Забава
Џекпотот на Еуромилионс од 190 млн евра го доби Британец
Засега непознат жител на Велика Британија го освои џекпотот на европската лотарија Euromillions, во износ од 148 милиони фунти (190 милиони евра), јави во саботата британскиот весник Telegraph.
Сега британските организатори на лотаријата очекуваат да среќникот да се пријави и се подготвуваат да го пречекаат со шампањ.
Извлекувањето се одржа во петокот вечерта. Во оваа игра на среќа може да учествуваат граѓаните на Франција, Велика Британија, Шпанија, Белгија, Швајцарија, Португалија, Австрија, Ирска и Луксембург. За да се стане милионер, треба да се погодат седум броја – пет броеви и две „ѕвезди“.
Како што забележува весникот, среќниот добитник од петокот е вкупно седмиот добитник од територијата на Велика Британија од 2012 година. Победникот ќе ги надмине на листата на британските милионери принцовите Чарлс и Хари, како и познатиот актер Даниел Редклиф кој ја толкуваше улогата на младиот волшебник во филмскиот серијал за Хари Потер.
Првото извлекување на лотаријата Euromillions се одржа на 13-ти февруари 2004 во три земји – Франција, Шпанија и Велика Британија. Во октомври 2004 година, на лотаријата се придружија уште шест други земји – Луксембург, Белгија, Швајцарија, Португалија, Ирска и Австрија. Добивките од играта се оданочуваат само во Швајцарија.
Еден лотариски тикет чини две евра, а во лотаријата учествуваат околу 200 милиони луѓе, а двапати во седмицата се извлекуваат добитници.
Веројатноста за добивка е седумцифрена, односно 1 наспроти 116.531.800.
Рекордната добивка на Euromillions ја имаше британска брачна двојка која на 12-ти јули 2011 година доби 185 милиони евра.
Листата на најголемите добивки на Euroмillions ја сочинуваат: 1. – 185 милиони евра на 12-ти јули 2011 година во Велика Британија; 2. – 162.256.622 евра на 13-ти септември во Франција; 3. – 129.818.431 евро на 8-ми октомври 2010 година во Велика Британија; 4. – 126.231764 евра, на 8-ми мај 2009 година во Шпанија и 5. – 121.019.633 евра на 13-ти мај 2011 година во Шпанија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

