Забава
Грандиозна изложба за Џејмс Бонд во Лондон
Во Лондон во петок ќе биде отворена единствена изложба за фиктивниот британски таен агент Џејмс Бонд која овозможува „поглед однатре“ во светот на дизајнот и стилот на еден од највлијателните светски филмски брендови.
Со оваа изложба лондонскиот Барбикан центар ја одбележува 50 годишнината од постоењето на франшизата Џејмс Бонд, од првиот филм од 1962 година „Mr. No“ до најновиот 23-ти по ред „Skyfall“ кој ќе се појави кон крајот на 2012.
Осмислена како посвета на уметноста и умешноста која стои зад филмовите за најславниот таен агент снимени според романите на британскиот книжевник Јан Флеминг, изложбата со наслов „Designing 007: Fifty Years of Bond Style“ (Дизајнирање на агентот 007: Педесет години на стилот Бонд), најавена како „мулти-сетилно искуство“ којашто пред јавноста ќе ја изложи педесетгодишната историја на ткн гаџети на Џејмс Бонд , филмските сценографии, костимите и автомобилите, како и скици, цртежи и модели врз чии основи тие се изработени.
Како што се наведува во најавата на изложбата на интернет страницата на Barbican centre, oваа изложба ја истражува „умешноста која стои зад ѕвездите од екранот, тајните служби и злосторниците, костимите и процесот на нивното настанување, дизајнот на сценографијата и продукцијата, автомобилите, техничките помагала на Бонд и специјалните ефекти, графичкиот дизајн, егзотичните локации и друго“.
Изложени се, исто така, и разните превозни средства со коишто во серијалот се користеше Џејмс Бонд, од бродови и глисери, но и Aston Martin DB5 проследен со кус филм во кој покојниот стручњак за специјални ефекти Џон Стирс го опишува моментот непосредно пред да започне со процесот на прилагодување на сосема новиот модел од овој автомобил за потребите на филмот „Goldfinger“ од 1964 година. Овој автомобил подоцна стана најпознатиот и најпосакуваниот автомобил во светот, и интегрален дел од популарната култура.
Изложени се и технички помагала и оружје коешто за Џејмс Бонд и неговите противници осмислени од Џон Стирс и од другите стручњаци за специјални ефекти Сид Каин и Криз Корбулд, како и многу сценски реквизити, книги од снимањата на продукциските дизајнери Кен Адам и Питер Ламонт, како и костимите на Бамбл Дејвсон, Донфилд, Џули Харис, Линди Хеминг, Роналд ПАтерсон, Ем Портесус и Џејни Темим.
Во салата наречена „ Gold Room“ е изложен пиштолот од филмот „Човекот со златниот пиштол“ од 1974 година, а делот од изложбата под наслов „Foreign Territories“ ги прикажува повеќето од егзотичните локации на коишто се снимени филмовите за Џејмс Бонд, а исто така изложбениот дел „Ice Palace“ именуван по истоимената соба на Мистер Кил од филмот „Умри друг ден“ од 200 година.
Меѓу експонатите се и гаќите за капење што актерот Даниел Грејг ги носеше во филмот „Casino Royale“ од 2006 година, експлозивната актовка на Шон Конери од филмот „Од Русија со љубова“ од 1963 година, пушката од марката „ Hasselblad“ којашто Тимоти Далтон ја користеше во филмот „Лиценца за убивање“ од 1989 година, моделот на подводното возило „ Lotus Esprita“ што го возеше Роџер Мур во „Шпионот кој ме сакаше“ од 1977 година, како и многу други сценски реквизити на водечките холивудски костимографи и големи современи имиња, како што се Џорџо Армани, Бриони, Роберто Кавали, Том Форд, Убер д’ Живенши, Фрида Џанини од модната куќа Гучи, Даглас Хејвард, Рифат Озбек, Џени Пакам, Муиса Прада, Оскар дела Рената, Ентони Синклер, Филип Трејси, Енамуел Унгаро и Донатела Версаче.
Изложбата е остварена во соработка со компанијата „ Eon Productions“, продуцентската компанија којашто стои за филмовите за Џејмс Бонд и која на авторките на изложбата , на историчарките на модата Бронвин Косгрејв и на дизајнерката на костими Лонди Хеминг, им овозможи целосен пристап во своите архиви.
Составен дел од изложбата се и филмските инсерти на големите платна проследени од познатите драматични бодновски музички теми на покојниот композитор Џон Бери.
Изложбата е отворена до 5-ти септември, а потоа во рамките на почетокот на тригодишната светска турнеја ќе биде преселена во канадската метропола Торонто./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Го избра „погрешниот“, а сега се сакаат најмногу на светот: „Прво ѝ се допадна Бен Афлек“
Холивудскиот актер Мет Дејмон ја запознал Лусијана Баросо во бар во Мајами во 2003 година, додека тој снимал филм, а таа работела како келнерка. Две години подоцна, тие се венчале и се сметаат за најхармоничниот пар во Холивуд.

