Забава
Магазинот Closer има уште фотографии од топлесот на принцезата Кејт
Уредникот на француското издание на магазинот Closer, кој објави скандалозни топлес фотографии на Војвотката од Кембриџ Кетрин, изјави дека изданието поседува и други интимни фотографии на Кејт и нејзиниот сопруг, Војводата од Кембриџ, Вилијам, пишува во саботата порталот TMZ.
Списание Closer во петокот објави неколку пикантни фотографии на кои е снимена топлес 30-годишната Војвотка Кетрин, додека неодамна престојувал на одмор во Франција.
„Нема да кријам дека постојат повеќе интимни фотографии кои ние не ги објавивме и немаме намера да ги објавиме. Тие фоторафии многу се весели и не се понижувачки“, вели уредникот на Closer, Лоренс Пио.
Како што е нагласува TMZ, и покрај фактот дека уредникот на Closer не прецизира што точно е содржано на фотографиите, веројатно станува збор за сексуални содржини на снимките. Сепак, TMZ не ја исклучува можноста дека Пио јавно зборува за постоење на други фотографии како предупредување до Бакингемската палата којашто најави намера „да поднесе тужба или…“.
Бакингемската палата претходно ја призна автентичноста на објавените фотографии, а потоа во петокот, службата за односи со јавноста на палатата објави дека кралското семејство има намера да поднесе тужба во францускиот суд за нарушување на приватноста во врска со објавувањето на фотографиите во списанието Closerу.
Вилијам и Кетрин, кои сега се на барање на кралицата Елизабета Втора и британската влада на турнеја во земјите од азиско-пацифичкиот регион, минатата седмица летуваа во Франција. Тие престојуваа во приватниот замок во Прованса, која припаѓа на нивниот вујко, Виконтот Линли. Таму, француските папараци ги начекаа принцот и неговата сопруга и ги направиле контроверзните фотографии крај базенот.
Француското таблоид списание Closer во петокот ја посвети својата насловна страница и уште две, со пикантните фотографии од сопругата на Војводата од Кембриџ. „О, Боже! Секс и сонцето на Прованса“, гласи насловот на изданието на англиски јазик. Папараците успеале да ја уловат двојката додека таа се одморала на падините од масивот Луберон во Прованса, кои се прекрасно и со многу љубов опишани од познатиот британски писател Питер Мејл, во една од неговите книги.
„За време на своето бегство во Луберон, двојката се опушти. Нема замрзнати насмевки, скромна облека. Одморајќи се, Кејт заборави на сè, дури и на „горниот дел“, пишува Closer . Вкупно, на првите пет страници од изданието во петокот се наоѓаат десетина фотографии, повеќето од нив нејасни.
Минатата седмица папараците се обиделе да ги понудат фотографиите за објавување во британските медиуми, но тие одбиле, по што ги прифатило француското списание, и ги објави во својата рубрика „ Светскиот ексклузив“. Британската кралска палата го осуди објавувањето на фотографиите со моменти на приватноста на Војвотката.
Вилијам и Кетрин ја нарекоа оваа ситуација „гротескна“ која „ги надминува границите на пристојноста“. Канцеларијата на британскиот премиер, исто така, соопшти дека членовите на кралското семејство „имаат право на приватност“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Комичарка го исмеа Леонардо Ди Каприо на „Златните глобуси“, неговата реакција е вирална
Комичарката Ники Глејзер беше домаќинка на доделувањето на наградите „Златен глобус“ втора година по ред, а церемонијата одржана на 11 јануари беше обележана, меѓу другото, со шега за Леонардо Ди Каприо и неговите врски со многу помлади жени.
Глејзер се осврна на номинацијата на Дикаприо за неговата улога во „Една битка по друга“.
