Контакт

Забава

Продадени пиштолите на Бони и Клајд за половина милион долари

Објавено пред

Пиштол и револвер од марката „Colt“ коишто припаѓале на најпознатата двојка американскии гангстри Бони и Клајд, беа понудени на наддавање и достигнаа цена од околу половина милион долари.

dobivaj vesti na viber

Двата „колта“ беа понудени на наддавање во Нашуа во Њу Хемпшир во неделата на 30-ти септември. Боби Ливингстон, претставник на организаторите RR Auction изјави дека почетната цена за секој од пиштолите изнесувала 75 илјади долари и очекуваа за секој пиштол понуда од најмалку 100 до 200 илјади долари. На колекционерите, исто така, им беа понудени и џебниот часовник на Клајд, писмото што му го напишал на својот брат и кафената дрвена кутија на Бони, во којашто ги чувала пудрата и карминот, која била пронајдена во автомобилот во кој биле застрелани.

Досегашен сопственик на колецијата беше сопственост на колекционерот Роберт Е. Дејвис.

Меѓутоа, колекцијата којашто опфаќаше 134 „гангстерски“ експонати, достигна цена од 1,1 милион долар. Од кои 264 илјади долари се платени за револверот на Бони Паркер, а полуавтоматскиот пиштол на Клајд Бароу истиот купувач го купил за 240 илјади долари.

Купувачот на оружјето на славните гангсетри сакал да остане анонимен, соопштија од RR Auction. Според Ливингстон, високи цени се постигнати на наддавањето и за другите предмети на гангстерскиот тандем. Така часовникот на Клајд е продаден за 36 илајди долари, а цената што ја платил купувач за сребрената монета од еден долар најдена во џебот на гангстерот 32 илјади пати ја надминала нејзината номинална вреност.

Во јануари 2012 година на аукција во Канзас Сити двете пушки за кои се верува дека им припаѓале на познатите одметници од 30-сетите години на минатиот век беа продадени на аукција за 210 илјади долари. Ги купи онлајн купувач од источниот брег. Автоматската пушка „томи ган“ и „винчестерката“ од 1887 година, коишто биле користени од страна на озлогласената двојка биле запленети во полициска рација врз нивното засолниште во Џоплин, кога се убиени двајца полицајци, а членовите на бандата успеале да побегнат. Двете пушки биле запленети на 13-ти април 1933 година при претрес на станот во кој престојувале Бони и Клајд, откако претходно застрелале двајца полицајци во Џоплин. Пушките претходно беа изложени во полицискиот музеј во Спрингфилд.

Двата „колта“ коишто во неделата беа продадени биле подигнати од американските ренџери од местото на коешто била поставена заседата во којашто во 1934 година во сојузната држава Луизијана двојката била ликвидирана. Револверот со куса цевка од калибар со 38 милиметри, со дрвена резбана рачка бил пронајден на телото на Бони Паркер.

„Татко ми го зел оружјето од мртвата Бони Паркер, кој бил со бел медицински завој зацврстен на внатрешноста од нејзиниот бут. Татко ми рече дека една од причините зошто таа го носела пиштолот на овој начин, била дека ниту еден офицер, претпочитајќи да биде господин, во тоа време нема да си дозволел себеси да пребарува жена на такви места“, изјави Тексашкиот ренџер Френк Хамер Џуниор, син на Френк Хамер, кој ја организирал заседата во којашто паднале Бони и Клајд.

Клајд, исто така, немал време да го дофати од појасот својот полуавтоматски пиштол од 45 калибар, кој исто така бил запленет за време на пребарувањето на телото. Овој тип „колт“ инаку бил дел од вооружувањето на армијата на САД за време на Првата светска војна. Според службената верзија, „колтот“ бил украден од воено депо за оружје, на него има мали гребнатинки, најверојатно со коишто е прекриен натписот „сопственост на САД.“

Двата „колта“ му биле подарени на Френк Хамер како награда за успешната операција за ликвидирање на познатите криминалци. Во тој момент Бони и Клајд биле обвинети за 13 убиства и серија тешки грабежи, вклучувајќи и ограбувања банки.

