Забава
Ѕвездата на Си Ен Ен, Андерсон Купер призна дека е геј
Познатиот водител на ТВ-мрежата Си Ен Ен и воениот известувач, Андерсон Купер јавно призна дека е геј.
Познатиот водител на ТВ-мрежата Си Ен Ен и воениот известувач, Андерсон Купер јавно призна дека е геј.
Иако веќе долго време кружат гласини за неговата сексуална ориентација, Купер досега не зборуваше јавно за тоа, па тоа не го споменува ниту во своите мемоари.
Сега тоа го направи преку имеил објавен на блогот на британскиот писател и политички коментатор Ендру Саливен.
На својот блог “The Dish”, на сајтот “Daily Beast”, Саливен пишува дека од Купер барал да му каже што мисли за личностите од јавниот живот кои отворено признаваат дека се геј, на што Купер му испратил долг имеил во кој признал дека и самиот е хомосексуалец и објаснил зошто во минатото не зборувал јавно за тоа.
„Иако со работата бев во центарот на јавноста, се обидував да сочувам дел од приватниот живот“ напишал Купер.
Работата со која се занимава е една од причините поради која не се изјаснил досега јавно за својата сексуална ориентација.
„И од професионални причини сакав да сочувам дел од приватноста. Откако пред 20 години почнав да известувам од воените подрачја, често посетував опасни места. Поради сопствената безбедност, како и поради безбедноста на луѓето со кои работам, се трудам да имам добри односи со сите и да ги пренесувам приказните на другите луѓе, а не сопствените, што е и моја работа.“ напишал Купер.
Но во имеилот пишува дека веќе не може да молчи.
„Сфатив дека со тоа што долго молчев за својот приватен живот создадов погрешен впечаток дека сакам да сокријам нешто поради што ми е непријатно, од што се срамам и плашам. Има сè повеќе случаи на мобинг на млади луѓе и дискриминација и насилства кон луѓето од сите старосни возрасти, како реакција на нивната сексуална ориентација и поради тоа сметам дека треба отворено да зборувам за себе“ пишува тој.„Факт е дека сум геј, секогаш сум бил тоа и секогаш ќе бидам. Многу сум среќен, добро се чувствувам во своја кожа
и се гордеам со себе“ заклучува Купер, повикувајќи го Саливен да го сподели неговото писмо со читателите./крај/бл/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.
Забава
Велат дека изгледаат како „мајка и син“, но тие се сакаат лудо: „Беше многу болно“
Поранешната мисица Пријанка Чопра (43) ужива во хармоничен брак со Ник Џонас (33) осум години, барем така се мислеше претходно, а секој пат кога се појавуваа заедно беше вистински празник за очите. Сè додека гласините за проблеми во бракот и потенцијален развод не станаа почести.
Пријанка и Ник се родители на девојче, Малта, и ако може да се верува на најновото интервју дадено од една од најубавите жени на светот, сите гласини се само обични лаги.
„Заедно сме осум години. Ако луѓето сè уште сакаат да чекаат сè да се распадне, тоа е нивен избор. Веќе не размислувам за тоа“, изјави таа за Variety.
Со оглед на тоа што Пријанка е десет години постара од Ник, можно е ваквите гласини да започнале поради таа разлика, со оглед на тоа што понекогаш погрдно ги нарекуваат „мајка и син“ на социјалните мрежи.
„Мислам дека работата е во тоа што доаѓаме од различни култури, различни земји, различни религии, разлики во возраста. Беше многу болно. Не обрнувавме внимание на тоа што другите зборуваа, наместо тоа само се гледавме и си мислевме ‘не е важно’. Денес, никакви коментари не влијаат врз нас“, истакна кралицата на убавината.
Пријанка Чопра и Ник Џонас се венчаа по само шест месеци врска, што од оваа перспектива можеше да биде лош потег.
„Кога се омажив за него, не бев ни сигурна дали дел од него е вистински. Мислев дека е лудо и дека глуми, но Ник е целосно искрен и тоа ме инспирира секој ден. Тој е секогаш ист“, заклучи Пријанка.