Ben Affleck and Matt Damon at premiere of PROJECT GREENLIGHT, NY 11/27/2001, by CJ Contino
Сепак, самиот актер открил дека не било сè толку едноставно, па ја искористил можноста да се пошегува за себе. Познато е дека неговиот најдобар пријател и колега Бен Афлек работел заедно на филмот „Good Will Hunting“, кој всушност го привлекол вниманието на Лусијана.
„По неколку месеци од нашата врска, ја запознав нејзината најдобра пријателка од средно училиште, со која го гледала филмот. Интересно е што нејзината пријателка мислеше дека јас сум „слаткиот“, додека на Лусијана ѝ се допаѓал Бен. Ми го призна тоа пред 23 години. Се испостави дека сопругата го избрала погрешниот човек“, се пошегува Дејмон.

Luciana Barroso and husband Matt Damon arrive at the World Premiere Of Amazon Studios’ And Skydance Media’s ‘Air’ held at the Regency Village Theatre on March 27, 2023 in Westwood, Los Angeles, California, United States. (Photo by Xavier Collin/Image Press Agency)
Подоцна, сите тие работеа заедно и станаа уште подобри пријатели, а сето тоа стана добра шега што се раскажува со години.

Мет Дејмон и Лусијана Баросо заедно имаат три ќерки, а актерот ја посвои и нејзината ќерка од претходна врска.
Забава
Од денеска сè се менува за три хороскопски знаци: Ќе бидете ослободени од сè што ве задушува
Почнувајќи од 14 јануари 2026 година, три хороскопски знаци влегуваат во нова, изобилна ера на животот.
Астролошкиот транзит на Меркур во опозиција со Јупитер го истакнува дисбалансот помеѓу очекувањата и реалноста, покажувајќи каде плановите биле премногу расфрлани или ветувањата биле нереални за долгорочен напредок.
Овие астролошки влијанија поттикнуваат помудро донесување одлуки бидејќи откриваат што е одржливо на долг рок. Ова создава можност за планирање на идно изобилство врз основа на реални увиди. Три хороскопски знаци влегуваат во постабилна фаза, ослободувајќи се од врските со нестабилноста што донеле нервоза. Сега е време да се гради врз цврста основа и да се верува во сопствената проценка.
Бик
Транзитот на Меркур во опозиција со Јупитер за Бикот ќе открие каде се преоптоварувале. На 14 јануари, ќе им стане јасно кои обврски ги исцрпиле и каде треба да забават. За нив, изобилството започнува со поедноставување, а препознавањето на она што не функционира е првиот чекор. Со елиминирање на вишокот обврски и извори на стрес, животот повторно ќе се чувствува поуправлив и понадежен, дозволувајќи им да влезат во нова ера на изобилство.
Вага
За Вагите, 14 јануари означува пресвртница во нивниот пристап кон рамнотежа. Меркур во опозиција со Јупитер им открива дека постојаното задоволување на другите дошло со висока лична цена. Нивната нова ера на изобилство започнува со поставување граници и враќање кон сопствените потреби. Иако сè уште можат да бидат љубезни, повеќе не мора да одат подалеку од очекувањата за да ги задоволат другите. Време е Вагите да си дадат приоритет на себеси.
Стрелец
Ова астролошко усогласување ги охрабрува Стрелците да забават, а на 14 јануари конечно ќе разберат зошто. Меркур во опозиција со Јупитер им покажува дека премногу отворени можности и проекти го спречуваат вистинскиот напредок. Иако уживаат во мултитаскинг, ретко нешто завршуваат. Изобилството за нив доаѓа преку фокус. Посветувањето на еден пат, наместо разгледување на многу опции одеднаш, е клучот за постигнување напредок.
Забава
(Видео) Деми Мур во креација на српска дизајнерка: „Ова е совршенство“
Познатата српска дизајнерка Роксанда Илинчиќ веќе долго време живее и работи во Лондон, а нејзините креации беа заштитен знак на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, во неколку наврати. Следејќи го нејзиниот пример, сега се придружи и Деми Мур, позирајќи во уникатен фустан од познатата Србинка.
Виолетовиот миди фустан со асиметричен крој беше изборот на актерката за снимањето на серијата „Лендмен“, чија втора сезона штотуку започна да се емитува.
Својот гламурозен стајлинг го комплетираше со спектакуларен накит и лакирани сандали, но фустанот сепак го украде шоуто и беше главна тема.
„Нема подобро од ова, ова е совршенство“, беше еден од коментарите.
Деми Мур уште еднаш ја покажа целата своја магија.