„Безброј иконски улоги, си работел со сите големи режисери. Освои три Златни глобуси и еден Оскар. И најимпресивното од сè е што успеа да го направиш сето ова пред твојата девојка да наполни 30 години. Мислам, тоа е едноставно лудо.“
51-годишниот актер, навикнат на вакви досетки, се насмеа и кимна со главата во знак на одобрување. Неговата 27-годишна девојка, Виторија Черети, со која неодамна беше на одмор во Сент Бартс, не беше со него таа вечер.
„Лео, жал ми е за шегата, ефтина е, се обидов да ја избегнам“, рече Глејзер.
„Но, не знаеме ништо друго за тебе, човече. Нема ништо друго… Направив малку истражување, најдлабинското интервју што некогаш си го дал е за Тин Бит во 1991 година. Дали твојата омилена храна сè уште е „тестенини, тестенини и уште тестенини“?“
„Да“, промрмори актерот од својата маса со палец нагоре, „секако дека е“.
фото/депозитфотос
Забава
Концерт на Слаткар на 2 август во Охрид
На 2 август, на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, во организација на „Прагма продукција“, Марко Маринковиќ – Слаткар ќе го одржи својот најголем концерт досега.
Настан што ја отсликува зрелоста на една кариера и нејзиното цврсто место на домашната сцена како резултат на континуиран и јасно изграден авторски пат.
Концертот во Охрид ќе отслика една ера и едно време, преку песни што оставија значаен белег на нашата музичка сцена – сега со нова енергија, пред илјадници луѓе, на отворена сцена, во град кој е симбол на културата и уметноста.
„Овој концерт за мене е од голема важност. Тој е круна на мојата досегашна работа. Вечерта, на Илинден, сите мои блиски пријатели ќе бидат дел од сцената. Конечно македонски концерт на стадион! Дојдете најубаво да си поминеме!“, вели Слаткар.
Во повеќе од дваесет години активна работа, неговата музика се менуваше и созреваше, но никогаш не ја изгуби суштината, директноста и искреноста. Токму поради тоа, песните не се заборавија, туку се доживуваат сè посилно и продолжуваат да живеат од генерација на генерација.
Во време кога сцената брзо заборава, Слаткар успеа да се задржи цврсто, без да се повторува, и да биде препознатлив без потреба да се објаснува или докажува.
На 2 август, стадионот „Билјанини Извори“ ќе стане место каде минатото, сегашноста и иднината ќе се сретнат во ист ритам – со неговите безвременски хитови, богата програма со специјални гости и врвна продукција.
Не пропуштајте да бидете дел од овој историски концерт!
Картите се веќе во продажба и може да се купат преку: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК Травел Бисер и ЈК Травел Дајмонд.
Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5728
Забава
(Видео) Пожар избувна зад сцената на доделувањето на Златните глобуси
За време на синоќешната доделба на Златните глобуси во Лос Анџелес избувнал мал пожар зад сцената. Инцидентот се случил во прес-собата, откако член на кетеринг-службата случајно превртел сад за загревање храна, објави „Дели мејл“. Новинарот Крис Гарднер наведе дека тепихот кратко горел, се појавил чад, но пожарот брзо бил изгаснат и никој не бил повреден.
Crisis averted inside #GoldenGlobes backstage press room as catering knocked over a coffee holder and the sterno underneath was lit. For a brief moment, the carpet was on fire and smoke wafted up around the curtains. They put it out quickly fortunately. Yikes! pic.twitter.com/FTFixnZppT
— Chris Gardner (@chrissgardner) January 12, 2026
Инцидентот не бил единствениот што ја одбележал вечерта. Гледачите реагирале бурно откако наградата за најдобра филмска музика му била доделена на Лудвиг Горансон за филмот „Sinners“ за време на рекламна пауза. Снимката од моментот стана вирална, а многумина оценија дека станува збор за непочитување кон уметниците, особено затоа што за други сегменти од церемонијата имало доволно време.
Ludwig Göransson accepts the #GoldenGlobes award for for Best Score Motion Picture! 🎵 Congratulations! pic.twitter.com/IVW28K3HTb
— Golden Globes (@goldenglobes) January 12, 2026