Хамер Џуниор, признава дека на неговиот татко му било жал за убиството на „девојченцето“, како што тој ја нарекувал 24-годишната Паркер (со раст од 150 сантиметри, којашто едвај тежела 40 килограми), но ја оправдувал суровоста при организирањето на заседата, бидејќи било невозможно живи да бидат уапсени. „Немаше избор – или ние, или тие нас“, велел Хамер постариот. Во заседата инаку учествувале шест ренџери, а од истреланите 167 куршуми околу педесетина завршиле во телото на гангстерите.

Елизабет Бони Паркер (1910 – 1934) и Клајд Бероу Кестен (1909 – 1934), биле познати одметници, разбојници и криминалци, кои со својата банда пустошеле ширум САД за време на Големата депресија.

Според досиејата на американското истражно биро FBI, Бони и Клајд се запознале во Тексас во 1930 година. Се смета дека се виновни за смета на 13 лица и неколку тешки вооружени грабежи извршени до 1934 година, кога биле убиени.

Приказната на Бони и Клајд, којашто Американците во текот на Големата депресија ја гледале како современа верзија на Робин Худ, стана тема за многу книги и филмови. Во Гибсленд, место каде што во заседата била застрелана двојката гангстери, повеќе од 70 години постои музеј посветен на сите учесници на настанот./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Безгрешни хороскопски знаци: никогаш не би ја признале вината

Објавено пред

Извинувањето има чудесна моќ да ги смири дури и најжестоките конфликти, но некои луѓе едноставно не можат да кажат „извини“. Кои се тие беспрекорните хороскопски знаци?

dobivaj vesti na viber

Не сите сме подготвени да признаеме дека сме направиле грешка и да побараме прошка. Некои луѓе буквално ќе го прекинат контактот со вас наместо да се извинат затоа што сметаат дека тоа е понижувачко. Кои хороскопски знаци припаѓаат на оваа листа (и како да се справите со нив).

Беспрекорни хороскопски знаци од кои никогаш нема да слушнете „извинете“.

Прво место – Бик
Дали Биковите понекогаш грешат? Да, како секој од нас. Но, дали Биковите ја признаваат својата вина е сосема друга работа. Не за џабе овој знак е прикажан во форма на бик со импресивни рогови – со кои ќе го прободе секој што се сомнева во неговата исправност. Биковите се убедени дека се најразумните и најлогичните претставници на Зодијакот, кои гледаат низ другите.

Дури и да им претставите неспорни факти дека грешат, Бикот ќе ја брани нивната гледна точка до последниот атом на силата. Зошто се случува ова? Факт е дека овој хороскопски знак има тенденција да стане авторитет за другите луѓе во текот на својот живот. Тој сака да биде влијателна личност чие мислење е закон. Затоа, Бикот го доживува секој обид да се расправате со него како лична навреда и оштетување на неговиот углед.

Затоа, ние дури и не препорачуваме да ја браните вашата исправност во комуникацијата со тврдоглавиот Бик. Најдобрата опција е да кимнете со главата, но држете се до вашето мислење. Во спротивно, ризикувате да го вознемирите знакот и да ја изгубите неговата доверба.

Второ место – Лав
Лавовите се импулсивни личности кои можат ненамерно сурово да навредат дури и блиски луѓе. Но, тој никогаш нема да се извини. Поентата е дека извинувањето бара неколку квалитети – способност да размислувате за себе за да ја препознаете вашата вина и понизност да допрете до личноста што сте ја навредиле и искрено да се покаете. Ниту првото, ниту второто не може да им се припише на Лавовите. Не се навикнати да губат време размислувајќи за туѓите чувства, бидејќи им се важни само нивните.

А сепак, Лавовите лесно претвораат сè во шега и го вклучуваат типичниот механизам на насилник, велејќи „Не те повредив, тоа беше само твоја имагинација“. Овде е многу тешко да се одржи одбрана и единственото нешто што може да се направи е едноставно да се прифати фактот дека Лавот не ја признава вината и да продолжи да живее како ништо да не се случило. Ако се обидете да му докажете на Лавот дека не е во право, можете да предизвикате прилично агресивно однесување.

