
Стрелец
Ова астролошко усогласување ги охрабрува Стрелците да забават, а на 14 јануари конечно ќе разберат зошто. Меркур во опозиција со Јупитер им покажува дека премногу отворени можности и проекти го спречуваат вистинскиот напредок. Иако уживаат во мултитаскинг, ретко нешто завршуваат. Изобилството за нив доаѓа преку фокус. Посветувањето на еден пат, наместо разгледување на многу опции одеднаш, е клучот за постигнување напредок.
Забава
(Видео) Деми Мур во креација на српска дизајнерка: „Ова е совршенство“
Познатата српска дизајнерка Роксанда Илинчиќ веќе долго време живее и работи во Лондон, а нејзините креации беа заштитен знак на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, во неколку наврати. Следејќи го нејзиниот пример, сега се придружи и Деми Мур, позирајќи во уникатен фустан од познатата Србинка.
Виолетовиот миди фустан со асиметричен крој беше изборот на актерката за снимањето на серијата „Лендмен“, чија втора сезона штотуку започна да се емитува.
Својот гламурозен стајлинг го комплетираше со спектакуларен накит и лакирани сандали, но фустанот сепак го украде шоуто и беше главна тема.
„Нема подобро од ова, ова е совршенство“, беше еден од коментарите.
Деми Мур уште еднаш ја покажа целата своја магија.

