Забава
Во Минхен отворен 179-от Октобарфест
Градоначалникот на Минхен во сабота на пладне со отворање на бочва пиво го означи почетокот на 179-от Октобарфест по што љубителите на пивото можеа да пристапат во уживањето во овој пијалак.
Првично фестивалот започнуваше и завршуваше во октомври, но почетокот е преместен во септември за да се искористи убавото време. Дождот кој во саботата врнеше, меѓутоа, не им попречи на илјадниците посетители на фестивалот со часови стрпливо да го чекаат градоначалникот Кристиан Уде да го означи почетокот.
На просторот од паркот Терезиенвиесе се поставени 14 главни шатори, меѓу кои и најголемите на минхенските пиварници. Годинава литар пиво ќе чини од 9,10 до 9,50 евра, додека минатата година цената се движеше меѓу 8,95 и 9,20 евра.
Ланскиот Октобарфест го посетија речиси седум милиони луѓе, а слична посетеност се очекува и годинава. Фестивалот завршува на 7-ми октомври.
Фестивалот започнува од центарот на Минхен со поворка од околу илјада лица. По прошетката на улиците на Минхен, забавата продолжува на Терезината ливада на површина од 42 хектари се поставуваат шатори во кои има пиење и јадење, а фестивалот го отвора градоначалникот.
Октобарфест се одржува повеќе од 200 години откако е основан во 1810 година како улична веселба на трки со коњи во чест на венчавката на баварскиот принц Лудвиг и саската принцеза Тереза, по која се нарекува и ливадата на која се одржува фестивалот. Во својата двовековна историја, фестивалот бил одложен само 24 пати, и тоа главно поради војна или епидемии од заразни болести.
Во 8,55 се отвораат портите на шаторите од кои најголемиот има капацитет за десет илјади луѓе, и сите со нетрпение ја очекуваат својата прва кригла пиво на којашто можат да ѝ се насладуваат по 12 часот, кога првата ја испива градоначалникот на Минхен, а и годинава тоа го стори повторно Кристиан Уде во најпознатиот пивски шатор Shottenhamel. Ова пиво е приготвено според рецепт кој е најмногу близок до оној според кој се правело пивото во XIX век, и според бојата и според алкохолност, речиси исто како тоа што било точено пред 200 години и го пиеле гостите на првиот Октоберфест. Сопствениците на пиварницата на одбележувањето на 200-годишнината изјавија дека вкусот на јубилејното пиво е само малку изменет од оригиналното и адаптирано на современите вкусови и традиции.
Покрај шареноликоста на баварски традиционални носии кои доминираат на фестивалот, една од најживописните глетки на фестивалот е поворката на пивниците, на првиот ден од Октоберфест, кога тие минуваат низ полето во нивните свечени фестивалски униформи.
Бројките и финансиските ефекти се исто така импресивни: милионите посетители за време на фестивалот испиваат милиони литри пиво, така во 2009 година биле испиени 6.900.000 литри пиво. Со оглед на тоа дека еден литар кригла оваа година ќе чини меѓу до 9,50 евра, не е тешко да се замисли колку пари ќе заработат пиварниците и продавачите на колбаси во Минхен.
Бидејќи пивото е главниот „лик“ на фестивалот, секоја година пиварниците прават специјално празнично пиво посветено само на Октоберфест.
Во Германија постои така-наречен „пивски закон“ со кој се регулира правењето и јачината на пивото. Но за Октоберфест е дозволено пивата да се малку посилни отколку за нормално производство, но не многу силни, туку треба да биде повкусно и подобро да биде апсорбирано од организмот, така што посетителите да можат да испијат по повеќе чаши./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