Трето место – Шкорпија
За разлика од другите знаци на списокот, Шкорпиите добро ја знаат својата вина – но никогаш нема да ја дознаете. Наместо банално „извини“, Шкорпијата ќе претпочита да си игра на вашите чувства заради сопствените интереси. Тој е далеку од површен знак, кој добро ја познава психологијата и ги разбира тајните емоции на другите луѓе. Затоа, тој ќе се обиде да сврти сè за да бидете виновни дури и во ситуација кога очигледно треба да се извини.

Ако не подлегнете на оваа манипулација, Шкорпијата нема да се откаже и ќе го брани своето право до последно (или дури и ќе биде навредена). И тука имате две опции: можете понизно да му се извините на знакот или демонстративно да одбиете да ги играте овие игри. Во вториот случај, постои шанса Шкорпијата да ја прекине оваа врска, бидејќи не може да си дозволи да загуби. Но, постои и шанса да ве почитува и да престане да глуми манипулатор.

Четврто место – Овен
Главниот квалитет на Овенот, кој им помага да постигнат дури и високи цели, е способноста да застанат на својот терен. Но, во личните односи оваа особина глуми сурова шега со овој хороскопски знак. Поточно, не со самиот знак, туку со неговите пријатели, партнери и деца кои се принудени да ја издржат упорноста на знакот.

Сè мора да биде како што рекол Овенот – инаку знакот ќе почне да го крева гласот, па дури и може да прибегне кон навреди. И покрај тоа што Овенот има чувство за праведност и сожалување кон саканите, тој нема да може да ја признае вината, бидејќи искрено ќе помисли дека вие самите го натеравте да ги изгуби нервите.

Петто место – Јарец
Јарците навистина се чувствуваат виновни пред најблиските. И да е нивна волја, со искрено покајание би се фрлиле пред вашите нозе. Но, чувството на гордост е толку големо што дури и во ноќна мора не може да замисли дека ќе мора да бара прошка. Затоа, знакот долго време ќе ги држи чувствата внатре, ќе држи дистанца од вас и нема да каже ниту збор, па никогаш нема да погодите каква бура беснее во него.

Ако Јарецот навистина одлучи да се извини, тоа ќе го направи индиректно. Најверојатно, знакот ќе претстави некаков подарок, ќе готви вечера и ќе го исчисти станот додека не блесне. Во глобала ќе ги заобиколи сите кружни текови, само да не исцеди тоа „прости ми“.

Прикажи повеќе...

Забава

Пет хороскопски знаци во кои се родени најуспешните луѓе

Објавено пред

Сите барем еднаш сме се запрашале дали постои некоја тајна формула која одредува кој ќе блесне на врвот. Па, можеби тоа е астрологија. Во овие хороскопски знаци се родени најуспешните луѓе.

dobivaj vesti na viber

Лав
Лавовите не само што владеат со џунглата, тие се и владетели на успехот. Нивната посебна харизма, самодовербата и неверојатната способност да привлекуваат внимание се клучни фактори за нивниот успех. Лавовите се родени лидери, подготвени да преземат иницијатива и да водат на секое поле.

Вага
Хармонијата, рамнотежата и елеганцијата се заштитен знак на Вагата. Нивната уметничка страна и способноста да се гледаат работите од повеќе перспективи ги прави идеални за деловни преговори и носење на тешки одлуки. Вагите имаат тенденција да заземаат дипломатски пристап, што им помага да изградат силни и одржливи односи во деловниот свет.

Стрелец
Стрелците се авантуристички духови со ненаситна желба за истражување. Нивната страст за авантура и нови искуства често ги носи до неверојатни височини во нивните кариери. Со отворен ум и оптимистички став, Стрелците не се плашат да ризикуваат и да истражуваат нови можности што им се нудат.

