Забава
Робот прави кнедли во кинески ресторан

Нов кинески ресторан привлекол гости откако `вработил` робот да прави кнедли.
Ресторанот се наоѓа во Жилин сити на североистокот на Кина, а привлекол многу локални жители кои доаѓаат за да ги пробаат кнедлите што ги прави роботот Ултрамен.
Сопственикот ресторани Џијан Ху го купил роботот за 2.555 евра, затоа што верува дека е двојно поефикасен од работниците.
„Најважно е што не морам да му плаќам за неговата работа. Во периодот од 12 работни часа троши само 3 3 kWh струја. Неговите кнедли се подобри од сите што човекот може да ги направи“, додава Ху./крај/кл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Илон Маск: За 5 години, роботите ќе бидат подобри од најдобрите хирурзи

Основачот на Tesla, SpaceX и Neuralink, Илон Маск, изјави дека роботите наскоро ќе ги надминат дури и најдобрите човечки хирурзи.
Маск го напиша ова на X како одговор на објавата на Марио Нафал, основач на IBC Group, инвестициска фирма која инвестира во блокчејн проекти и нови технологии.
„Роботите ќе ги надминат добрите хирурзи за неколку години, а најдобрите за околу пет“, напиша тој.
Нафал, познат како претприемач во областа на криптовалутите, технологијата и стартапите, ги коментираше резултатите од неодамнешните тестови на Medtronic, една од најголемите медицински компании во светот специјализирана за развој и производство на медицински помагала и технологија.
„Стапките на компликации беа екстремно ниски: само 3,7 проценти за операција на простата, 1,9 проценти за операција на бубрег и 17,9 проценти за операција на мочен меур, од кои сите ги надминаа безбедносните цели поставени во текот на повеќегодишните истражувања. Роботот постигна стапка на успех од 98,5 проценти, што е далеку над целта од 85 проценти, што значи дека не само што го помина тестот, туку практично постави нова цел“, додаде тој.
„Од 137 операции, само во два случаи беше потребно префрлање на класична хирургија, едниот поради дефект на роботот, а другиот поради комплициран случај на пациент. Ова не значи дека роботите ќе ги заменат хирурзите утре, но значи дека вашиот следен лекар би можел да има многу скап метален асистент“, заклучи тој.
Забава
(Видео) Одјавната шпица на „Симпсонови“ на македонски јазик

Во најновата епизода на анимираната серија „Симпсонови“, „Abe League of Their Moe“, одјавната шпица е на македонски јазик.
Како што вчера беше објавено, креаторите на серијата одлучиле да внесат спортист кој доаѓа во Спрингфилд како голема сензација од Македонија.
Во епизодата е вклучен тим од земјата. Се работи за сестрите Невена и Калина Нешкоска и нивниот брат Наум, кои заедно го водат едукативниот канал, Дарко Биберко.
„Учествувавме во преводот, јас лично имав консултантска улога, а сите тројца испеавме песна што ја преведовме од англиски на македонски. Благодарност до композиторка Кара Талве, која ја овозможи оваа соработка“, напиша Невена Нешкоска на Фејсбук.
Забава
Стјепан Хаузер се ожени со Украинката Марија?

Стјепан Хаузер предизвика гласини за можна тајна венчавка со Украинката Марија по неодамнешната објава на Инстаграм. Музичарот објави фотографии на кои двајцата позираат во бела облека, што предизвика гласини за венчавка.
Хаузер објави три фотографии, на кои Марија носи бел мини фустан без прерамки и шапка што се носи на свадби, додека музичарот позира до неа во бело одело и бела кошула.
Хаузер сè уште официјално не ја потврдил својата врска со Украинката, а следбениците коментираа на фотографиите под објавата. „Дали се венчаа?“, „Дали конечно го направија тоа“, „Со среќа“ и „Честитки“, се само дел од коментарите под објавата.
Познатиот хрватски виолончелист наводно е во врска веќе некое време, а двајцата споделуваат романтични фотографии на социјалните мрежи.