Забава
Папараците ја снимија топлес жената на принцот Вилјам
Француското издание на списанието Closer во петокот објави пикантни фотографии од сопругата Вилијам, Војводата од Кембриџ – Кетрин, на кои 30-годишната војвотка е топлес на одмор во Франција, а британската кралска палата го осуди објавувањето.
Вилијам и Кетрин, кои сега на барање на кралицата Елизабета Втора и британската влада, се наоѓаат на азиско-пацифичка турнеја, минатата седмица ја минале на одмор во Франција. Тие престојувале во приватниот замок во Прованса, кој му припаѓа на нивниот вујко, виконтот Лонли. Таму, на принцот и неговата сопруга биле начекани во заседа од француска папараци.
На фотографиите, кои се појавија и во електронската и во печатената верзија, Кетрин во базенот ги соблекува прерамките од костимот за капење. Другите фотографии се заматени, но на нив се гледаат голи фигури.
Минатата седмица, папараците се обиделе да ги понудат фотографии за објавување во британските медиуми, но тие одбиле, а фотографиите го откупило француското списание и ги објави во рубриката „Светски ексклузив“.Британскиот кралски дворец го осуди објавувањето на приватни фотографии на војвотката.
„Војводата и војвотката жалат поради тоа што е нападната нивната приватност. Тие се разбудија ова утро, дознаа за оваа сторија и ги видоа фотографиите снимени на приватен базен“, изјави официјалниот претставник на дворецот за телевизискиот Sky News.
Тој извести дека Вилијам и Кетрин дознале за објавувањето за време на појадокот во Куала Лумпур. Според британските аналитичари, ситуацијата може да се влоши од фактот дека кралското семејство се наоѓа во муслиманска земја, каде се многу чувствителни на ваквите прашања.
Не е познато дали објавувањето на фотографиите имало негативно влијание врз посетата. Претходно Војвотката од Кембриџ одржа говор во едно малезиско преноќиште, што е нејзиниот прв јавен настап во странство.
Ова е втор за кусо време скандал од овој вид во кој се инволвирани младите членови на британското кралско семејство. Во август, целиот свет го обиколија фотографиите, направени на една приватна забава во Лас Вегас, на кои помладиот брат Вилијам, принцот Хари беше снимен сосем гол во друштво на непозната гола млада жена.
Британските медиуми, со исклучок на таблоидот The Sun, тогаш се воздржаа од објавување на фотографии на препорака до Комисијата за поплаки од медиумите. Најтиражниот весник во земјата, во сопственост на медиумскиот магнат Руперт Мардок, ги објави фотографиите со принцот Хари, под наслов „Фотографиите коишто вие веќе ги видовте на интернет“.
Приказната за принцот Хари доби неочекуван развој, кога, наместо јавна осуда неговите колеги од британските вооружени сили, и многу други Британци, формираа групи на социјалните мрежи, каде што поставуваа индивидуални или групни разголени фотографи како поддршка за 27-годишниот принц.
Сега британскиот принц Хари служи во воената база во немирната авганистанска провинција Хелманд, каде е пилот на борбен хеликоптер./крја/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.