Јарец
Кога станува збор за упорност и амбиција, тешко е да ги победите Јарците. Нивната способност да поставуваат цели и постојано да работат за да ги постигнат ги прави вистински ѕвезди во деловниот свет. Јарците се дисциплинирани, трпеливи и подготвени да преземат одговорност за своите постапки, што ги прави одлични лидери и претприемачи.

Близнаци
Енергијата, љубопитноста и брилијантната комуникација ги прават Близнаците вистински магнет за успех. Нивната способност за брзо прилагодување и нивната способност да се поврзат со различни луѓе ги прават идеални за динамични и променливи работни средини. Близнаците се подготвени да експериментираат и да се прилагодуваат на новите ситуации, што им помага да се истакнат во кариерата.

Прикажи повеќе...

Забава

Состојбата на обложувачниците на ден пред финалето на Евровизија: скок на Израел

Објавено пред

Состојбата во обложувачниците на Евровизија е многу променета по настапот на сите земји во полуфиналето и финалето на годинешното натпреварување. Бејби Лазања сѐ уште е прва во обложувачниците иако неговите шанси за победа се малку намалени. Сега евровизиските обложувачници му даваат 40 % шанса да победи.

dobivaj vesti na viber

Голема промена се случи на второт место на обложувачниците, пишуваат медиумите во регионот. Израелката Еден Голан скокна на второто место и обложувачниците ѝ даваат 17 % шанса за победа. Израел пред второто полуфинале беше на осмото место на обложувачниците, а по прогласувањето на финалистите, скокна на четвртото место за утрово да стигне и на второто место.

Швајцарија падна од второто на третото место. Процентот почна да се намалува по настапот во полуфиналето и Немо сега има 13 % шанси за победа според обложувачниците. Украинките беа на четврто место со 6 %, а Ирска на петтото со 5 %.

Во првите 10 според букмејкерите се и Франција, Италија, Холандија, Грција и Финска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската...

Македонија12 часа

ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат

Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува...

Македонија14 часа

Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“. Беше констатирано...

Македонија15 часа

Пеевски до Мицкоски: Од вас се очекува правилно да го исполните договорот, Бугарија направи голема работа

Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешнополитички цели во Северна Македонија, наведува претседателот на ДПС од Бугарија, Дељан...

Македонија17 часа

Главчев: Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи европската перспектива, повеќе нема да правиме отстапки

Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата европска перспектива. Од наша страна, немаме каде да правиме повеќе отстапки....

Македонија17 часа

Џафери не кажа дали е подготвен да оди во опозиција: Тоа е прашање што зависи од исходот на преговорите за состав на нова влада

По отчетот за 100-те дена техничка Влада, техничкиот премиер Талат Џафери вели дека е фокусиран на обврските од сегашната Влада,...

Македонија17 часа

(Видео) Првиот премиер Албанец на Македонија: Со мирна совест можам да кажам дека она што го најавив пред сто дена и го спроведов

Претседателот на Владата, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека се обврзал пред граѓаните оти ќе овозможи слободно изразување на...

Македонија19 часа

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш за да можеме да победиме

„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за...

Скопје21 час

Падна дрво во населбата Автокоманда во Скопје

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“...

Европа22 часа

Путин го избра премиерот

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот...

Свет22 часа

Германски министер: И Берлин размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни...

Свет22 часа

Орбан по средбата со кинескиот претседател: Ја прошируваме соработката и во нуклеарната индустрија

Кина и Унгарија ќе тргнат на „златно патување“ во билатералните односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со унгарскиот...

Македонија1 ден

Зеленски и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова

Денеска, 9 мај 2024 година, на социјалната мрежа „Икс“ по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори,...

Македонија1 ден

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори. Гордана Силјановска Давкова...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека претпладнево одржал состанок, на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го...

Македонија2 дена

Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов

По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК. Во согласност...

Македонија2 дена

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои...

Македонија2 дена

Македонија првпат доби жена претседател – која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага

Првпат во Македонија во претседателската фотелја седнува жена откога Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски...

Македонија2 дена

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и...

Македонија2 дена

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во...